Свет
Нови 1,5 милион луѓе без струја во Калифорнија поради пожарите
Покрај досегашните исклучувања, речиси 1,5 милион луѓе во Калифорнија од денеска се без електрична енергија зашто компаниите се обидуваат да спречат оштетување на каблите поради пожарите во регионот, пренесуваат американските медиуми.
„Пацифик гас“ и „Електрик“ веќе се соочија со истрага од регулаторите кога го прекинаа доставувањето на енергија до 970.000 домаќинства и деловни објекти.
Како што е соопштено, нови 650.000 дома се без струја како мерка за претпазливост поради силните ветрови. Пожарите потпомогнати од силниот ветер беснеат во два дела од државата.
Илјадници жители во близина на богатиот регион на Брентвуд во Лос Анџелес се евакуирани. Славни личности, како и актерот и политичар Арнолд Шварценегер и НБА-кошаркарот – Леброн Џејмс, се меѓу луѓето што беа итно евакуирани.
На северот во Сонома Каунти друг голем пожар принуди 180.000 луѓе да ги напуштат своите домови. Гувернерот на Калифорнија прогласи вонредна состојба.
Вчера регулаторите прогласија официјална истрага за тоа дали енергетски претпријатија ги прекршиле правилата со превентивното исклучување на струјата на речиси 2,5 милиона луѓе бидејќи ризиците од пожар се зголемија.
Аналитичарите велат дека овие две компании се одговорни за најголемиот дел од исклучувањето на електричната енергија за јавна безбедност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Стивен Сигал ги посети жртвите од терористичкиот напад во Москва
Актерот Стивен Сигал ги посети жртвите од терористичкиот напад во градското собрание Крокус во предградието на Москва, соопшти прес-службата на Министерството за здравство на Русија.
Сегал рече дека нападот е „страшна трагедија што не требаше да се случи“.
„Мислам дека Русија ќе послужи како пример и дека светот ќе разбере дека тоа не може да се направи на ниту една нација и да остане неказнето“, рече тој, пренесува РИА Новости.
Свет
Почина Џо Либерман, долгогодишен демократски сенатор во американскиот Конгрес
Џо Либерман, долгогодишен демократски сенатор во американскиот Конгрес од државата Конектикат и поранешен кандидат за потпретседател на САД, почина во средата на 82-годишна возраст.
Семејството на политичарот соопшти дека Либерман починал поради компликации предизвикани од падот, пренесува американскиот портал Политико.
Тој беше првиот еврејски кандидат на гласачкото ливче на големите американски партии, во 2000 година со претседателскиот кандидат Ал Гор.
Едно од неговите најголеми наследства е учеството во формирањето на Министерството за внатрешна безбедност по терористичките напади од 11 септември 2001 година.
Подоцна, во 2004 година, тој неуспешно се обиде да стане претседателски кандидат на Демократската партија, бидејќи демократите го сметаа за „премногу близок со републиканците“, според Политико.
Од политиката се повлече во 2012 година, а последен пат се врати во 2023 година како претставник на организацијата „Без етикети“, која на Американците требаше да им обезбеди трета опција, покрај Републиканската и Демократската партија.
Свет
Дупка од 10 метри голтна автомобили во Рим, полицијата ја затвори улицата
Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобили среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.
Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила, Дачија и Рено, завршиле во дупка, пренесува Телеграф.
Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.
Се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.
Не се знае дали има повредени во инцидентот.