Свет
Одложена испораката на вакцини во Америка поради зимското невреме и ниските температури
Силните зимски бури, екстремниот студ и прекинот на електричната енергија затворија повеќе од 2.000 места за вакцинација и ја одложија испораката на шест милиони вакцини во сите 50 сојузни американски држави минатата недела, изјави високиот советник во Белата куќа, Енди Славит.
„Предвидуваме дека сите преостанати дози ќе бидат испорачани во текот на следната недела, а повеќето од нив ќе бидат доставени во следните неколку дена“, рече Славит, пренесува Гласот на Америка, пишува „Танјуг“.
Времето предизвика нарушувања во целиот синџир на снабдување, рече Славит.
Временските услови се подобруваат и испораките се враќаат во колосек, со 1,4 милиони дози кои се испорачуваат во петокот, рече Славит, додавајќи дека, сепак, ќе биде потребно време за да се расчисти сè.
Невремето ги спречи напорите на администрацијата на Бајден да се зајакне испораката на вакцини. На почетокот на месецот, во просек, беа испорачувани повеќе од 1,5 милион дози дневно.
Прелиминарните податоци од минатата недела покажуваат нагло опаѓање, но целосните бројки сè уште не се достапни.
Фабриките за пакување вакцини на фармацевтската компанија „Модерна“ не функционираа поради зимското невреме, а затворањето на патиштата ги одложи испораките меѓу местата за производство, дистрибуција и пратка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Швајцарија ги замрзна руските средства во вредност од 5,8 милијарди франци
Швајцарија го замрзна рускиот имот во вредност од 5,8 милијарди швајцарски франци или 5,95 милијарди евра, објави денеска Државниот секретаријат за економски прашања на земјата (SECO).
Оваа бројка се однесува на вкупната вредност на руските средства замрзнати од Швајцарија од почетокот на војната во Украина до крајот на 2023 година.
Вредноста на замрзнатите руски средства во Швајцарија е значително помала отколку на крајот на 2022 година, кога изнесуваше 7,5 милијарди швајцарски франци, пренесува Ројтерс.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.
Свет
Лидерот на Северна Кореја ја надгледуваше воената вежба: се симулираше нуклеарен контранапад
Северна Кореја ги изведе своите први воени вежби кои симулираа нуклеарен контранапад, објави државната новинска агенција на земјата KCNA, како и други државни медиуми.
Врховниот водач Ким Џонг-ун ја надгледуваше вежбата која беше дел од тестот на системот за управување со нуклеарно оружје на нацијата.
Покрај тоа што севернокорејското раководство сака да ја тестира различноста на сопствените нуклеарни капацитети, тоа беше, според КЦНА, протест против американските и јужнокорејските „провокативни и инвазивни“ воени вежби.
Симулациските вежби на севернокорејската војска вклучуваа маневрирање на војниците во позиција за нуклеарен контранапад и истрелување на лажни нуклеарни боеви глави во случај на предупредување за нуклеарна криза.
Во таа прилика беа истрелани неколку балистички ракети со краток дострел кон морето, во близина на источниот севернокорејски брег.
Резолуциите на ОН и забрануваат на Северна Кореја да тестира балистички ракети од кој било дострел, од кои некои се способни да носат нуклеарни боеви глави.