Свет
Објавена снимка од убиство на скандинавски туристки во Мароко, одговорноста ја презеде Исламска држава
На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа убиството на две скандинавски туристки во Мароко, а норвешката полиција соопшти дека големи се изгледите истата да е веродостојна, пренесе Би-би-си.
Во понеделникот две туристки – Марен Уланд (28) од Норвешка и Луиза Вестерагер Јесперсен (24) од Данска беа пронајдени мртви во изолирана област на планината Атлас во Мароко.
Во врска со овој злостор уапсени се повеќе од десет лица. Четворица од притворените објавиле пропагандно видео на кое се залагаат за Исламска држава.
These are the suspects of the murder of the two tourists that took place in #Imlil #Morocco #imlilmurder pic.twitter.com/UzlU5ySZrm
— Ashraf El khsim (@ashraf_khsim) December 20, 2018
Мажите кои се појавуваат во видеото на кое е прикажано убиството на туристките, велат дека чинот е одмазда за настаните во Сирија.
Поборниците на Исламска држава на социјалните мрежи објавија видео на кое е прикажано обезглавувањето на една женска личност. Тврдат дека се работи за туристка која неодамна била убиена во Мароко.
Норвешките власти соопштија дека снимката е веројатно веродостојна.
„Засега, нема конкретни докази кои сугерираат дека станува збор за лажно видео“, изјавија од државниот криминалистички оддел.
Во видеото се слуша убиецот кој вели: „Ова е одмазда за нашите браќа во Хаин“, мислејќи притоа на градот во источна Сирија, врз кој Исламска држава ја загуби контролата минатата недела.
По првото видео од егзекуцијата, набрзо се појави и второ на кое четворица мажи стојат пред знаме и тврдат дека се поддржувачи на Исламска држава.
Мароканските власти ` соопштиле на норвешката полиција дека четворицата мажи од второто видео се во притвор.
Обвинителите сметаат дека второто видео било снимено минатата недела, пред да биде извршено двојното убиство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Индија почнаа изборите, кои ќе траат шест недели, а ќе гласаат речиси 970 милиони
Денеска, почнаа најобемните избори во светот, а речиси 970 милиони регистрирани гласачи во Индија учествуваат во овој огромен процес, кој ќе се одвива во седум фази и ќе трае дури шест недели.
Премиерот Нарендра Моди се надева дека ќе освои трет последователен мандат во земјата со 1,4 милијарда жители. Гласачите, всушност, не го избираат директно премиерот, туку 543-те пратеници на Лок Сабха, долниот дом на парламентот на најнаселената земја во светот, објави „Дојче веле“.
На натпреварот учествуваат шест национални партии, 57 партии од индиските сојузни држави и 2.597 помали партии. Сепак, главната трка ќе биде меѓу двете најголеми политички партии во Индија: владејачката Индиска народна партија (БЈП) и опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) или скратено Конгресната партија.
За да се спротивстави на владејачката БЈП и премиерот Моди, Конгресната партија формира сојуз од 28 партии, наречен Индиски национален развој – инклузивен сојуз.
Според анкетите, премиерот Моди и неговата хинду-националистичка БЈП се очекува да победат на изборите оваа година.
Моди е популарен лидер, делумно благодарение на агендата насочена кон хинду-мнозинството во Индија, кое сочинува 80 отсто од населението.
Свет
Русија повика на воздржаност помеѓу Израел и Иран
Русија повика на воздржаност по информациите за напад на Израел врз Иран.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска за новинарите дека Русија ги проучува деталите за нападот и дека ќе го коментира кога ќе се разјасни неговата природа.
„Во секој случај, без разлика на сѐ, продолжуваме да се залагаме за воздржаност од двете страни за да нема дејства што би предизвикале натамошна ескалација на тензиите во регионот“, рече Песков.
Русија и Иран имаат блиско партнерство. За време на инвазијата на Украина, Москва користи беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство.
Свет
(Видео) Туристи малтретирале мечиња за селфи, па ги фатила полиција во Северна Каролина
Во станбен комплекс во округот Бункомб, Северна Каролина, шест лица се снимени како влечат мали мечиња од гранките на дрвото за кои се држеле, а сè со цел да позираат за фотографија. Шестемина ги тегнеле двете мечиња, а едното дури им испаднало од рацете во текот на снимањето.
Кога снимките од инцидентот стигнале до експертите што се занимаваат со заштита на дивите животни, тие веднаш излегле на терен и повикале полиција. Меѓу нив бил и биологот Ешли Хобс, која за „Еј-би-си 13 њуз“ рекла дека кога пристигнала до дрвото каде што луѓето се фотографирале, пронашла само едно мече. Целото било влажно и смрзнато, па било дадено на човечка грижа и нега за да закрепне. Поради тоа, сосема е можно никогаш да не може да се вратат во дивината бидејќи мечките што растат со луѓе потоа не сакаат да ги напуштат. Неверојатно, но можно е некој да ѝ го уништил животот на мечката само за да добие убава фотографија за социјалните мрежи.
„Мечето преживеа големо трауматско искуство. На луѓето што го направија тоа им објаснивме колку е неодговорно и потенцијално смртоносно за мечето да се одвои од мајка си, а особено на овој начин да го влечат од дрвото“, рекла Хобс, пренесува „Унилад“.
По објавувањето на видеото, многумина се згрозиле од она што го направиле овие луѓе. За сето тоа морало да разговараат и со полицијата.