Свет
„Ова место е пекол“ – братот на Aсанж за затворските услови во Британија
Габриел Шиптон, брат на затворениот коосновач на „Викиликс“, на митингот во Лондон изјави дека британскиот затворски систем работи со максимални сили за да ја уништи и последната надеж што му останала на Џулијан Асанж, пренесува РТ.
Говорејќи на митинг пред британскиот Хоум офис во понеделникот, Шиптон ја опиша емотивната посета на својот ослабен и изгладнет брат, кој издржува казна од 50 недели во затворот „Белмарш“ за прекршување на условите за кауција во 2012 година.
Откако го прегрнал брата си за, како што мисли, последен пат, Шиптон опиша како потоа разговарал со својата ќерка, која прашувала зошто е затворен чичко ѝ.
„Дали тој направи нешто лошо, тато? праша таа. Се борев да ѝ објаснам на начин на кој ќе разбере петгодишник“.
Иако Асанж е затворен за прекршување на условите за кауција, неговите приврзаници тврдат дека казната е само период на задржување додека не се договори неговата евентуална екстрадиција во САД. Таму уредникот на „Викиликс“ се соочува со затворска казна до 175 години за наводно поседување и ширење класифицирани информации што изложуваат потенцијални воени злосторства извршени од САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Дупка од 10 метри голтна автомобили во Рим, полицијата ја затвори улицата
Бездна длабока и широка околу 10 метри проголта два автомобили среде ноќ во Рим, поради што интервенираше полицијата.
Инцидентот се случил околу еден часот по полноќ, а две возила, Дачија и Рено, завршиле во дупка, пренесува Телеграф.
Полицијата веднаш реагирала, ја затворила улицата и го обезбедила просторот, јавуваат италијанските медиуми.
Се уште не се знае зошто се урнал асфалтот.
Не се знае дали има повредени во инцидентот.
Свет
Ниту блиски пријатели не знаеја за дијагнозата на Кејт Мидлтон: Тоа беше огромен шок
Минатата недела британската принцеза Кејт Мидлтон го шокираше светот со објавата дека има рак, а се чини дека ниту нејзините блиски пријатели не знаеле ништо за нејзината здравствена состојба.
„Тоа беше огромен шок. Само многу тесен круг на луѓе знаеја што се случува”, изјави неименуван пријател на принцезата за „People“.
Во видеото кое го шокираше светот на 22 март, принцезата Кејт откри дека и бил дијагностициран рак и дека е на хемотерапија. Кејт зборуваше за тоа како дијагнозата првично била чувана во тајност за „благосостојбата на нивното младо семејство“, а гласот и „пукнал“ кога ги спомнала своите деца – принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.
„Добро сум и секој ден станувам посилна со тоа што се фокусирам на работите кои ќе ми помогнат да заздравам – во мојот ум, тело и дух. Во овој момент мислам на сите оние чии животи биле погодени од рак. На сите кои се справуваат со оваа болест, во која било форма, ве молиме да не губат верба и надеж. Не сте сами“, вели таа во видеото.
Зад сцената, принцезата од Велс презеде чекори за да му даде приоритет на своето здравје, но таа не беше во целосна изолација. И таа и принцот Вилијам беа видени на спортски настани во последниве недели – на 16 март, парот беше фотографиран заедно како трчаат во фармата во Виндзор.
„Многу е важно да се забавуваат заедно кога можат. Станува збор за нејзиното чувство на поддршка. Воопшто не се чувствува изолирано”, рекол семеен пријател.
Во деновите по објавата на Кејт, таа и Вилијам се фокусираа на своите деца, кои моментално се на велигденски празници. Петчленото семејство ќе ја прескокне традицијата и нема да присуствува на кралската велигденска служба во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор и наместо тоа ќе го помине долгиот викенд приватно дома.
Свет
Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа
Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица беа ранети, објави шефот на воената управа во Керсон, Олександр Прокудин.
„Руската армија гаѓаше станбени области на населени места, при што беа оштетени две катни згради и 10 приватни куќи. Како резултат на руската агресија, две лица загинаа, уште 4 се повредени“, рече Прокудин на Телеграм.
Погоди се забележани и во пристанишната инфраструктура, објектите за критична инфраструктура, трговски центар, комерцијални објекти и автомобили, додаде тој. Според него, непријателот ги гранатирал населбите Дудчани, Нововоронцовка, Михајловка, Одрадокамјанка, Гавриловка, Весела, Золота Балкан, Качкаровка, Антоновка, Станислав, Днепровске, Јантарне, Билозерка, Велетенске, Кизомиш и градот Берег.
Во текот на ноќта, силите за противвоздушна одбрана уништија 26 од 28-те јуришни беспилотни летала што Русија ги користеше за напад на Украина, објави на Телеграм Военото воздухопловство на Вооружените сили на Украина.