Европа
Ново правило на ниво на ЕУ: ковид-сертификатите важат 9 месеци, а со бустер-доза неограничено
Европската комисија денеска донесе регулатива за важност на ковид-сертификатите во период од девет месеци, односно точно 270 дена од примарната вакцинација.
Под примарна вакцинација се подразбира вакцинација со две дози од „Астра зенека“, „Фајзер“ или „Модерна“ или една доза „Џонсон и Џонсон“.
Новата регулатива ќе биде обврзувачка за сите 27 земји членки од 1 февруари, соопштија официјални лица.
Today, we adopt a binding acceptance period of 9 months for vaccination certificates for intra-EU travel.
A harmonised validity period for #EUCOVIDCertificate is a necessity for safe free movement and EU level coordination.
— European Commission ?? (@EU_Commission) December 21, 2021
Регулативата ќе ја замени необврзувачката препорака на Европската комисија од ноември.
Така, врз основа на оваа одлука земјите членки на ЕУ ќе мора да дозволат пристап за патниците што ги примиле пропишаните дози.
Исклучок ќе биде влошување на состојбата кога ќе може да се воведат дополнителни ограничувања како карантин или негативни тестови.
Новите правила, според агенцијата „Ројтерс“, се однесуваат само за меѓународни патувања.
Владите на секоја земја членка на ЕУ ќе може да одредат свое времетраење на ковид-сертификатите што се користат за влез на настани на територијата на тие држави, пренесе „Ројтерс“.
Неколку земји, како Италија, Грција и Португалија, сега од целосно вакцинираните патници бараат и негативни тестови.
Со примена на бустер-доза од вакцината важноста на ковид-сертификатите засега ќе биде без временско ограничување, со оглед на тоа што сè уште нема доволно информации за времетраењето на заштитата што ја обезбедува бустер-дозата, изјавиле официјални претставници за „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.
Европа
Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални
Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.
Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.
Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.
Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.
Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.