Свет
Нов пресврт – саудискиот принц разговарал со Кашоги малку пред неговата смрт
Саудискиот принц Мохамед бин Салман му телефонирал на новинарот Џамал Кашоги и се обидел да го убеди да се врати во Ријад само неколку минути пред дисидентскиот новинар да биде убиен во саудсикиот конзулат во Истанбул.
Принцот Бин Салман му се јавил на Кашоги набргу кога тој бил уапсен во конзулатот, објави турскиот провладин весник „Јени шафак“ во неделата. Според весникот, Мохамед бин Салман се обидел да го убеди новинарот да се врати во својата татковина кога тој избега од Кралството минатата година во страв од евентуално гонење.
Кашоги ја одбил понудата на принцот да отиде во Ријад мислејќи дека таму ќе биде уапсен и убиен за потоа да биде убиен од саудискиот тим за егзекуции во конзулатот.
Поминаа повеќе од две недели како Кашоги исчезна во саудискиот конзулат во Истанбул, Турција. Саудиските официјални лица тврдат дека тој бил убиен во тепачка што избувнала во зградата на конзулатот, но допрва треба да ги докажат деталите за инцидентот и сè уште го бараат телото на Кашоги.
Саудискиот министер за надворешни работи, Адел ал-Џубеир, претходно изјави дека смртта на Кашоги била огромна грешка и дека саудискиот принц не знаел за неговото убиство.
Во меѓувреме Турција спроведува посебна истрага за случајот. Анкара инсистира на тоа дека Саудијците планирале да го убијат новинарот и дека испратиле тим за егзекуција за да го убие.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.