Свет
Од коронавирус во светот заболени 92.000 лица, 2.500 во Италија
Вкупно 92.000 луѓе во 70 земји од светот се разболеле од коронавирус, а досега 3.200 лица ѝ подлегнале на инфекцијата, објави Си-ен-ен.
Најголем број новодијагностицирани пациенти има во Иран – вкупно 2.700, а досега 77 починаа.
Во Јапонија 990 луѓе биле заразени со коронавирус, а досега починале 12. Повеќето биле на крузерот Diamond Prinses, кој со недели беше во карантин во пристаништето Јокохама.
Во Кина регистрирани се приближно 80.000 случаи на коронавирус, вкупно 2.980 луѓе починаа, а во Јужна Кореја 5.300 случаи на заразени.
Од европските земји, во Италија има најголем број заболени, вкупно 2.500, и 79, кои досега подлегнале на оваа болест.
Потврдени се 466 нови случаи на вирусот, јавуваат медиумите.
Во Франција се потврдени 212 случаи, Германија – 203, Шпанија – 165, Швајцарија – 58, Велика Британија – 51, Норвешка и Шведска по 30.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.