Свет
(Видео) Новата година први ја дочекаа островите Самоа и Кирибати, 2022 пристигна и на Нов Зеланд
Жителите на островите Самоа и Кирибати, кои се наоѓаат во Тихиот Океан, први ја дочекаа новата 2022 година, во 11 часот по средноевропско време.
3… 2…. 1….. #HappyNewYear2022 en Kiribati??
El 2022 ha llegado y las Islas de Kiritimati son los primeros en darle la bienvenida al Año 2022 pic.twitter.com/U0oIi9fwcI
— Marco Antonio Jimenez (@antonio_206) December 31, 2021
Коралните острови Кирибати сочинуваат една република, сместена во централниот дел на Тихиот Океан, на околу 4.000 километри југозападно од Хаваите. Новата година во Кирибати ја слават жителите кои се среќаваат во традиционалните куќи „манеаба“ и излегуваат на улиците и прават здравици на полноќ.
Еден час подоцна, Новата година пристигна во Нов Зеланд, а потоа ќе пристигне и на Далечниот исток на Русија и Австралија.
Новогодишните прослави ширум светот во голема мера се откажани, бидејќи коронавирусот втора година по ред ги „затемнува“ прославите, но Австралија е решена да ужива во оваа ноќ, па дури има и сигнали дека Северна Кореја подготвува огномет.
#WATCH | New Zealand’s Auckland rings in #NewYear2022 with fireworks display
(Video: Reuters) pic.twitter.com/UuorkGHPEg
— ANI (@ANI) December 31, 2021
Австралија е подготвена да влезе во Новата година со рафален огномет, и покрај зголемувањето на бројот на заразени на рекордно ниво на некои места, јавува „Ројтерс“.
BREAKING: Midnight on Kiribati’s Christmas Island as the world’s earliest time zone ushers in 2022 pic.twitter.com/k5xVKUfp4N
— BNO News (@BNONews) December 31, 2021
Премиерот Скот Морисон им посака на граѓаните да уживаат во вечерните часови, додека Доминик Перот, премиерот на Нов Јужен Велс, ги повика сите да излезат и да уживаат во Новата година, иако бројот на заразени во таа земја речиси двојно се зголеми на рекордни 21.151. Тој рече дека е задоволен од повисокиот степен на вакцинација и од тоа што болниците успешно се справуваат со бранот заболени со омикрон.
Правилата за социјално дистанцирање се во сила и потребни се маски во затворен простор во Сиднеј, но се очекува илјадници луѓе да се соберат на пристаништето за да го гледаат новогодишниот огномет.
Исто така, се чини дека Северна Кореја се подготвува да ја дочека Новата година со полноќен огномет на плоштадот Ким Ил-сунг во Пјонгјанг, а снимките од комерцијалните сателити покажуваат дека се во тек подготовките со поставување бина на плоштадот. Државниот весник „Родонг Синмун“ објави фотографии од цвеќари во Пјонгјанг полни со клиенти кои носат маски и купуваат цвеќиња за прославата.
Во Јужна Кореја, сепак, расположението е помалку свечено, бидејќи традиционалната церемонија на ѕвонење на полноќ беше откажана, втора година по ред, откако властите најавија продолжување на построгите правила за растојание до две недели за да се справат со постојаниот пораст на инфекциите.
Во кинеските градови новогодишните настани се откажани, а властите повикуваат на воздржаност.
Властите во главниот град на Индонезија, Џакарта, ќе затворат 11 патишта кои обично привлекуваат голема толпа за Нова година, соопшти полицијата, додека Малезија забрани големи собири низ земјата и откажа спектакуларен огномет од кулите близначки Петронас во главниот град Куала Лумпур.
На својот официјален канал на „Јутјуб“ јапонскиот премиер Фумио Кишида ги повика луѓето да носат маски на забавите и да го ограничат бројот на луѓе кои присуствуваат на прославите, додека познатиот забавен кварт во Токио, Шибуја, ги забрани забавите на крајот на годината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Двегодишното девојче кое исчезна во Србија се бара насекаде, полицијата врши распити на голем број лица
Потрагата по девојчето Данка Илиќ (2), кое во вторникот исчезна во Бањско поле во Бор, се уште трае и не се знае како е можно девојчето да се изгуби. Полицијата ја проверува секоја информација што ќе дојде до нив, сослушани се неколку лица, повторно се разговараше со родителите, но ниту една информација не укажува на тоа што се случило и каде е Данка, пишува „Нова.рс“
Екипата на порталот денеска беше во Бањско поле каде се уште има голем број полицајци. Властите со багер го чистеа теренот околу куќата во која последен пат била видена Данка. Исто така, на имотот е извршено ископување, а јамите повторно се пребаруваат.
Полицијата ја истражува секоја трага што може да укаже на тоа што се случило со девојчето.
„Полицијата разговараше со голем број луѓе, соседи, познаници, се со цел да ја пронајде Данка. Досега ниту една трага не довела до тоа каде е девојчето или што и се случило“, вели изворот на Нова.рс.
Истрагата се одвива во повеќе правци, а денеска полицијата повторно разговараше со родителите на девојчето.
„На вториот ден од нејзиното исчезнување, родителите на девојчето биле во полиција до доцна во ноќта. Тие утрово биле повторно повикани, а исто така цел ден поминале во полициска станица. Не се познати околностите врз основа на кои два дена биле на распит. Извесно е дека родителите вчера имале разговори и со Центарот за социјална работа, а повеќе од тоа не се знае“, додава изворот на „Нова.рс“.
Неофицијално беше објавено и дека полицијата нашла нова трага, односно дупка на местото на кое исчезна девојчето, и дека целото внимание го насочува кон тоа.
Она што е сигурно е дека се проверуваат сите околности и се сослушуваат и сите лица кои можеби имаат сознанија за случајот.
Меѓу нив е и кој бил зад воланот на автомобилот „пунто“ што го снимиле надзорните камери на куќата во Бањско Поље, во моментот на исчезнувањето на малата Данка. Куќата пред која е снимен автомобилот се наоѓа на стотина метри од местото каде исчезна Данка.
На снимката се гледа автомобил кој брза околу 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, околу 13 часот и 45 минути, како што вели нејзината мајка.
„Ја знам таа жена, ја видов како носи две деца во парк, страшно е што се случи“, велат соседите.
Девојчето Данка Илиќ исчезна во вторникот во Бањско Поље кај Бор. Во средата по 27 часот полицијата ја прекина потрагата и започна друг вид на акција за пронаоѓање на детето. Во ова мало место кај Бор се уште остана одреден број полицајци, а вчера беше блокиран и пристапот до куќата.
Во потрагата по исчезнатото дете се вклучени припадници на Жандармеријата, пожарникари, планинска спасувачка служба, како и голем број доброволци.
Регион
„Само се шалевме“ – уапсените поради тврдењата за исчезнатото девојче се донесени во полиција
Тројцата кои беа уапсени во Босна и Хервеговина, а тврдеа дека имаат информации за исчезнатото девојче од Србија, Данка Илиќ и бараа пари, во полиција рекле дека „само се шегувале“, пренесува Н1 Сараево.
Федералната полициска управа вечерва уапси три лица кои на социјалните мрежи тврдеа дека имаат информации за исчезнувањето на двегодишното девојче од Србија, Данка Илиќ, по коешто трага речиси целиот регион.
Како што јави известувачот на Н1, уапсените биле донесени во зградата на Федералната полициска управа.
Како што се дознава, за време на преносот во живо на „Тик-ток“, тие побарале десетици евра за да ја откријат локацијата на девојчето и тврделе дека ја чуваат во подрумот.
Веднаш по апсењето изјавиле дека „само се шегувале“. Сите уапсени се членови на исто семејство.
Инспекторите на Одделот за компјутерски криминал на Федералната полициска управа преку ИП адресата ги лоцираше лицата кои тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на детето.
Вчера на социјалните мрежи се појави видео од надзорната камера на куќа лоцирана во близина на местото каде исчезна Данка Илиќ во 13:45 часот.
На видеото се гледа автомобил кој брза во 13 часот и 47 минути, а малото девојче исчезнало малку пред тоа, односно во 13 часот и 45 минути, како што рекла нејзината мајка.
Свет
Тешка автобуска несреќа во Јужна Африка, загинаа 45 лица
Министерството за транспорт на Јужна Африка денеска соопшти дека 45 лица загинале, а едно лице е повредено во автобуска несреќа кај Маматлакала во северната провинција Лимпопо.
Министерството објави дека возачот изгубил контрола над автобусот, кој потоа удрил во бариерите на мостот, по што возилото паднало преку мостот, удрило во земјата и се запалило.
Автобусот превезувал луѓе од Боцвана до Морија, град во Лимпопо.
Спасувачките операции продолжија до доцна денеска.
Некои тела изгореле до непрепознатливост, а некои патници останале заробени во урнатините на автобусот, соопштија сообраќајните власти во Лимпопо.