Свет
Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да добие нуклеарно оружје
Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, рече дека нема да дозволи Иран да добие нуклеарен арсенал и дека Израел ќе продолжи да се брани од иранската агресија, пренесува „Спутник“.
Тој додаде дека Иран никогаш не се откажал од потрагата по нуклеарно оружје.
„На Блискиот Исток нема посериозна закана од Иран. Иран не се откажа од својата желба да поседува нуклеарно оружје и не престана да повикува на уништување на Израел. Како премиер на Израел никогаш нема да дозволам Иран да дојде до нуклеарно оружје за да изврши геноцид врз Израел. Израел ќе продолжи да се брани“, рече Нетанјаху на заедничката прес-конференција по разговорите во Ерусалим со американскиот министер за одбрана, Лојд Остин.
Саботниот инцидент во нуклеарниот објект „Натанц“ беше предизвикан од експлозија, изјави денеска портпаролот на Организацијата за атомска енергија на Иран (АЕОИ), Бехруз Камалванди.
„Експлозијата не беше доволно силна за да уништи сè… За среќа, никој не беше повреден, оштетените делови набргу може да бидат обновени“, рече Камалванди за „Тасним“.
Вчераутро, Организацијата за атомска енергија на Иран (АЕОИ) објави дека објектот во „Натанц“ претрпел инцидент со мрежата за дистрибуција на електрична енергија. Шефот на АЕОИ, Али Акбар Салехи, го опиша инцидентот како нуклеарен тероризам.
Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамад Џавад Зариф, рече дека Техеран верува оти Израел стои зад неодамнешните саботажни дејства во објектот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“, повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува Танјуг.
Полицијата во моментов спроведува истрага со проверка на робата во продавниците, поради што се уште не се знае конечната количина на дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.