Свет
Ова се најбарани бегалци во светот, на листата се терористи и наркобосови
По смртта на лидерот на Исламска држава, Абу Бакр ал-Багдади, „Гардијан“ направи листа на најбарани бегалци. До 2011 година, „Форбс“ објавуваше листа на најголеми криминалци. Таа година на прво место беше мексикански крал на дрогата, Џоакин Гузман, „Ел Чапо“, кој е фатен три години подоцна, кој побегна и повторно беше фатен во 2016 година. Втор на листата беше ирско-американскиот криминалец Џејмс „Вајти“ Булгер, кој е фатен кон крајот на 2011 година, откако беше препознаен од сосед, кој доби награда од 2 милиони долари. Булгер беше претепан на смрт минатата година.
Неодамна на листата е ставен и најстариот бегалец, 83-годишниот Еуген Палмер, кој е обвинет за убиство на својата снаа. Но најбаран на оваа листа е Ајман ал-Завахири, лидерот на Ал Каеда, за кого е распишана награда од 25 милиони долари. ФБИ има и листа на најбарани сајбер криминалци на која денеска се наоѓаат 70 луѓе, меѓу кои се руски и кинески припадници на војската, но и група поврзана со руското мешање во американските избори во 2016 година.
Сепак, најпозната е листата на ФБИ. Американското сојузно биро тврди дека околу 93 отсто од оние кои се на листата ќе бидат фатени.
На првото место на листата најбарани бегалци на ФБИ е нигерискиот милитант Абубакар Шеку, кој во 2009 година стана лидер на исламистичката група Боко Харам, која се залага за воведување шериитски права, а е одговорна за бројни напади на војската, но и цивили, од што најпознато киднапирање на 276 девојчиња од училиште.
На второ место е Абу Ибрахим ал Хашими ал Квараши, кој по смртта на Абу Бакр ал Багдади, е избран за нов лидер на терористичката организација. За него не се знае речиси ништо, освен дека доаѓа од истото племе како и претходниот лидер.
Следи лидерот на Ал Каеда, Ајман ал Завахири, роден во Египет во 1950 година, каде бил хирург пред да се придружи на радикалното исламско движење.
На 4. место е 63-годишниот милијардер од Индија, Ибрахим Дејвуд, кој изгради свое царство со помош на изнуда и трговија со дрога.
Синот на познатиот наркобос Ел Чапо, Овидио Гузман или „Чапито“, е на петтото место. Откако беше уапсен од полицијата, минатиот месец во Чилачано, на улиците дојде до судир меѓу безбедносните сили и припадниците на моќниот наркокартел Синалоа. На крајот полицијата се повлече и го пушти да побегне.
На шестото место е лидерот на меѓународната банда на дрогата, Це Чи Лоп, кинеско-канадски граѓанин, кој се смета за најбаран човек во Азија. Неговата банда е разгранета од Јапонија до Њујорк.
На седмото место на оваа листа е грчкиот крадец и киднапер Василис Палеокостас, познат како „Недопирлив“. Тој двапати побегнал од истиот затвор во 2006 и 2009 гоидна, така што киднапирал хеликоптер. Грција нуди 1 милион евра на оној што ќе помогне во неговото фаќање.
На 8. место е сицилијанскиот „последен Мохиканец на старата мафија“, Матео Месина Денаро, и еден од најбараните бегалци и од властите се крие од 1993 година.
Гуцифер 2.0 е еден или повеќе хакери, кои тврдат дека се одговорни за упадот во серверите на американскиот Демократски национален одбор во 2016 година, по што ги пуштија во јавност документите и мејловите што ги најдоа.
Денеска 84-годишниот воен злосторник Фелициен Кабуга е 10-ти на листата, а е баран од меѓународиот суд поради неговата улога во геноцидот во 1994 година во Руанда, каде се масакрирани повеќе од 800.000 мажи, жени и деца. Кабуга водел радиостаница која повикувала на омраза против малцинството Тутса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени тројца мажи во истрагата за бруталното убиство на Хрват во Даблин
Уапсени се тројца мажи осомничени за убиството на 31-годишен Хрват, Јосип Штрок во Даблин минатиот месец, пишуваат ирските медиуми.
Тие се осомничени дека ги претепале Штрок, кој живеел и работел во Даблин, и неговиот пријател. Штрок почина од повредите на 3 април.
Неговиот пријател за хрватските медиуми изјавил дека биле во продавница и планирале да се дружат, кога група луѓе им кажала да почнат да зборуваат англиски.
„Немате почит кон нашата земја, ова е Ирска…“, изјави тој за Јутарњи. Тие влегле во автобусот и не забележале дека напаѓачите ги следат и биле нападнати одзади.
„Прво ме удрија со нешто, не знам дали беше шипка или палка. Ги прашав полицајците за деталите што ги виделе на видеото, а кои наводно ги имаат“, рече тој, додавајќи дека следното нешто се сеќава е кога се разбудил во болница.
Европа
Шпанскиот државен обвинител бара прекин на истрагата против сопругата на Санчез
Шпанскиот државен обвинител, назначен од кралот по препорака на владата, денеска побара од судот во Мадрид да ја затвори истрагата за корупција против сопругата на премиерот Педро Санчез бидејќи „нема индиции за кривично дело“.
Судијата во Мадрид вчера пријавил дека отворил прелиминарна истрага за 59-годишната Бегоња Гомез. Сопругата на премиерот беше пријавена кај судијата од синдикатот Манос Лимпиос (Чисти раце) врз основа на медиумските извештаи дека давала препораки со нејзин потпис на претприемачи кои се пријавиле на јавни тендери. На овој начин, било наведено во пријавата, таа ја искористила својата позиција и влијание за да можат блиските луѓе да добијат јавни пари и работа.
Организацијата Манос Лимпијас претходно изјави дека својата тужба ја заснова на медиумски извештаи и дека не може да гарантира за нивната вистинитост, а шефот на организацијата, Мигел Бернад, рече дека извештаите биле проследени до судијата од „граѓанска должност“ и негираше дека акцијата била политички мотивирани.
Во 1980-тите, Бернад се натпреваруваше на два европски избори како кандидат на екстремно десничарскиот Национален фронт во 1980-тите.
Манос Лимпијас одлучи да побара од судот да отвори истрага за бизнисот на Гомез откако обвинителите не постапија самоиницијативно, а истражниот судија ќе одлучи дали медиумските извештаи се точни или не, рече тој.
Консултантската компанија на претприемачот Карлос Барабес, според пријавата, добила 10 милиони евра од јавно претпријатие во надлежност на Министерството за економија. Тој претприемач подоцна основал постдипломски курс кој го водела Гомез на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид.
Во извештајот се споменува поврзаноста на сопругата на премиерот со туристичката компанија Globalia, која беше спонзор на едукативниот центар „Africa Centre del Instituto de Empresa“ управуван од Гомез. Шпанската влада со 600 милиони евра народни пари ја спаси „Air Europa“, во сопственост на Globalia.
Државното правобранителство испрати жалба до судот во Мадрид, во која се наведува дека нема „индиции дека сторила кривично дело“, објави радиото Ла Секста.
Свет
Захарова: Лицемерниот Запад бара Србија да заборави кој ја бомбардирал
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на брифинг со новинарите потсети на годишнината од бомбардирањето на Радио и телевизија на Србија, кога загинаа 16 вработени и уште еднаш укажа колку Западот е подготвен да ги погази сите норми и правила. Згора на тоа, сега се бара од Србија да го заборави тоа, изјави таа.
Таа нагласи дека бомбардирањето на РТС не само што поминало неказнето, туку дека НАТО го објаснил како неопходност од војна.
„Она што тогаш се применуваше во Србија, сега се прави во Украина“, рече Захарова на брифингот и укажа на убиството на руски воен известувач од режимот во Киев, платен од Западот.
И како да не беше доволно тоа што и го направија на Србија тогаш, додаде таа, но денес се бара да се заборави бомбардирањето, се спроведува нов јапонски експеримент.
„Тогаш ја бомбардираа Јапонија, а денес се принудени да ја заборават. Сега се обидуваат да ја натераат Србија да заборави кој ја бомбардирал, 2.500 жртви од кои 89 деца, уништена инфраструктура, загуби кои се мерат во милијарди.
Сакаат да ја свртат страницата на историјата, но всушност да ја принудат Србија да ја откине таа страница од целата историја, како што беше случајот со Јапонија“.
Лицемерието на Западот нема граници, студиозно го игнорира нападот на зградата на РТС во Белград на 23 април 1999 година, истакна Захарова.