Контакт

Свет

(Од час во час) Британски специјалци обучуваат војници во Киев, на Борис Џонсон му е забрането да влезе во Русија

Објавено пред

Од минута во минута ја следиме состојбата во Украина

dobivaj vesti na viber

Клучни настани:

  • Утрово и во текот на ноќта во Киев одекнаа нови експлозии
  • Руското Министерство за одбрана објави дека руските сили ја уништиле фабриката за оклопни возила во Киев и фабриката за поправка на воена опрема во Николаев
  • Кличко: Во синоќешниот ракетен напад врз Киев загина најмалку едно лице
  • Германската влада вели дека планира да издвои повеќе од милијарда евра воена помош за Украина
  • Припадниците на САС (Special Air Service), најелитната единица на британските специјални сили, обучуваат украински војници во Киев, објави британски „Тајмс“
  • Украина речиси целосно одговорила на прашалникот за пристапување во Европската унија
  • Забрана за влез во Русија за британскиот премиер Борис Џонсон

Најновите вести:

20:53 Украина: Денеска се евакуирани 1.449 лица

Вкупно 1.449 луѓе се евакуирани од украинските градови денеска преку хуманитарни коридори, изјави Кирило Тимошенко, заменик-шеф на украинскиот претседател.

20:20 (Видео) Русија објави снимка од морнарите од потонатиот брод Москва

Шефот на руската морнарица, адмиралот Николај Евменов, се сретна со членовите на екипажот на потонатиот крстосувач Москва, пренесе агенцијата Тасс.

19:40 Зеленски: Ќе ги прекинеме преговорите ако Русите ги елиминираат украинските борци во Мариупол

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека елиминирањето на украинските борци во Мариупол ќе стави крај на преговорите со Русија.

„Сакам да кажам дека елиминацијата на нашата армија, нашите момци, ќе стави крај на сите преговори“, рече Зеленски.

18:00 Село во Шпанија од солидарност го сменило името во Украина

Мирното село Фуентес де Андалузија на југот на Шпанија го промени своето име во Украина во знак на солидарност со погодените од конфликтот на повеќе од 4.000 километри.

На таблата на кружниот тек на влезот во селото, натписот Украина го замени Фуентес де Андалузија, а до него беше насликано сино-жолто знаме, пренесе Ројтерс.

17:33 Советникот на Зеленски: Бараме едно оружје, а ЕУ ни испраќа друго

Клучниот советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски и шефот на преговарачкиот тим на Украина е фрустриран од напредокот во трансферот на оружје од Европската унија во Украина.

Михајло Подољак рече дека „Украина, откако побара оружје од Европа, не го доби она што го побара и дека предолго се чека да пристигне“.

17:25 Објавен скандалозен телефонски разговор: Сопруга на руски војник му вели дека смее да силува Украинки, но да користи заштита

Рускиот сервис на Радио Слободна Европа (RSE) и Schemes (истражувачки проект на украинскиот сервис RSE) спроведоа истрага за телефонски разговор во кој руска државјанка му кажала на својот сопруг, војник, дека му е дозволено да силува Украинки.

16:40 Ле Пен: Вашингтон да му исплати отштета на Париз ако ЕУ го забрани рускиот гас

САД треба да и’ платат отштета на Франција за загубите доколку ЕУ ги забрани руските дистрибутери на енергија, изјави француската претседателска кандидатка Марин Ле Пен.

„Американците, кои ќе ни продаваат течен гас и од него ќе остварат солидна добивка, би можеле да ги префрлат парите во Франција како компензација за антируските санкции“, изјави Ле Пен за телевизијата БМФ.

Таа истакна дека Вашингтон врши притисок врз руските енергетски дистрибутери.

16:30 Русите проектил погодиле пазарот кај Харков. Едно лице загина, а 18 се повредени

Едно лице загина, а 18 се повредени по руски ракетен напад на пазар во Лисичанск во областа Харков, соопштија украинските пожарникари.

Нападот бил извршен претходно денеска, соопштија спасувачите.

15:17 САД: Украина треба брзо да набави повеќе муниција, се очекуваат тешки борби

Постои зголемена загриженост за потребата од поскора набавка на повеќе муниција, особено артилерија за украинските сили, бидејќи се очекува тешка копнена битка против руската војска во наредните денови, изјави американски претставник.

Соединетите Држави и доставуваат на Украина нови количини на оружје како дел од новата безбедносна помош објавена оваа недела од администрацијата на Бајден, која би можела да биде потрошена во рок од неколку дена, бидејќи украинските сили сега веројатно ќе останат без муниција, вели функционерот, пренесе „Индекс“.

14:30 Сопругата на уапсениот украински опозициски политичар: Разменете го за заробените британски доброволци

Оксана Марченко, сопругата на опозицискиот украински политичар, Виктор Медведчук, кој неодамна беше фатен во Украина, објави видео во кое им се обраќа на семејствата и пријателите на Ејден Аслин и Шон Пинер, британски доброволци кои неодамна беа заробени од руските сили.

„Во ваша моќ е да побарате од британскиот премиер Борис Џонсон да влијае врз украинското раководство и да ги ослободи Ајден и Шон со тоа што ќе ги размените за украинскиот опозициски политичар уапсен од украинските власти, мојот сопруг Виктор Медведчук“, рече Оксана Марченко.

14:00 Руските напади се интензивираат

Руските сили синоќа ги засилија нападите врз Украина, особено на истокот на земјата, каде се очекува голема руска офанзива. Во текот на ноќта три региони биле особено силно гранатирани – Харков, Доњецк и Луганск, наведуваат украински извори. Освен тоа, Русите рано утринава нападнаа фабрика за оклопни возила во предградието на Киев, соопшти руското Министерство за одбрана.

Експлозии се слушнаа и во Лавов во западна Украина. Според Украинците, Русите истрелале неколку проектили од авионот Су-35, кои биле соборени од украинската воздушна одбрана кај Лавов. Украинците објавија дека одбиле 10 руски напади во Доњецк и Луганск, региони на исток каде се очекуваат најжестоки борби кога ќе започне големата руска офанзива.

Си-Ен-Ен информира дека интензивирањето на нападите може да значи подготовка за голема офанзива во источниот дел на земјата.

13:03 Порошенко: Најкраткиот пат до мирот е испораката на оружје

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко апелираше до меѓународната заедница да и обезбеди повеќе оружје на неговата земја и да продолжи со санкциите против Русија поради нејзината инвазија на Украина.

12:50 Кличко: Едно лице загина, а неколку се повредени во ракетен напад врз Киев

Во синоќешниот ракетен напад врз Киев загина најмалку едно лице, објави градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко.

Повеќе луѓе се повредени и пренесени во болница, каде лекарите се борат за нивните животи, рече Кличко. Градоначалникот на Киев изјави дека од безбедносни причини нема да ја соопшти локацијата на нападот.



11:53 Забрана за влез во Русија за Борис Џонсон и британските министри

Русија му забрани на британскиот премиер Борис Џонсон и на некои членови на неговата влада да влезат во земјата поради, како што е наведено, „непријателскиот однос“ на Обединетото Кралство за војната во Украина.

Покрај Џонсон, забранет влез во Русија добија и британските министри за внатрешни и надворешни работи, одбрана, правда, транспорт и финансии, пренесоа руските агенции Интерфакс и РИА Новости.

11:20 Досега во Хрватска дошле 14.340 бегалци од Украина, главно жени и деца

По руската инвазија, во Хрватска досега влегле вкупно 14.340 раселени лица од Украина, главно жени и деца, покажуваат денешните податоци на Дирекцијата за цивилна заштита.

Најмногу жени дошле во Хрватска од Украина, 7.044 или 49,1 отсто и деца 5.242 или 36,6 отсто и 2.054 или 14,3 отсто мажи.

10:30 (Видео) Русија објави снимка: Погодивме фабрика за оклопни возила во Киев

Руското Министерство за одбрана објави дека руските сили со високопрецизно оружје со долг дострел лансирано од воздух ја уништиле фабриката за оклопни возила во Киев и фабриката за поправка на воена опрема во Николаев.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана изјави дека Русите со ракетни напади и артилерија нападнале 811 украински воени цели.

10:00 Украина се приближива кон членството во ЕУ

Украина речиси целосно одговори на прашалникот за пристапување на Европската унија, рече претседателот Володимир Зеленски во видео порака доцна синоќа.

„Работата е речиси завршена и наскоро ќе ги доставиме нашите одговори до претставниците на Европската унија“, рече претседателот Зеленски.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен минатата недела во посета на Киев го предаде прашалникот кој служи како почетна точка за Европската унија да започне пристапни преговори.

09:50 Девет нови хуманитарни коридори, од Мариупол може да се излезе само со автомобил

Вицепремиеркатана Украина Ирина Верешчук соопшти дека за денеска се договорени девет хуманитарни коридори за евакуација на цивили, а меѓу нив е и целосно уништениот пристанишен град Мариупол, кој со недели не добива хуманитарна помош.

Можно е да се напушти Мариупол со приватни автомобили, рече таа.

Во изјавата, Верешчук рече дека пет од деветте коридори се договорени за регионот Луганск на исток, кој е под силно бомбардирање.

09:40 Началникот на полицијата во регионот Киев: Русите поставија мини на автомобили и куќи на цивили

Руската армија постави мински замки во автомобили и куќи на цивили пред да го напуштат регионот на Киев, тврдат украинските власти.

Началникот на полицијата во Киевската област, Андриј Небитов, извести за голем број инциденти во кои се повредени лица од локалното население, а најмалку едно загинало.

Небитов ги повика граѓаните да избегнуваат области кои не се деминирани, вклучително и шуми и патеки, како и области кои претходно биле под руска окупација.

09:30 Украинска армија: Одбивме 10 руски напади на исток во последните 24 часа

Украинците тврдат дека во последните 24 часа одбиле 10 руски напади во источните региони Доњецк и Луганск. Уништени се три тенкови, еден оклопен транспортер и три артилериски системи, велат Украинците, додавајќи дека заробиле и руски оклопен транспортер.

09:20 Елитни британски специјалци во Киев обучуваат украински војници, пишува Тајмс

Припадниците на САС (Special Air Service), најелитната единица на британските специјални сили, обучуваат украински војници во Киев, објави британски „Тајмс“.
Тие ги учат како да ги користат британските рачни противтенковски ракети NLAW. Ова е првпат од почетокот на руската инвазија, припадниците на британската армија во Украина да ги обучуваат своите украински колеги, пишува Тајмс.

09:10 Германија испраќа 1 милијарда евра воена помош за Украина

Германската влада вели дека планира да издаде повеќе од милијарда евра воена помош за Украина.

Министерот за финансии на земјата, Кристијан Линднер, потврди дека владата одлучила да ја зголеми меѓународната помош за одбранбениот сектор на 2 милијарди евра, а повеќето од нив ќе бидат наменети за Украина како воена помош.

09:00 Зеленски објави колку украински војници загинале во војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа и’ се обрати на нацијата, велејќи дека е тешко да се предвиди колку долго ќе трае војната

08:40 Британското разузнавање: Русите ја уништија инфраструктурата, тешко е да се достави помош

Штетата на транспортната инфраструктура на Украина како резултат на руските напади претставува „значаен предизвик“ за секој што се обидува да достави хуманитарна помош во северна Украина, соопшти британското Министерство за одбрана во најновиот извештај на своето разузнавање.

08:20 Утрово и во текот на ноќта во Киев, главниот град на Украина, одекнаа нови експлозии

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, објави дека спасувачките служби работат на местото на експлозиите што одекнаа во Дарницки, предградие на Киев, во текот на ноќта и рано утринава.

08:00 ОН: Околу пет милиони бегалци ја напуштија Украина

Повеќе од пет милиони бегалци досега ја напуштиле Украина по руската инвазија, покажуваат најновите податоци објавени од ОН.

Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР) објави дека повеќе од 4,7 милиони бегалци ги преминале украинските граници, пренесува Би-би-си.

Свет

Во Индија почнаа изборите, кои ќе траат шест недели, а ќе гласаат речиси 970 милиони

Објавено пред

Денеска, почнаа најобемните избори во светот, а речиси 970 милиони регистрирани гласачи во Индија учествуваат во овој огромен процес, кој ќе се одвива во седум фази и ќе трае дури шест недели.

dobivaj vesti na viber

Премиерот Нарендра Моди се надева дека ќе освои трет последователен мандат во земјата со 1,4 милијарда жители. Гласачите, всушност, не го избираат директно премиерот, туку 543-те пратеници на Лок Сабха, долниот дом на парламентот на најнаселената земја во светот, објави „Дојче веле“.

На натпреварот учествуваат шест национални партии, 57 партии од индиските сојузни држави и 2.597 помали партии. Сепак, главната трка ќе биде меѓу двете најголеми политички партии во Индија: владејачката Индиска народна партија (БЈП) и опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) или скратено Конгресната партија.

За да се спротивстави на владејачката БЈП и премиерот Моди, Конгресната партија формира сојуз од 28 партии, наречен Индиски национален развој – инклузивен сојуз.

Според анкетите, премиерот Моди и неговата хинду-националистичка БЈП се очекува да победат на изборите оваа година.

Моди е популарен лидер, делумно благодарение на агендата насочена кон хинду-мнозинството во Индија, кое сочинува 80 отсто од населението.

Прикажи повеќе...

Свет

Русија повика на воздржаност помеѓу Израел и Иран

Објавено пред

Русија повика на воздржаност по информациите за напад на Израел врз Иран.

dobivaj vesti na viber

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска за новинарите дека Русија ги проучува деталите за нападот и дека ќе го коментира кога ќе се разјасни неговата природа.

„Во секој случај, без разлика на сѐ, продолжуваме да се залагаме за воздржаност од двете страни за да нема дејства што би предизвикале натамошна ескалација на тензиите во регионот“, рече Песков.

Русија и Иран имаат блиско партнерство. За време на инвазијата на Украина, Москва користи беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Туристи малтретирале мечиња за селфи, па ги фатила полиција во Северна Каролина

Објавено пред

Во станбен комплекс во округот Бункомб, Северна Каролина, шест лица се снимени како влечат мали мечиња од гранките на дрвото за кои се држеле, а сè со цел да позираат за фотографија. Шестемина ги тегнеле двете мечиња, а едното дури им испаднало од рацете во текот на снимањето.

dobivaj vesti na viber

Кога снимките од инцидентот стигнале до експертите што се занимаваат со заштита на дивите животни, тие веднаш излегле на терен и повикале полиција. Меѓу нив бил и биологот Ешли Хобс, која за „Еј-би-си 13 њуз“ рекла дека кога пристигнала до дрвото каде што луѓето се фотографирале, пронашла само едно мече. Целото било влажно и смрзнато, па било дадено на човечка грижа и нега за да закрепне. Поради тоа, сосема е можно никогаш да не може да се вратат во дивината бидејќи мечките што растат со луѓе потоа не сакаат да ги напуштат. Неверојатно, но можно е некој да ѝ го уништил животот на мечката само за да добие убава фотографија за социјалните мрежи.

„Мечето преживеа големо трауматско искуство. На луѓето што го направија тоа им објаснивме колку е неодговорно и потенцијално смртоносно за мечето да се одвои од мајка си, а особено на овој начин да го влечат од дрвото“, рекла Хобс, пренесува „Унилад“.

По објавувањето на видеото, многумина се згрозиле од она што го направиле овие луѓе. За сето тоа морало да разговараат и со полицијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија5 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија7 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет8 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет8 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија8 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија8 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет9 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет9 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет9 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија18 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија18 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија19 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија21 час

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија24 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија1 ден

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија1 ден

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија1 ден

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија1 ден

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет1 ден

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...