Свет
Немири во предградие на Париз по смртта на мотоциклист во судир со воз
Насилство и немири избувнаа во париското предградие Монтињи-лес-Кормеј по смртта на 18-годишен мотоциклист за што беше обвинета полицијата, пренесува „Ле Паризиен“.
Седум лица на возраст од 16 до 32 години беа уапсени на немирите во кои беа уништени седум камери за надзор и 12 контејнери, а беа лансирани и проектили кон градското собрание и кон неколку полициски станици во областа.
Четириесет и пет полицајци беа распоредени за да го вратат редот, меѓу кои и полицајци од соседните општини.
Смртта на тинејџерот се случила на железничката пруга во средата попладнето. Тој бил удрен од воз додека се обидувал да премине на пешачки премин помеѓу Франконвил и Монтињи-лес-Кормеј со својот мини мотоцикл.
Железничкиот сообраќај беше запрен по линијата до полноќ. Жителите што ја слушнале несреќата првично мислеле дека возот се превртел.
„Кога ги видовме телефонот, чевлите и јакната, сфативме што се случило“, изјави еден жител за „Ле Паризиен“.
Набргу по несреќата, локалните млади почнале да ја обвинуваат полицијата за смртта на тинејџерот, рече заменик-директорот на Одделот за јавна безбедност, за „Вал-Д’Оиз“. На официјалниот профил на француската полиција на „Твитер“ го негираа обвинувањето обележувајќи ги наводите како лажни вести.
Локален жител негира дека полицијата има некаква врска велејќи: „Тие се убедени дека младиот човек го бркала полицијата, но не беше така. Ние бевме таму. Немаше никој.
Случајот потсетува на уште еден инцидент пред еден месец во кој мотоциклист бил повреден во несреќата во која учествувала и полицијата во Вилнев-ла-Гарен.
За инцидентот беше обвинета полицијата, а во градовите во Франција избувнаа немири и напади врз полицијата во разни области и покрај тоа што Франција беше во изолација поради коронавирусот. Автомобили и другите предмети биле запалени, а полицијата била нападната и со „молотови коктели“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.