Свет
Нова аудиоснимка откри дека Џулијани вршел притисок врз Украина против Бајден
Нова аудиоснимка до која ексклузивно дојде Си-ен-ен, покажува дека поранешниот долгорочен правен советник на претседателот Доналд Трамп и поранешниот градоначалник на Њујорк, Рудолф Џулијани, во 2019 година безмилосно вршел притисок врз украинската влада да ги испита неоснованите обвинувања против тогашниот претседателски кандидатот Џо Бајден.
Аудиоснимката направена во јули 2019 година сними телефонски разговор помеѓу Џулијани, американскиот дипломат Курт Вокер и претседателот на Украина Володимир Зеленски.
Разговорот му претходеше на неславниот повик на Трамп за Зеленски, а двата разговора подоцна станаа централен доказ во првата конгресна постапка за отповикување на Доналд Трамп, кога тој беше обвинет дека побарал помош од украинската влада за неговата кампања, пренесува Си-ен-ен.
За време на 40-минутниот разговор Џулијани постојано бара Зеленски да објави истрага за можна корупција во Украина, во која беа вмешани Бајден и неговиот син.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.