Свет
Огромна лед-свастика се појави во трговски центар во Киев
Огромна свастика е изложена во еден трговски центар во Киев, кој се наоѓа на улица наречена по нацистичкиот соработник кој стана украински херој, Степан Бандера, по што трговскиот центар негираше вмешаност во шокантниот потег и ги обвини хакерите за тоа, пренесува РТ.
За да биде иронијата поглема, улицата претходно се викала „Авенија Москва“, но името ѝ било сменето во 2016 година кога Бандера преку ноќ од фашист стана национален херој.
Навредливата слика се појави на ескалатор осветлен со лед-светилки во трговскиот центар „Городок галери” во главниот град на Украина во саботата и беше снимен од неколку збунети купувачи.
Снимките ја прикажуваат огромната свастика врз црвено-бело поле, при што целата слика наликува на државното знаме на нацистичка Германија. Иако жената која го снимила видеото била навредена од глетката, други посетители на трговскиот центар си поминувале покрај свастиката и се однесувале како да е сè во ред.
Навистина, тоа можеше да биде само промена во дизајнот и во согласност со локацијата на трговскиот центар, која се наоѓа на авенијата Степан Бандера. Улицата се нарекува „Авенија Москва“, но, во 2016 година беше преименувана по Бандера, украински националистички и нацистички соработник, поздравен во модерната Украина како национален херој.
Трговскиот центар жестоко негираше каква било поврзаност со појавата на нацистичкиот симбол, наведувајќи дека лед-ескалаторот бил исклучен веднаш откако била забележана огромната свастика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН
Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како членка на ОН“.
Воздржани беа Велика Британија и Швајцарија, а „за“ гласаа Словенија, Сиера Леоне, Русија, Јужна Кореја, Мозамбик, Малта, Јапонија, Франција, Гвајана, Еквадор, Кина и Алжир.
Претходно вчера, заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент, Ведант Пател, потврди дека Вашингтон ќе стави вето на гласањето во Советот за безбедност на ОН, наведувајќи дека нема едногласно мислење меѓу членовите на комитетот за тоа дали Палестинците ги исполнуваат критериумите неопходни за да бидат дефинирани како држава.
Палестинската управа (ПА) го осуди потегот, нарекувајќи го „нефер, неетички и неоправдан“.
Кабинетот на претседателот на палестинската управа Махмуд Абас го нарече американското вето „еклатантна агресија … туркање на регионот преку работ“.
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац го пофали американското вето, додавајќи: „Срамниот предлог беше отфрлен. Тероризмот нема да биде награден“.
Свет
Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел
САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на Палестинците и да ги принудат да му се покорат на Израел, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја.
„Со користењето на ветото по петти пат од почетокот на ескалацијата во Газа, тие повторно го покажаа својот вистински однос кон Палестинците. Според мислењето на Вашингтон, тие не заслужуваат да имаат своја земја“, изјави Небензја.
Тој истакна дека Палестинците се само пречка на патот кон остварување на интересите на Израел.
„САД се подготвени да ги затворат очите пред злосторствата на Израел врз цивилите во Газа, да го игнорираат илегалното населување на Западен Ерусалим на Западниот Брег. Целта е да се скрши духот на Палестинците, да се натераат безусловно да се потчинат на окупаторската власт, да се претворат во слуги и луѓе од втор ред, а можеби и целосно да се искоренат и протераат од нивната родна земја“, изјави Небензја по гласањето за нацрт-резолуцијата за прием на Палестина во ОН.
Како што истакна, резултатот од гласањето во Советот за безбедност на ОН за резолуцијата за прием на Палестина во ОН како полноправна членка покажува дека САД се речиси целосно изолирани.
„Страдањата на палестинските цивили одекнуваат во срцата и душите на милиони луѓе ширум светот. Во земјите кои доставуваат оружје за Западен Ерусалим се почесто се слушаат гласовите на оние кои се за забрана на таквите испораки. Резултатите од гласањето, кога Вашингтон се најде речиси целосно изолиран, зборуваат сами за себе“, рече рускиот дипломат.
Тој оцени дека американското вето е „неплоден обид да се запре неуморниот тек на историјата“.
„Гледајќи низ прсти на најнепромислените постапки на нашиот сојузник (Израел), немањето желба за барање праведни решенија е директен пат кон натамошно лизгање во бездната на војната што може да го зафати целиот регион“, рече Небензја.
Тој рече и дека таквата политика е недостојна за една голема сила.
„Историјата нема да ви го прости тоа. Ги повикуваме САД да го слушаат гласот на разумот и да размислат за последиците од нивните одлуки“, рече Небензја.
Свет
Потврдено: Нема штета на иранските нуклеарни постројки
Нема штета на иранските нуклеарни постројки, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН.
Меѓународната агенција за атомска енергија објави дека ја следи ситуацијата „многу внимателно“ и повика на „екстремна воздржаност“.
IAEA can confirm that there is no damage to #Iran’s nuclear sites. DG @rafaelmgrossi continues to call for extreme restraint from everybody and reiterates that nuclear facilities should never be a target in military conflicts. IAEA is monitoring the situation very closely. pic.twitter.com/4F7pAlNjWM
— IAEA – International Atomic Energy Agency ⚛️ (@iaeaorg) April 19, 2024