Контакт

Европа

(Од минута во минута)Меѓународен суд на правдата: Русија мора да ги прекине воените операции,Зеленски: Одлуката на Меѓународниот суд на правдата е победа за Украина

Објавено пред

Денес е 21-виот ден од руската инвазија на Украина

dobivaj vesti na viber

Клучни информации:

НАТО подготвува нов план. Задачата за изработка на нов план за заштита од Русија денеска ќе им биде доделена на воените команданти, а плановите треба да вклучат повеќе војници и ракетна одбрана во Источна Европа.

Градоначалникот Виталиј Кличко објави 35-часовен полициски час во главниот град, предупредувајќи дека ситуацијата е тешка и опасна.

Премиерите на Чешка, Полска и Словенија се сретнаа со украинскиот претседател Зеленски во Киев. „Не сте сами“, им рекол Јанез Јанша на Украинците.

Преговорите ќе продолжат. Украинскиот претседател Зеленски рече дека разговорите стануваат пореални, а Путин рече дека ќе се држи до претходните позиции.

ЕУ воведува дополнителни санкции кон Русија, а Британија воведе санкции за уште 350 лица.

Од минута во минута:

22.00 Кремљ реагираше откако Бајден го нарече Путин воен злосторник

Откако претседателот на САД, Џо Бајден изјави дека смета дека Владимир Путин, лидерот на Руската Федерација е воен злосторник, не требаше многу да дојде реакција од Кремљ.

21.45 Бајден го нарече Путин „воен злосторник“

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го нарече својот руски колега Владимир Путин „воен злосторник“ поради неговата крвава инвазија на соседна Украина

21.30 Зеленски и Ердоган: Продолжувањето на војната не е во ничија корист

Украинскиот претседател Володимир Зеленски преку својот твитер-профил објави дека остварил телефонски разговор со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган.

21.15 Претставници на НАТО тврдат: Ова беше планот на Путин кој пропадна, сега тој бара засилување

Високи воени претставници на НАТО изјавија дека рускиот претседател Владимир Путин очигледно досега не ги постигнал своите воени цели во Украина и „веројатно нема да ги постигне“, пренесува Би-би-си

21.00 Подољак: Единствените работи што ги потврдуваме се прекин на огнот, повлекување на војници и безбедносните гаранции
Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски и главниот преговарач на Украина, напиша на Твитер за наводниот план меѓу Русија и Украина

20.45 Русите го бомбардираа театарот во Мариупол каде што се криеја стотици цивили – зграда срамнета со земја

Театарот во Мариупол, кој се користеше како засолниште за голем број граѓани, денеска беше бомбардиран и тешко оштетен

20.00 Руските власти ја блокираа веб-страницата на Би-би-си, Захарова: Ова е само почеток

Руските власти денеска го блокираа сајтот на британскиот јавен сервис Би-би-си, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова

19.30 Претставници на НАТО тврдат: Ова беше планот на Путин кој пропадна, сега тој бара засилување

Високи воени претставници на НАТО изјавија дека рускиот претседател Владимир Путин очигледно досега не ги постигнал своите воени цели во Украина и „веројатно нема да ги постигне“, пренесува Би-Би-Си.

18.50 Подољак: Единствените работи што ги потврдуваме се прекин на огнот, повлекување на војници и безбедносните гаранции

Михаил Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски и главниот преговарач на Украина, напиша на Твитер за наводниот план меѓу Русија и Украина

18.20 (Видео) Русите го бомбардираа театарот во Мариупол каде што се криеја стотици цивили – зграда срамнета со земја

Театарот во Мариупол, кој се користеше како засолниште за голем број граѓани, денеска беше бомбардиран и тешко оштетен

17.40 Руските власти ја блокираа веб-страницата на Би-би-си, Захарова: Ова е само почеток

Руските власти денеска го блокираа сајтот на британскиот јавен сервис Би-би-си, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

17.20 Зеленски: Одлуката на Меѓународниот суд на правдата е победа за Украина

Меѓународниот суд на правдата и нареди на Русија да ги запре воените дејствија што започнаа во Украина на 24 февруари

17.00 Меѓународен суд на правдата: Русија мора да ги прекине своите воени операции во Украина

Врховниот суд на Обединетите нации, Меѓународниот суд на правдата (МСП), донесе одлука за итно барање од Украина Русија да ја запре својата инвазија

16.40 Шолц ја отфрли идејата за мировна мисија на НАТО во Украина

Портпаролот на германската влада Штефен изјави дека германскиот канцелар Олаф Шолц е силно против какво било учество на НАТО во војната во Украина.

16.20 Први детали за мировниот план: НАТО не може да оди во Украина, Русија останува на Крим и Донбас

Украина и Русија подготвија пилот мировен план кој вклучува прекин на огнот и повлекување на Русија доколку Киев прогласи неутралност и ги прифати ограничувањата на своите вооружени сили, пишува Фајненшл тајмс, повикувајќи се на три извори вклучени во преговорите

16.00 САД и Русија воспоставија прв контакт на високо ниво од почетокот на инвазијата на Украина

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан разговараше со генералот Николај Патрушев, секретар на рускиот Совет за безбедност

15:40 (Видео) Германска телевизија објави снимка од руски војници кои убиваат цивил што се предава

Германскиот јавен сервис ЗДФ, во емисијата „Фронтал“ објави видео снимено со дрон на кое се гледа како во предградие на Киев руски војници убиваат украински цивил кој се обидел да се предаде. ЗДФ наведува дека станува збор за воено злосторство.

15:54 Путин: Западот ги турка властите во Киев во крвопролевање

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека воената операција во Украина била успешна. Говорејќи на состанокот за мерките за поддршка на отцепените региони, Путин рече дека Западот ќе се обиде да го загрози територијалниот интегритет на Русија, но нема да успее.

Путин изјави дека нема да дозволи Украина да стане отскочна даска за закани кон Русија, пренесува руската агенција РИА Новости.

Рускиот претседател рече дека Западот ги турка властите во Киев во крвопролевање снабдувајќи ги со оружје и платеници.

15:00 (Видео) Американскиот Конгрес со аплауз го поздрави обраќањето на Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го отвори своето обраќање пред американскиот Конгрес, пофалувајќи ја храброста на украинскиот народ и рече дека судбината на неговата земја се решава токму сега – среде руската инвазија.

Во пресрет на неговото обраќање, тој беше пречекан со аплауз од американските пратеници.

14:46 (Видео) Русите убија 10 цивили кои стоеја во ред за леб, тврдат украински медиуми

„Руските окупатори денеска нападнаа луѓе кои стоеја во ред за леб во Чернигов, убивајќи најмалку десетмина од нив“, пишува „Суспилне“ и на „Твитер“ објави видео од местото на настанот, но неговата автентичност и натаму не е официјално потврдена.

14:41 (Видео) Зеленски се обрати пред американскиот Конгрес, побара да се затвори небото над Украина

Претседателот на Украина Володимир Зеленски се обрати пред американскиот Конгрес, барајќи да се затвори небото над Украина.

Тој, исто така, побара од американскиот Конгрес да и’ обезбеди на Украина С-300 и други системи за противвоздушна одбрана како алтернатива за воспоставување зона на забранети летови.

14:00 (Видео) Хакери ја емитувале пораката на Зеленски за капитулација

Каналот „Украина 24“ објави изјава во која украинскиот претседател Володимир Зеленски, наводно, ја повикал армијата да го остави оружјето.

13:50 Украина не го прифаќа рускиот предлог за австриски модел на неутралност

 

Михаило Подољак, член на преговарачкиот тим на Украина, за локалните медиуми изјави дека секој мировен договор мора да биде под украински услови кои го штитат суверенитетoт на земјата.

13:25 Во наредните денови ќе се одлучува за судбината на Русија, вели шефот на руската шпионажа

„Се решава судбината на Русија и нејзиното идно место во светот“, рече Сергеј Наришкин, кој ја предводи руската разузнавачка служба СВР.

12:12 Британска анализа на состојбата во Украина: Човечките загуби се сериозен проблем за Русија

„Русија ги прераспоредува силите дури и од нејзиниот Источен воен округ, Пацифичката флота и Ерменија. Исто така, сè повеќе се обидува да користи нерегуларни извори како што се приватни воени компании, сириски и други платеници“, се наведува во британскиот разузнавачки извештај.

11:48 Кремљ со одговор: Понудата на Киев е компромис

Според Кремљ идејата на Киев за демилитаризацијата на Украина според австриската или шведската верзија, со зачувување на сопствената армија, без присуство на странски воени бази, е компромис.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, таквата понуда може да се смета за компромис.

Песков ги нарече дејствијата на Западот против руските бизнисмени бандитизам.

11:35 Украина: Оружје скриено во сандаци за хуманитарна помoш

Работниците на цивилниот аеродром Галилео Галилеј во Пиза не информираа за многу сериозна работа: „Хуманитарните карго летови од цивилниот аеродром треба да се полнат со намирници за измаченото украинско население. Но, тоа не е така“, велат од синдикатот во Ливорн.

11:18 Киев нуди австриска или шведска верзија на неутралност за Украина

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, Владимир Медински рече дека Киев нуди австриска или шведска верзија на неутралност за Украина.

Тоа е модел на демилитаризирана држава со своја армија. Тој истакна дека се разгледуваат голем број прашања поврзани со големината на украинската армија.

„ Украина нуди австриска, шведска верзија на неутрална демилитаризирана држава, но во исто време и држава со своја војска и морнарица. Сите овие прашања се дискутираат на ниво на раководствата на министерствата за одбрана на Русија и Украина“ изјави Медински.

11:06 Украинската војска: Убивме околу 13.800 руски војници, уништивме 108 хеликоптери

Украинските вооружени сили објавија нови податоци за руските загуби.

Според нив, од 24 февруари до 16 март, руските сили изгубиле приближно: околу 13.800 војници, 430 тенкови, 1.375 оклопни транспортери, 190 парчиња артилерија, 70 MLRS, 43 парчиња противвоздушно оружје, 84 авиони, 108 хеликоптери, 819 борбени возила, три брода и 60 цистерни за гориво.

10:36 Украинците тврдат: Го убивме четвртиот руски генерал

Украински официјални лица тврдат дека нивната војска го убила четвртиот руски генерал. Тоа е знак, велат тие, дека руската армија е принудена да испраќа генерали на линијата на фронтот за да спроведуваат операции.

10:17 Столтенберг: НАТО мора да се рестартира

НАТО денеска ќе им каже на своите воени команданти да направат планови за нови начини за одвраќање на Русија по нападот на Украина и да размислат за распоредување дополнителни војници и поставување противракетна одбрана во Источна Европа, пишува „Ројтерс“, цитирајќи неименувани официјални лица и дипломати.

Министрите за одбрана ќе се состанат денеска во седиштето на НАТО, нешто повеќе од една недела пред лидерите на сојузниците, вклучително и американскиот претседател Џозеф Бајден, да се соберат во Брисел на 24 март.

„ Мораме да ја рестартираме нашата воена позиција за оваа нова реалност“, изјави вчера генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, додавајќи дека министрите ќе започнат важна дискусија за конкретни мерки за зајакнување на безбедноста на членките на НАТО на долг рок и во сите домени.

09:30 Лавров: Имаме јасна цел

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека преговорите со Украина се насочени кон обезбедување на нејзиниот воено неутрален статус.

09:26 Зеленски составува закон против Русија: Ги поканува сите пријатели да го посетат Киев

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа потпиша закон со кој се забранува негирање или оправдување на руската агресија врз Украина.

„Володимир Зеленски потпиша закон со кој се забранува производство и дистрибуција на информативни производи насочени кон промовирање на акциите на државата агресор“, се вели во соопштението на Комитетот за хуманитарна и информативна политика на Украина.

09:23 Украинска новинарка на „Фокс њуз“ загина во Киев

Загина украинската новинарка Олександра Кувшинова во истиот инцидент во кој животот го загуби и камерманот на телевизијата „Фокс њуз“, Пјер Закржевски, објави синоќа американската телевизиска мрежа.

Олександра „Саша“ Кувшинова (24), која работела како независен консултант за „Фокс њуз“, била убиена заедно со снимателот Закржевски, откако нивното возило било погодено во вкрстен оган, објави американската ТВ мрежа на својата веб-страница, пренесува „Ројтерс“.

09:16 Џонсон: Нема шанси Украина наскоро да се приклучи на НАТО

Британскиот премиер Борис Џонсон ја коментираше изјавата на Зеленски и прашањето за влезот на Украина во НАТО.

„ Вчера повторно разговарав со Володимир и секако разбирам што кажа за НАТО и реалноста на сегашната позиција. Сите отсекогаш велеле, а ние јасно му ставивме до знаење на Путин, дека нема шанси Украина наскоро да влезе во НАТО“, додаде тој.

09:15 Си-Ен-Ен: Нордиските земји се прашуваат дали се следните на листата на Путин

Руската инвазија на Украина ја обедини Европа повеќе од кој било друг настан од крајот на Втората светска војна.

Неутралните држави испратија оружје во Украина, членките на НАТО поодговорно пристапија кон своите обврски кон алијансата, а земјите со силни економски врски со Русија и воведоа строги санкции.

Поради единството на Западот во однос на воените и политичките акции и санкциите, многумина станаа пооптимисти за одржување на безбедноста во Европа. Ова особено се однесува на трите нордиски нации – Норвешка, Шведска и Финска – кои се најдоа во центарот на вниманието поради руската инвазија поради нивната единствена врска и односи со остатокот од Европа и Русија.

09:12 Г7 ќе одржат онлајн состанок за Украина

Групата од седум најразвиени земји во светот, Г7, денеска ќе одржи онлајн состанок во врска со руските акции во Украина, најави јапонскиот министер за финансии Суничи Сузуки, пренесува „Ројтерс“.

Сузуки не прецизира дали на состанокот ќе учествуваат финансиските лидери на земјите од Г7 или други претставници.

09:02 Бајден најавува уште 800 милиони долари помош за Украина

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе објави дека САД ќе испратат нови 800 милиони долари нова воена помош за Украина, изјави претставник на Белата куќа.

Се очекува Бајден детално да го претстави планот за време на неговиот говор за ситуацијата во Украина, пренесува агенцијата АП.

09:01 Премиерот на Украина: Ќе бидат потребни 565 милијарди долари за обнова на земјата разурната од војната

Според прелиминарните проценки, ќе бидат потребни 565 милијарди долари за обнова на Украина по војната со Русија, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал.

Тој го изјави ова по средбата со полските премиери Матеуш Моравјецки, Петер Фиал од Чешка и Јанез Јанша од Словенија и вицепремиерот на Полска Јарослав Качински, пренесува Укринформ.

„Прелиминарните проценки велат дека директните еднократни загуби за Украина во моментов се проценуваат на 565 милијарди долари. Всушност, тоа се средствата што ќе бидат потребни за обнова на нашата држава“, рече Шмихал.

08:55 Американскиот Сенат: Путин е воен злосторник

Американскиот Сенат едногласно усвои резолуција со која се осудува рускиот претседател Владимир Путин како воен злосторник и се осудува руската акција во Украина.

Текстот на резолуцијата ги осудува „Руската Федерација, рускиот претседател Владимир Путин, членовите на руската делегација во Советот за безбедност, руските вооружени сили и руските воени команданти за флагрантни акти на агресија и други злосторства кои достигнуваат злосторства против човештвото и воени злосторства против народот на Украина и другите“, пренесува Тасс.

08:46 Небензја: Воената операција ќе заврши кога ќе ги исполниме целите

Руската специјална воена операција во Украина ќе биде завршена кога ќе се постигнат нејзините цели, изјави за новинарите постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја.

„ Кога ќе се постигнат целите на специјалните воени операции, тие ќе престанат“, нагласи Небензја, пренесува Тасс.

08:45 Во гранатирање на зграда во Киев повредени најмалку две лица

Станбена зграда од 12 ката во близина на центарот на Киев беше погодена од руско гранатирање рано во средата, предизвикувајќи пожари на неколку ката, се наведува во соопштението на Украинската државна служба за вонредни состојби, пренесува Си-Ен-Ен.

Зградата во областа Шевченко се наоѓа на само неколку километри од центарот на главниот град на Украина.

08:10 Нови напади врз Украина, експлозии во Одеса и Запорожје

Рано утринава, на социјалните мрежи имаше непотврдени информации за експлозии во јужните градови Одеса и Запорожје.

Оливер Керол, дописник на „Економист“, напиша дека слушнал гласни звуци во Одеса, кои би можеле да бидат системи за противвоздушна одбрана што соборуваат проектили.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Суспендиран рускиот свештеник кој одржа јавна молитва за Навални

Објавено пред

Рускиот православен свештеник, кој во март отслужи служба за мртвите за починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални, е суспендиран од свештеничките должности на три години, соопшти Московската епархија на Руската православна црква.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението објавено вчера на официјалната веб-страница на епархијата, не се наведува зошто е казнет свештеникот Дмитриј Сафронов. Нему му е забрането да дава благослов, да ја носи облеката и крстот на црковниот свештеник до 2027 година.

Сафронов треба да биде префрлен и во друга црква во Москва за да ги извршува должностите на читател на псалми. По завршувањето на периодот на покајание, врз основа на повратни информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука за можноста за негова понатамошна свештеничка служба“, се вели во соопштението на епархијата.

Сафронов одржа комеморација на 26 март, на која присуствуваа илјадници луѓе кои дојдоа да се простат од Навални, најжестокиот критичар на претседателот Владимир Путин во Русија.

Навални почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот.

Прикажи повеќе...

Европа

Судот во Русија ја одби жалбата на американскиот новинар кој е во затвор поради шпионажа

Објавено пред

Руски суд денеска ја отфрли последната од серијата жалби на новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, против истражниот затвор под обвинение за шпионажа.

dobivaj vesti na viber

Гершкович (32) е првиот американски новинар уапсен во Русија под обвинение за шпионажа по Студената војна. На 29 март минатата година тој беше приведен од Федералната служба за безбедност (ФСБ), а беше уапсен на задача во рускиот град Екатеринбург.

Руските власти тврдат дека тој се обидувал да дојде до доверливи информации кои требало да и ги пренесе на американската влада, но новинарот, весникот за кој работи и американската влада негираат дека тој е шпион.

Датумот на судењето се уште не е одреден, а притворот минатиот месец му беше продолжен за уште три месеци и треба да трае до 30 јуни.

Минатомесечното рочиште беше затворено за печатот, но во вторникот на новинарите им беше дозволено да го снимат Гершкович додека тој стои во стаклената кутија во судницата и им се насмевнува на колегите од медиумите.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека во одреден момент Гершкович би можел да биде ослободен во замена за рускиот затвореник кој се држи во странство, но таков договор се уште не е постигнат.

Прикажи повеќе...

Европа

Нова корупциска афера во Украина, осомничен министер за земјоделство

Објавено пред

Украинската антикорупциска полиција го именуваше министерот за земјоделство Микола Солски како осомничен во кривичната истрага за незаконско стекнување на државно земјиште во вредност од седум милиони долари.

dobivaj vesti na viber

Солски, кој го надгледува производството на жито во Украина за време на војната од март 2022 година, рече дека не разбира зошто сега се појавија наводите поврзани со настаните од 2017 и 2018 година.

„Не се согласувам со обвинувањата“, им рече тој на новинарите во Киев откако Украинското национално биро за борба против корупцијата објави соопштение со резултатите од истрагата.

Канцеларијата соопшти дека министерот го предводел планот за стекнување на државно земјиште во вредност од околу 6,9 милиони евра и обид да се стекне земјиште во вредност од 190 милиони гривни.

Солски е првиот министер во владата на претседателот Володимир Зеленски кој е осомничен во корупциски скандал.

Зеленски се обидува да спроведе стапка на нулта толеранција за корупција, а минатата година го отпушти министерот за одбрана поради обвинувања за примање мито поврзани со одбранбената индустрија.

Законодавците изминативе денови порачаа дека очекуваат реконструкција на Владата, секако до крајот на пролетта.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од

Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна...

Македонија1 час

3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски...

Свет2 часа

Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште

Пратениците во американската сојузна држава Тенеси усвоија закон со кој на наставниците во државата ќе им се овозможи да носат...

Регион2 часа

Во БиХ уапсени 14 криумчари, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални...

Свет2 часа

Кина изрази противење на пакетот помош од САД за Тајпеј

Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти ...

Свет2 часа

Стотици мртви во масовни гробници во Газа, меѓу нив жени и стари лица, некои со врзани раце

Палестинските тимови за цивилна заштита започнаа со ексхумација на тела од масовна гробница пред болничкиот комплекс Насер во Кан Јунис...

Македонија3 часа

Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има...

Регион3 часа

Повеќе од половина Србија обоена во жолто: Итно предупредување поради можно невреме

Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем,...

Свет3 часа

Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од...

Топ4 часа

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца, едно дете преживеало

Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат...

Македонија4 часа

Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче

Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори. Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за...

Македонија19 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија20 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија22 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија24 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија1 ден

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија1 ден

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет1 ден

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија1 ден

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет1 ден

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...