Свет
Нови американски санкции за Хамас и за Исламска држава
Нови санкции за борба против тероризмот на САД за широк спектар терористи и нивни приврзаници беа објавени во вторникот вечерта во пресрет на комеморациите за терористичкиот напад на 11 септември, пренесува „Брејтбарт“.
Меѓу санкционираните се 15 лидери, поединци и субјекти поврзани со групи како што се палестински Хамас, Ал Каеда, Исламска држава и иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ), се вели во соопштението на Министерството за финансии на САД.
Санкциите беа применети со употреба на нови алатки од извршна наредба што неодамна ја ажурираше американскиот претседател Доналд Трамп.
Една од споменатите целите по име е Мухамед Саид Изади, идентификуван од Министерството за финансии како „шеф на палестинската канцеларија на ИРГЦ-КФ Либан Корп.“
ИРГЦ е формирана во 1979 година во пресрет на Исламската револуција, со мисија за одбрана на режимот од домашни и меѓународни закани и е обвинета за обезбедување материјална поддршка на Хамас и на либански Хезболах.
САД ја означија ИРГЦ за терористичка организација во април, тврдејќи дека таа е „основно средство на иранската влада за насочување и спроведување на нејзината глобална терористичка кампања“.
Захер Јабарин, шеф на канцеларијата за финансии на Хамас, исто така е на списокот на Вашингтон. Новите санкции се дел од кампањата на администрацијата на Трамп за економски и дипломатски мерки против Иран откако еднострано се повлече минатата година од меѓународниот договор ЈЦПОА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.