Свет
Од Ковид-19 досега во САД починаа повеќе од 900 здравствени работници
Повеќе од 900 здравствени работници во САД починаа од Ковид-19, според базата на податоци Lost on Frontline, направена од „Гардијан“ и Kaiser Health News.
Преку извештаите, социјалните мрежи, локалните медиуми и синдикатите, тим од повеќе од 50 новинари идентификуваа 922 медицински работници кои починале од Ковид-19. Новинарите ги проверуваа и испитуваа околностите на нивната смрт, дали тие имале заштитна опрема и разговараа со членовите на нивните семејства и колегите на работа.
Првичните податоци покажуваат дека многумина од оние што починале немале пристап до соодветна заштитна опрема и дека најмалку 35 починале кога здравствените инспекции добиле поплаки за безбедност при работа.
Досега се објавени и целосно истражени судбините на 167 здравствени работници.
Повеќето од нив, 63 % (103), не биле белци.
Најмалку 31 процент (52) немале соодветна заштитна опрема.
Возраста на здравствените работници што починале се движела од 20 до 80 години, а 21 лице (12 проценти) биле под 40-годишна возраст.
Една третина од починатите (53) се родени надвор од САД, 25 од нив биле од Филипините. Повеќето од нив починале за време на првиот бран во април. Најмалку 68 живееле во Њујорк и Њу Џерси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.