Свет
Никој не знае каде оди иранскиот танкер, Турција тврди дека бродот плови кон Либан
Турција денеска соопшти дека иранскиот танкер, кој се најде во средиштето на конфликтот меѓу Техеран и Вашингтон, се движи кон Либан, иако официјален Бејрут тврди дека не знае ништо за тоа, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
Танкерот „Адријан Дарја“, кој претходно се викаше „Грејс 1“, го промени правецот за 180 степени и се упати кон турското пристаниште Искендерун, 200 километри од сириската рафинерија „Банијас“. Од почетокот се претпоставуваше дека ова пристаниште е крајната дестинација за танкерот што со денови плови во Средоземното Море. Имено, ова е третпат во десет дена танкерот да го менува курсот.
Но, турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу, вели дека танкерот, кој инаку плови со 2 милиона барели нафта, се движи кон главното пристаниште во Либан. Тој исто така додаде дека за координатите на танкеротрот разговарал со британскиот премиер, Борис Џонсон.
„Ние многу внимателно го следиме танкерот“, изјави Чавушоглу.
Турскиот министер сепак рече дека Либан не мора да биде крајната дестинација на бродот.
„Не реков дека танкерот оди до либанското пристаниште“, рече тој на прес-конференција.
„Според координатите, бродот плови кон територијалните води на таа земја, но тоа не значи дека ќе застане во либанско пристаниште“, додаде тој повторувајќи дека Турција не е крајната дестинација.
Но, либанскиот министер за финансии, Али Хасан Калил, за „Ројтерс“ изјави дека никој не ги информирал оти иранскиот танкер „Адријан Дарја“ плови за Либан.
САД, пак, тврдат дека танкерот е контролиран од Иранската револуционерна гарда, елитна иранска воена единица под директно раководство на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хаменеи, која ја семетаат за терористичка организација. Затоа, тие бараат од земјите во регионот да не му помагаат и да не дозволат пристап за танкерот.
Танкерот беше запленет, па пуштен од Гибралтар кон средината на август кога беше задржан пет недели под сомнение за транспорт на нафта до Сирија, што би ги нарушило санкциите воведени од ЕУ. По ослободувањето, танкерот првично се упати кон грчкото пристаниште Каламата, а потоа кон пристаништето Месрин во Турција.
Портпаролот на иранската влада во понеделникот изјави дека Иран ја продал нафтата на танкерот и дека купувачот, кој засега е непознат, ќе ја одреди конечната дестинација на бродот.
Сепак, кога на танкерот му беше дозволено да исплови од Гибралтар, иранските власти порачаа дека нафтата не е наменета за Сирија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Свет
Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито
Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.
„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.
Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.
Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.
Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.