Свет
На граѓаните од Мелбурн им е доста од карантинот, се закануваат со огромен протест
Граѓаните од Мелбурн на кои веќе им е доста од мерките за ограничување што ги наметна австралиската држава Викторија, поради што градот е во карантин, планираат да излезат на улиците во знак на протест против овие владини одлуки.
Околу 11.000 луѓе најавија дека ќе учествуваат на протестот „Ден на слободата“, кој е закажан за сабота, на 5 септември. Протестот нема да се одржи само во случај на објава дека се укинуваат мерките, пишува „Дејли мејл“.
Премиерот на Викторија, Даниел Ендрјус, рече дека мерките од 4. степен треба да завршат на 13 септември, но тој исто така неколку пати спомена дека истите може да бидат продолжени, во зависност од епидемиолошката состојба.
Организаторите на протестите првично планираа да ги стопираат подготовките за неговото одржување бидејќи, наводно, стравувале од апсења и опструкции од страна на властите.
Иако во прашање е мирен протест, многу граѓани стравуваат дека може да падне „крв на улиците“.
„Доволно е само некој да фрли камен на столб пред парламентот и сè може да отиде по ѓаволите. Така било со Еурека Стокејд“, смета еден граѓанин во Мелбурн.
Еурека Стокејд е бунт од 1854 година, во кој локалните рудари се побуниле против колонијалната влада на Велика Британија.
Oд локалната полиција за „Дејли меил Австралија“ потврдиле дека се свесни за плановите за протести и соопштиле дека нема да се колебаат да го спроведат законот за вонредни состојби, доколку се укаже потреба за тоа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Свет
Лидерот на Хамас пристигна во Истанбул, ќе се сретне со Ердоган
Лидерот на Хамас, Исмаил Ханија денеска е во Истанбул на средба со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој го поддржува палестинското движење.
Ердоган синоќа ја потврди посетата, нивна прва средба лице в лице од јули 2023 година, но беше многу дискретен за нејзината цел. „Да ја зачуваме агендата за нас и господинот Ханија“, им рече тој на новинарите.
Ќе се разговара за војната во Појасот Газа, соопшти Хамас.
Ханија вчера вечерта пристигна во Истанбул на чело на делегацијата на неговото движење.
Тој град е едно од неговите места на живеење од 2011 година, но од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, тој бил таму само еднаш официјално, во јануари. Потоа се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, со кого во средата во Доха имаше долг разговор.
Фидан денеска ќе се сретне со египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри.
Турција, која сака да биде лидер во поддршката на палестинското прашање, дава цврста и постојана поддршка на претставниците на Хамас, но остана на страна во посредувањето меѓу Израел и палестинското движење.
Посетата на Ханија на Турција доаѓа во време кога Катар, кој игра клучна улога во разговорите меѓу Израел и Хамас, сака да ја „преоцени“ својата улога во застојот на разговорите за прекин на огнот и ослободувањето на израелските заложници.
Свет
Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000
Најмалку 34.049 Палестинци се убиени во израелската воена офанзива во Појасот Газа од 7 октомври, соопшти Министерството за здравство на палестинската енклава.
Во соопштението се додава дека во овој период биле ранети 76.901 лице.
Во текот на претходните 24 часа загинаа 37 Палестинци, а 68 беа повредени, се наведува во објавата.