Свет
Нека не ве одвраќаат пожарите, им порача Австралија на туристите
Австралискиот премиер, Скот Морисон, ги повика странските туристи да не се откажуваат од посета на Австралија поради големите пожари кои разорија огромни пространства земја, а чадот стигна сè до Јужна Америка. Властите сè уште стравуваат од повторен бран пожари.
Морисон ја упати молбата во средата при посета на островот Кенгуру, туристичка атракција покрај јужниот брег, богата со животински свет. Островот беше зафатен од пожари двапати во последните неколку недели.
„Австралија е отворена, Австралија е сè уште прекрасно место за одмор за вас и вашето семејство“, рече Морисон пред новинарите по состанокот со туристичките оператори и земјоделците.
„Дури и овде на Кенгуру, каде што една третина од островот е уништен, две третини од него се отворени и подготвени за бизнис-активности,“ рече тој. „Важно е во овој момент локалните економии да се одржуваат во живот.“
Туризмот учествува со 3,1 проценти од домашниот бруто-производ (БДП), а минатата летна сезона Австралија привлече 2,71 милиона туристи. Но, оваа година зафатеноста на хотелите драстично се намали, а некои вообичаено преполни летувалишта се претворија во градови духови како резултат на кризата.
Официјални лица потврдија дека уште еден пожарникар починал во сообраќајна несреќа минатиот петок додека бил на должност, со што бројот на загинати достигна 26.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафах во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.