Свет
На улиците во Германија поставен нов сообраќаен знак
Возачите во Германија ќе мора да се навикнат на нов сообраќаен знак. Како што пишува германски СВП, во Штутгарт се појавил нов сообраќаен знак, кој се однесува на безбедноста на велосипедистите и мотоциклистите во сообраќајот.
Знакот означува забрана за престигнување велосипедисти и мотоциклисти. Засега може да се види на раскрсницата на Боблингер Штрасе и Калтенталер. Ова место им е познато на многу учесници во сообраќајот на тој град бидејќи бара посебна грижа. Велосипедските и автомобилските патеки на оваа делница се одделени со испрекината линија.
Ова не секогаш дозволува слободно поминување на автомобилот бидејќи е невозможно да се постигне минимум еден и пол метар странично растојание при престигнување, како што е пропишано со законот. Казната за непочитување е 70 евра.
„Бидејќи возачите погрешно ја проценуваат ситуацијата, забраната за престигнување велосипеди и мотоцикли сега е илустрирана со нов сообраќаен знак“, изјавија градските власти за СВП.
Инаку, овој знак можеше да се види и во Мајнц уште во април 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.