Контакт

Европа

(Од минута во минута) Кина застана на страната на Русија, Германија му се закани на Путин за гасот

Објавено пред

Денес е 28. ден од руската инвазија на Украина

dobivaj vesti na viber

Клучни настани

Германија му се закани на Путин за гасот

Кина застана на страната на Русија – не го поддржува предлогот на САД

Русите уништија вредна лабораторија во Чернобил

Зеленски за пеколот во опколениот Мариупол: Тие се без храна, вода и лекови

Над 120 деца загинале во Украина

Договорено е примирје во Луганск

Од минута во минута

21:37 Шолц: НАТО нема да војува против Русија

Украина може да смета на германската поддршка, но НАТО сигурно нема да војува со Русија, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

Во Бундестагот побара поддршка од опозицијата за опремување на армијата.

21:29 Зеленски побарал од Бајден да не го санкционира Абрамович

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го замолил претседателот Џо Бајден во телефонски разговор да не воведува санкции за рускиот олигарх Роман Абрамович бидејќи може да се покаже како корисен посредник во мировните преговори со Москва, пишува „Волстрит џурнал“.

20:35 САД утре ќе ги објават новите санкции против Русија

САД утре ќе објават нови пакет-санкции против руските политичари и олигарси кога претседателот Џо Бајден ќе се сретне со лидерите на НАТО, најави советникот на Бајден за национална безбедност, Џејк Саливан.

20:07 Германија му се закани на Путин за гасот: Подготвуваме одговор

Германија го критикува барањето на рускиот претседател Владимир Путин, кој рече дека Москва повеќе нема да прифаќа плаќања во долари и евра за испорака на гас за Европската Унија.

„Таквото барање значи раскинување на договорот“, изјави министерот за економија, Роберт Хабек, на прес-конференцијата во Берлин.

19:42 (Видео) Украина објави видео: Млади Украинци укрaле оклопно возило од Русите и се повозиле со него

На социјалните мрежи се шири видео објавено од украинските власти, кои тврдат дека е снимено во регионот Суми и дека на него се прикажани млади Украинци кои украле вооружено оклопно возило од руската армија, а потоа се возеле низ градот.

17:52 Кина застана на страната на Русија – не го поддржува предлогот на САД

Кина нема да го поддржи предлогот на САД за исклучување на Русија од Г20 (самит на лидери на 20 земји), изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбинг.

17:34 Зеленски бара француските компании да ја прекинат работата во Русија

Во своето обраќање пред францускиот парламент претходно, тој ги повика француските компании да ја напуштат Русија.

17:28 Најблискиот сојузник на Путин: Колапсот на Русија ќе доведе до голема нуклеарна експлозија

Еден од најблиските сојузници на претседателот Владимир Путин денеска ги предупреди САД дека светот може да се сврти кон нуклеарна дистопија доколку Вашингтон продолжи со, како што Кремљ го нарекува, долгорочен заговор за уништување на Русија.

16:33 Европа и НАТО никогаш не може да се вратат во времето пред рускиот конфликт

Естонија бара НАТО да формира армија во Источна Европа, која ќе може да се брани од руската офанзива, пишува „Гардијан“.

Генералниот секретар на Министерството за надворешни работи на Република Естонија, Џонатан Всевиов, изјави дека Европа и НАТО никогаш не може да се вратат во времето пред рускиот конфликт со Украина, кој почна на 24 февруари.

15:10 Бајден: Постои реална закана Русија да употреби хемиско оружје

Американскиот претседател е на пат за Европа, каде што ќе учествува на самитот на НАТО и ќе ја посети Полска. Во пресрет на патувањето, тој накратко ја коментираше можноста Русија да употреби хемиско оружје против Украина.

Тој рече дека тоа е вистинска закана.

13.50 Шарл Мишел: Путин мора да биде поразен

Украинскиот претседател Володимир Зеленски е поканет да се обрати пред Европскиот совет на самитот оваа недела, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

13.40 Помошникот на Путин поднесе оставка и ја напушти Русија

Чубаис поднесе оставка како специјален пратеник на Русија за одржлив развој и ја напушти земјата, пишува Блумберг, повикувајќи се на свои извори

13.30 Зеленски: Милиони наши луѓе постојано се докажуваат како херои

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се огласи на социјалните мрежи, каде рече дека милиони Украинци секој ден се докажуваат како херои

13.22 Украинците објавија фотографии: Русите користат забранет бел фосфор

Градоначалникот на Ирпин, град во близина на Киев, тврди дека руските сили синоќа користеле забранет бел фосфор

13.10 Фрлен молотов коктел кон Кремљ

Инцидент се случи денеска во центарот на Москва. Имено, на ѕидот на Кремљ бил фрлен молотов коктел

13.00 Швајцарците сакаат да ја депортираат Русинката за која се зборува дека е љубовница на Путин

Петицијата со која се повикува Швајцарија да депортира Русинка, која наводно е осомничена дека е љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, собра повеќе од 60.000 потписи.

12.50 Грлиќ Радман: Путин е воен злосторник

Министерот за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман рече дека Владимир Путин е воен злосторник, надевајќи се дека „рускиот автократски режим“ нема да трае долго и рече дека Хрватска „ќе знае како да возврати“ на руските закани.

12:40 Подољак со апел до западните партнери да испратат оружје: „Ако не сакате да гледате во очи на нашите починати деца“

Михаил Подољак, еден од членовите на украинскиот преговарачки тим и советник на претседателот Владимир Зеленски, упати уште еден апел до западните партнери да и го испратат на неговата земја оружјето што и е потребно за одбрана што е можно поскоро.

12.35 Руското Министерство за одбрана објави снимка од лансирање на проектили од ракетниот систем Бастион

Руското Министерство за одбрана објави снимка од ракетниот напад на крајбрежјето Бастион

12.25 Шолц разговараше со Путин, го предупредил да не користи биолошко и хемиско оружје

Во директен разговор, германскиот канцелар Олаф Шолц го предупредил рускиот претседател Владимир Путин да не користи биолошко или хемиско оружје во Украина, пренесуваат германските медиуми

12.20 Јапонскиот премиер: Се подготвуваат нови мерки за поддршка на Киев и повеќе санкции против Москва

Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска најави дека планира да претстави неколку мерки за поддршка на Украина и нов пакет санкции од Токио за Русија, на состанокот на Г7 во Брисел.

12.00 Песков: Испраќањето мировници во Украина би имало сериозни последици
Русија го предупреди НАТО дека ќе се соочи со сериозни последици доколку се согласи да испрати мировници во Украина

11.45 Блумберг: Постојат неколку сценарија во кои Путин би можел да употреби нуклеарно оружје

Путин веќе неколку пати навести дека би можел да го дофати неговиот воен арсенал доколку НАТО ја премине својата „црвена линија“, анализираат медиумите

11.35 Граѓаните на Лавов наоѓаат засолниште во засолниште старо 400 години

Откако се огласија сирените за предупредување за рускиот напад, жителите на украинскиот град Лавов најдоа засолниште во засолништето на црквата Петар и Павле од 1630 година, јавува Анадолија

11.25 Каспаров: Путин ќе употреби нуклеарно оружје само во еден случај

Познатиот шаховски велемајстор и критичар на рускиот режим Гари Каспаров на Твитер напиша дека верува оти рускиот претседател Владимир Путин само во еден случај ќе употреби нуклеарно оружје.

11.15 Кулеба: Руските ТВ пропагандисти се уште полоши од руските пилоти

Украинскиот министер Дмитро Кулеба денеска зборуваше за руските медиуми

11.10 Шолц повтори дека Германија не поддржува воведување зона на забранети летови над Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска повтори дека неговата земја нема да го поддржи воведувањето зона на забранети летови над Украина, ниту, пак, ќе испрати војници да интервенираат во руската инвазија на Украина

11.00 Нови сателитски фотографии од Мариупол – градот изгледа страшно

Максар објави нови сателитски снимки од украинскиот град Мариупол, кој со недели беше бомбардиран и гранатиран од руските сили.

10.55 Зеленски: Јапонија да го зголеми притисокот за санкциите против Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска побара од Јапонија да го зголеми притисокот на санкциите врз Русија со воведување трговско ембарго за руски стоки

10.50 Марија Захарова: Ќе и одговориме на Полска ако ни бидат протерани дипломатите

Русија ќе одговори на адекватен начин доколку од Полска бидат протерани околу 40 руски дипломати, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, пренесува РИА Новости

10.40 Полската агенција за внатрешна безбедност бара протерување на 45 руски дипломати

Полската агенција за внатрешна безбедност подготви список од 45 руски дипломати осомничени за шпионажа и побара нивно протерување од земјата“, изјави портпаролот на координаторот на полските разузнавачки служби Станислав Зарин

10.30 Лавров: Испраќањето мировници на НАТО, директен конфликт меѓу НАТО и Русија

Испраќањето мировници на НАТО во Украина би довело до директна конфронтација меѓу руските вооружени сили и алијансата, изјави шефот на руската дипломатија Лавров.

10.20 Зеленски ја отвори душата: „Ретко го гледам семејството! Моите деца знаат што се случува!“

Ретко го гледам семејство! Моите деца знаат што се случува!“, изјавил украинскиот претседатаел Володимир Зеленски

10.10 Медведев за целите на Америка: Русија никогаш нема да дозволи таков развој на настаните

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев денеска зборуваше, анализирајќи ги целите на САД кога станува збор за позицијата на Русија во светскиот поредок

10:00 Антонов: Пентагон заборави дека американските авиони ја бомбардираа Југославија

Пентагон веќе заборави како не толку одамна американските и авионите на нивните сојузници ги бомбардираа градовите Југославија, Ирак и Либија

9:50 Лидерите на НАТО утре ќе разговараат за војната меѓу Русија и Украина

Лидерите на 30-те земји членки на Организацијата на Северноатлантскиот договор (НАТО) ќе се сретнат утре во Брисел за да разговараат за ситуацијата по рускиот напад врз Украина и долгорочната позиција на НАТО во Источна Европа, јавува Анадолија.

9:35 Велика Британија објави нови податоци: Руските сили минуваат низ период на реорганизација

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство го објави најновиот извештај на одбранбените разузнавачки служби за ситуацијата во Украина – 23 март 2022 година.

9:30 Украинско МНР: Херсон се соочува со хуманитарна катастрофа

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина Олег Николенко изјави дека градот Херсон се соочува со хуманитарна катастрофа, пренесува Анадолија.

9:20 Шолц: Санкциите треба да влијаат на агресорот, но ние мора да се грижиме за нашата економија

Германија во вторникот го повтори своето противење на енергетските санкции против Русија, предупредувајќи дека тоа може да има негативни последици за европските економии, јавува Анадолија

9:10 Кирби: Имаме информации дека руските сили се во прилично неорганизирана состојба

Портпаролот на американското Министерство за одбрана Џон Кирби изјави за Си-Ен-Ен дека САД имаат информации дека руските сили се во прилично неорганизирана состојба и дека многу воени лидери на теренот не разговараат меѓу себе.

9:00 Договорено е примирје во Луганск

Прекин на огнот е договорен во областа Луганск под контрола на Русија, изјави локалниот гувернер

8:45 Зеленски за пеколот во опколениот Мариупол: Тие се без храна, вода и лекови

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека околу 100.000 луѓе останале во јужниот пристанишен град Мариупол, кој е под интензивно руско гранатирање

8:40 Над 120 деца загинале во Украина

Во војната во Украина досега загинале 121 дете, соопшти вчера во порака на Телеграм Канцеларијата на јавниот обвинител, додавајќи дека бројот на ранети деца е 167.

8:35 Заробената новинарка е ослободена, вели дека Русите ѝ го спасиле животот

Украинската новинарка Викторија Рошчина, која беше заробена од Русите, е ослободена од заробеништво откако снимила видео во кое вели дека Русите и го спасиле животот

8:30 Америка ги осудува изјавите на Русија за нуклеарно оружје

Пентагон го осуди одбивањето на портпаролите на Кремљ да ја исклучат употребата на нуклеарно оружје за време на конфликтот во Украина

8:20 Сопругата на Володимир Зеленски: Му се восхитувам секој ден, никогаш нема да се откаже од Украина

Олена Зеленска, сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски, се заблагодари на првата дама на Франција, Брижит Макрон, и на сопругите на другите лидери кои помогнаа да се зачуваат болните деца.

8:10 Русите уништија вредна лабораторија во Чернобил

Руските трупи кои ја окупираа нуклеарната централа во Чернобил ограбија и уништија лабораторија на локацијата, која третираше многу радиоактивен отпад, соопштија украинските власти

8:00 Бајден денеска пристигнува во Европа, а в петок оди во Полска

Американскиот претседател Џо Бајден денеска пристигнува во Европа, а неговата прва станица е Брисел



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Италијански град го забрани пушењето на оддалеченост помала од 5 метри од други луѓе

Објавено пред

Во италијанскиот град Торино, пушењето на отворено е дозволено само ако другите луѓе се оддалечени најмалку пет метри од пушачот, а градоначалникот Стефано Ло Русо смета дека одлуката се заснова на „здрав разум“. „Се работи за почитување на оние кои не пушат, а во исто време се работи за промовирање на културата на почит“, изјави Ло Русо, член на централно-левичарската Демократска партија, за локална радио станица во вторникот.

dobivaj vesti na viber

Сите оние кои не ја почитуваат оваа регулатива ризикуваат казна од 100 евра. Забраната се однесува на пушење цигари, пури, лулиња, загреани тутунски производи и електронски цигари, стои во одлуката што во понеделникот ја усвои и ја одобри градскиот совет.

Регулативата предвидува на луѓето кои пушат да им приоѓаат со цигара „само со нивна согласност“, додека пушењето на отворено е целосно забрането во присуство на деца и трудници.

Торино не е првиот голем италијански град кој го ограничува пушењето на отворено. Во 2021 година, Милан го забрани автобуски станици, такси, стадиони, паркови и гробишта.

Прикажи повеќе...

Европа

Макрон ја повика Русија на примирје за време на Олимпијадата; Кремљ: Режимот на Киев ги користи таквите идеи

Објавено пред

Кремљ денеска ладнокрвно реагира на повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за прекин на огнот во меѓународните конфликти за време на Олимпијадата во Париз велејќи дека Украина може да го искористи тоа како можност за прегрупирање и повторно вооружување, пренесува „Ројтерс“.

dobivaj vesti na viber

Прекинот на непријателствата според олимпиското примирје е долгогодишна традиција, а Макрон во интервјуто во понеделникот рече дека ќе работи на тоа да го постигне кога Париз ќе биде домаќин на Летните игри од 26 јули до 11 август.

Запрашан за ова, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека и рускиот претседател Владимир Путин и руската војска забележале дека, по правило, режимот во Киев ги користи таквите идеи и иницијативи за да се обиде да се прегрупира и повторно да се вооружи.

Тој не наведе ниту еден конкретен пример за вакво однесување на Украина. Војната беснее од 24 февруари 2022 година кога Путин ја почна, како што рече, „специјалната воена операција“ во Украина, а во тој период немаше прекин на огнот.

Песков не отиде толку далеку за да ја отфрли можноста за олимписко примирје, но рече дека сè уште никој не презел никакви официјални чекори во тој поглед.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Украинците објавија снимка: „Вака изгледа град под руски напад“

Објавено пред

Украинската армија, поточно војниците на 255. јуришен баталјон, кој се бори на источниот фронт, објави снимки од уништениот украински град Часив Јар, кој руските сили го напаѓаат и се обидуваат да го освојат со месеци.

dobivaj vesti na viber

Снимките од дрон покажуваат речиси и да нема неоштетени згради. Во близина на куќите има кратери од руски гранати и ракети, како и паднати дрвја. На видеото се гледаат црквата и игралиштето, кои беа уништени во руските напади.

На периферијата се крева чад.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија8 часа

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија9 часа

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија9 часа

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет9 часа

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет9 часа

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија10 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија10 часа

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, не се задоволни од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион11 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет11 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го карактеризира како терористички чин, напаѓачот уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет12 часа

Иран зад себе има незамислива сила, која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион12 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија21 час

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија22 часа

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија1 ден

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија1 ден

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија1 ден

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија1 ден

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија1 ден

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized1 ден

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...