Европа
На 1 декември Трамп ќе се сретне со Путин во Аргентина
Рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп, според последните информации, најверојатно, ќе се сретнат за време на маргините на самитот на Г-20 во Аргентина. Како што пишуваат медиуми, средбата е закажана за 1 декември во 15 часот и 30 минути.
Вашингтон потврди дека американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин ќе се сретнат за време на самитот на Г-20 во Аргентина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, но оттаму не го потенцираа точното време за средбата.
Се претпоставува дека состанокот меѓу двајцата лидери ќе трае околу два часа, соопшти за „Спутник“ извор од една од делегациите, но не се наведува од чија делегација.
Претходно, помошникот на претседателот на САД за национална безбедност, Џон Болтон, и портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, потврдија дека Трамп смета дека ќе има билатерален состанок со Путин на маргините на самитот.
Сепак, неколку часа подоцна Трамп објави дека не се исклучува можноста состанокот да биде и откажан поради ситуацијата во теснецот Керч. Но, од Москва велат дека не добиле никакво известување дека овој состанок ќе биде откажан и дека руската страна се подготвува за овој состанок.
Кога станува збор за состанокот меѓу Трамп и Путин, останува да се види дали американскиот претседател ќе му ја пренесе на својот руски колега директно пораката од украинскиот претседател Петар Порошенко за која вчера пишуваа медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.
Европа
Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа
Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.
Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.
Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.
Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.
Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.