Регион
Николиќ сепак ќе се кандидира на претседателските избори во Србија
Српскиот претседател Томислав Николиќ ќе се кандидира повторно на претседателските избори, јави „Спутник“, а подоцна и српската Б92 ја потврди информацијата, повикувајќи се на извори во кабинетот на Николиќ.
Српските медиуми јавија дека Николиќ одлуката за кандидатурата ја донел синоќа на прославата на неговиот 65 роденден.
Претходно, Танјуг пренесе дека од кабинетот на Николиќ не сакале официјално „ниту да ја потврдат, нуту да ја демантираат оваа информација“.
Николиќ на неговиот Твитер профил напиша: „Нема потргнување, ниту повлекување“.
Николиќ во средатаизјави дека не е изненаден од „исходот на гласањето“ на претседателството на Српската народна партија, кое даде поддршка на кандидатурата на лидерот на партијата Александар Вучиќ на претседателските избори.
На прашањето од новинарите дали се откажал од кандидатурата, Николиќ рече дека „ќе се договорат“.
За тоа што неговиот син ја поддржал кандидатурата на Вучиќ, нагласи дека Радомир Николиќ „го изнел неговиот став на подготвителниот состанок“.
Претседателството на седницата на Српската народна партија во вторникот, едногласно одлучи за претседател на Србија, како нејзин кандидат, да го назначи Александар Вучиќ.
Вучиќ потоа наведе дека без поддршката на претседателот Николиќ ништо не би можеле да направат и дека тоа е негова „историска улога“.
„Оној кој би гласал за мене, би гласал и за него. Тој е најдобар можен кандидат, но ова е проценка поради стабилноста и тричетири отсто, кои би можеле да одлучат. Проценката е дека вака полесно можеме против оние кои се обединија за Србија да ја вратат назад. Планирам да работиме заедно и немам никаков проблем со тоа, но треба да видиме како да се поделиме. Многу го сакам Николиќ, многу ги сакам сите, но најмногу ја сакам Србија“, рече Вучиќ.
Претседателските избори во Србија се закажани за 9 април годинава./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.