Контакт

Свет

На новиот аеродром во Истанбул дневно ќе полетуваат и слетуваат 2 илјади авиони

Објавено пред

За изградбата на првата фаза на аеродромот во Истанбул, кој вчера беше свечено отворен, само досега биле ангажирани 10 илјади работници, а инвестирани се 6 милијарди евра. Кога ќе бидат завршени сите четири етапи, од аеродромот дневно ќе полетуваат и слетуваат 2 илјади авиони на 50 внатрешни и 250 надворешни линии, а ќе им бидат понудени услуги на 250 авиокомпании.

dobivaj vesti na viber

Се очекува новиот аеродром што ќе се простира на вкупна површина од 76,5 милиони квадратни метри да создаде можност за 200 илјади нови работни места до 2025 година и со тоа да даде голем придонес на домашната економија.

Се работи за трет аеродром на турската метропола, кој по својата површина, бројот на дестинации и годишниот капацитет на патници ќе биде најголем аеродром во светот што зад себе ќе ги остави лондонскиот „Хитроу“, парискиот „Шарл де Гол“, аеродромите на Дубаи, Атланта, Амстердам и Пекинг. Тендерот за изградба на аеродромот во висина од 26 милијарди 140 милиони евра во 2013 година го доби претпријатието ИГА („Истанбул гранд аирпорт“) формирано од страна на конзорциумот „Лимак – Колин – Џенгиз – Мапа – Калјон“.

Отворањето се случи по заокружување на првата фаза од аеродромот во рекордни 4 години, а кога ќе бидат завршени сите четири фази, аеродромот ќе има годишен капацитет од 200 милиони патници и 500 авиони, отворен и покриен автопарк за 70 илјади возила и 6 независни писти. Како што синоќа истакна во обраќањето турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, аеродромот ќе продолжи да се развива и наредните десет години и ќе биде завршен во 2028 година. На секоја писта ќе полетуваат и слетуваат 19 авиони на час, меѓу кои ќе може да слетуваат и најголемите авиони во светот „ербас А380“ и „боинг 737−800“.

Ердоган, во обраќањето на самото отворање го откри и новото име на аеродромот, кое долго време беше тема на полемики и интересирање во турската јавност. И покрај отворањето на новиот аеродром, кој ќе се вика „Истанбул“, сегашниот аеродром „Ататурк“ ќе продолжи да функционира со тоа што во неговата околина ќе се изгради голем народен парк и конгресен простор, истакна Ердоан. На крајот од својот говор турскиот претседател упати пораки за мир и соработка до земјите од регионот и светот. На отворањето на аеродромот, што се совпаѓа со празнувањето на 95−годишнината од основањето на Републиката, присуствуваа околу 2.000 гости, меѓу кои највисоки државни претставници, претседатели на држави и премиери од светот и регионот, како и домашни и странски бизнисмени, уметници и спортисти. Меѓу државниците се наоѓаа претседателите на Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Бугарија, Азербејџан, Киргистан, Судан, Пакистан и др.

Аеродромот е импозантен и по својот архитектонски изглед, со терминалот чија височина од подот до покривот изнесува 28 метра, но исто така и со најврвната технологија со која е опремен. Во неговата инфраструктура се употребени 1.700 километри фибер и 4.500 километри бакарен кабел, безбедноста на аеродромот ќе се одржува со 9 илјади камери и 3.500 службени лица, ќе има 228 шалтери за пасошка контрола, капацитет од примање на повеќе од 10 илјади парчиња багаж на час и во него ќе се наоѓа и најголемиот фришоп на светот, во кој се вложени 120 милиони евра. Во неговата изградба претежно се употребени материјали од домашно производство, со што се става акцент на домашната економија.

Досегашните два аеродрома во Истанбул, „Ататурк“ и „Сабиха Ѓокчен“, од кој едниот во европскиот, а другиот во азискиот дел, не беа доволни за да ги задоволат потребите на авиосообраќајот кон и од метрополата. Со отворањето на новиот аеродром се очекува Истанбул да ја зајакне својата позиција на Истанбул како туристички и транзитен центар за многубројни дестинации во светот.

Асуде А. Кочан

Регион

Двегодишното девојче кое исчезна во Србија се бара насекаде, полицијата врши распити на голем број лица

Објавено пред

Потрагата по девојчето Данка Илиќ (2), кое во вторникот исчезна во Бањско поле во Бор, се уште трае и не се знае како е можно девојчето да се изгуби. Полицијата ја проверува секоја информација што ќе дојде до нив, сослушани се неколку лица, повторно се разговараше со родителите, но ниту една информација не укажува на тоа што се случило и каде е Данка, пишува „Нова.рс“

dobivaj vesti na viber

Екипата на порталот денеска беше во Бањско поле каде се уште има голем број полицајци. Властите со багер го чистеа теренот околу куќата во која последен пат била видена Данка. Исто така, на имотот е извршено ископување, а јамите повторно се пребаруваат.

Полицијата ја истражува секоја трага што може да укаже на тоа што се случило со девојчето.

„Полицијата разговараше со голем број луѓе, соседи, познаници, се со цел да ја пронајде Данка. Досега ниту една трага не довела до тоа каде е девојчето или што и се случило“, вели изворот на Нова.рс.

Истрагата се одвива во повеќе правци, а денеска полицијата повторно разговараше со родителите на девојчето.

„На вториот ден од нејзиното исчезнување, родителите на девојчето биле во полиција до доцна во ноќта. Тие утрово биле повторно повикани, а исто така цел ден поминале во полициска станица. Не се познати околностите врз основа на кои два дена биле на распит. Извесно е дека родителите вчера имале разговори и со Центарот за социјална работа, а повеќе од тоа не се знае“, додава изворот на „Нова.рс“.

Неофицијално беше објавено и дека полицијата нашла нова трага, односно дупка на местото на кое исчезна девојчето, и дека целото внимание го насочува кон тоа.

Она што е сигурно е дека се проверуваат сите околности и се сослушуваат и сите лица кои можеби имаат сознанија за случајот.

Меѓу нив е и кој бил зад воланот на автомобилот „пунто“ што го снимиле надзорните камери на куќата во Бањско Поље, во моментот на исчезнувањето на малата Данка. Куќата пред која е снимен автомобилот се наоѓа на стотина метри од местото каде исчезна Данка.

На снимката се гледа автомобил кој брза околу 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, околу 13 часот и 45 минути, како што вели нејзината мајка.

„Ја знам таа жена, ја видов како носи две деца во парк, страшно е што се случи“, велат соседите.

Девојчето Данка Илиќ исчезна во вторникот во Бањско Поље кај Бор. Во средата по 27 часот полицијата ја прекина потрагата и започна друг вид на акција за пронаоѓање на детето. Во ова мало место кај Бор се уште остана одреден број полицајци, а вчера беше блокиран и пристапот до куќата.

Во потрагата по исчезнатото дете се вклучени припадници на Жандармеријата, пожарникари, планинска спасувачка служба, како и голем број доброволци.

Прикажи повеќе...

Регион

„Само се шалевме“ – уапсените поради тврдењата за исчезнатото девојче се донесени во полиција

Објавено пред

Тројцата кои беа уапсени во Босна и Хервеговина, а тврдеа дека имаат информации за исчезнатото девојче од Србија, Данка Илиќ и бараа пари, во полиција рекле дека „само се шегувале“, пренесува Н1 Сараево.

dobivaj vesti na viber

Федералната полициска управа вечерва уапси три лица кои на социјалните мрежи тврдеа дека имаат информации за исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија, Данка Илиќ, по коешто трага речиси целиот регион.

Како што јави известувачот на Н1, уапсените биле донесени во зградата на Федералната полициска управа.

Како што се дознава, за време на преносот во живо на „Тик-ток“, тие побарале десетици евра за да ја откријат локацијата на девојчето и тврделе дека ја чуваат во подрумот.

Веднаш по апсењето изјавиле дека „само се шегувале“. Сите уапсени се членови на исто семејство.

Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа преку ИП адресата ги лоцираше лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на детето.

Вчера на социјалните мрежи се појави видео од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото каде исчезна Данка Илиќ во 13:45 часот.

На видеото се гледа автомобил кој брза во 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, односно во 13 часот и 45 минути, како што рекла нејзината мајка.

Прикажи повеќе...

Свет

Тешка автобуска несреќа во Јужна Африка, загинаа 45 лица

Објавено пред

Министерството за транспорт на Јужна Африка денеска соопшти дека 45 лица загинале, а едно лице е повредено во автобуска несреќа кај Маматлакала во северната провинција Лимпопо.

dobivaj vesti na viber

Министерството објави дека возачот изгубил контрола над автобусот, кој потоа удрил во бариерите на мостот, по што возилото паднало преку мостот, удрило во земјата и се запалило.

Автобусот превезувал луѓе од Боцвана до Морија, град во Лимпопо.

Спасувачките операции продолжија до доцна денеска.

Некои тела изгореле до непрепознатливост, а некои патници останале заробени во урнатините на автобусот, соопштија сообраќајните власти во Лимпопо.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија11 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија13 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија14 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија15 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија16 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ17 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија18 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија18 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија21 час

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет21 час

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет21 час

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија21 час

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион22 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет22 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет22 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија2 дена

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија2 дена

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија2 дена

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија2 дена

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...