Контакт

Свет

Зеленски во ОН објави снимка од мртви цивили, „Твитер“ го ограничува досегот на профилот на Путин

Објавено пред

Продолжува војната во Украина.

dobivaj vesti na viber

Клучни моменти:

  • Кремљ го критикува Џо Бајден, го предупредува Западот да не наседнува на „монструозни фалсификати“
  • ЕУ подготвува нови санкции против Русија, објавени се детали
  • Зеленски рече дека најверојатно нема да има средба меѓу него и Путин
  • Зеленски рече дека повеќе од 300 цивили биле убиени во Буча откако биле мачени и дека за тоа ќе биде одговорна руската армија. Тој утре ќе се обрати во ОН
  • NYT објави сателитски снимки, за кои велат дека докажуваат дека телата лежат на улица во Буча со недели.
  • Велика Британија и САД најавија уште построги санкции против Русија по масакрот во Буча, а ЕУ вели дека „сите опции се на маса“
  • Рускиот амбасадор во ОН одржа прес-конференција и тврди дека приложил доказ дека масакрот во Буча бил организиран од Украинците
  • Италија, Данска и Шведска им се придружија на сојузниците од ЕУ кои протераа руски дипломати поради војната во Украина, протерувајќи повеќе од 120 луѓе во изминатите 48 часа

Oд минута во минута:

22:30 Лавров: Лагите за Буча служат за саботирање на преговорите

По инцидентот во Буча, Украина се обиде да ги запре преговорите со Русија, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„Токму во моментот кога, во согласност со договорите од Истанбул, руската страна одлучи како гест на добра волја да ја деескалира ситуацијата на теренот, пред сè во регионите Киев и Черниговската област и три дена откако нашата армија го напушти градот Буча, таму беше организирана провокација за која се зборуваме денеска“, изјави Лавров на новинарите.

21:25 „Твитер“ го ограничува досегот на Путин и на другите официјални профили на Русија

„Твитер“ објави дека ќе го ограничи досегот на повеќе од 300 официјални профили на руската влада, вклучувајќи го и профилот на рускиот претседател, Владимир Путин.

„Веќе нема да ги истакнуваме овие профили во новостите, известувањата или на кое било друго место на нашата страница“, објави „Твитер“.

Официјалните профили на руската влада се најдоа на удар на критики поради наводно ширење дезинформации за војната во Украина. Но, за разлика од твитер профилите на прорежимските руски медиуми, официјалните профили на руската влада досега не беа на мета на модераторите на оваа социјална мрежа.

21:05 (Видео) Џонсон се обрати директно до рускиот народ: Видете што се прави во ваше име

Британскиот премиер Борис Џонсон преку видео им се обрати на граѓаните на Русија. Видеото е објавено на социјалните мрежи и има руски превод.

На почетокот на обраќањето Џонсон на руски рече: „Рускиот народ ја заслужува вистината, заслужува да ги знае фактите“.

21:00 Британска министерка: Замрзнавме 350 милијарди долари од воената каса на Путин

„Досега нашите санкции ги парализираа оние што ја хранат и финансираат воената машина на Путин. Оваа недела ќе објавиме дека замрзнавме повеќе од 350 милијарди долари од воената каса на Путин“, рече британската министерска за надворешни работи, Лиз Трас, на заедничка прес-конференција со полскиот колега Збигњев Рау.

Тоа е повеќе од 60 отсто од девизните резерви на режимот од 604 милијарди долари, додаде таа.

20:30 Рускиот амбасадор во ОН: Мора да го отсечеме нацистичкиот тумор што ја јаде Украина

Рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензја, денеска на седница на Советот за безбедност ги повтори тврдењата на Русија за нацисти во Украина.

„Не дојдовме во Украина за да освојуваме територии. Мораме да го отстраниме малигниот нацистички тумор, кој ја јаде Украина и кој на крајот ќе почне да ја јаде и Русија. И ќе ја постигнеме таа цел“, рекол рускиот амбасадор, а пренесува Би-би-си.

19:40 САД за утре најавија нови остри санкции: Руската клептократија ќе се соочи со невидени штети

САД за утре најавуваат нов пакет на санкции против Русија во координација со земјите-членки на Г7 и Европската унија, изјавил претставник на администрацијата на Бајден за Си-ен-ен.

„Овие мерки ќе ги деградираат клучните инструменти на руската државна моќ и ќе наметнат акутна и брза економска штета на Русија. Тие ќе ја таргетираат руската клептократија која ја финансира и поддржува војната на Путин“, рекол претставникот.

19:15 Борел: ЕУ протерува 19 руски дипломати поради незаконски дејствија

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, одлучи да прогласи за персона нон грата повеќе претставници на Постојаната мисија на Руската Федерација при ЕУ, поради, како што рече, ангажман во активности спротивни на нивниот дипломатски статус.

Брисел наведува дека станува збор за 19 вработени во Мисијата на Руската Федерација при ЕУ и дека генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи денеска го повикал рускиот амбасадор во ЕУ да го информира за таа одлука.

19:05 Зеленски бара исфрлање на Русија од Советот за безбедност на ОН

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика Обединетите нации да го реформираат својот систем, кој на Русија, како постојана членка на Советот за безбедност ѝ дава право на вето.

Тој го повика Советот за безбедност, како што рече, да ја исфрли Русија од својот состав како агресор и извор на војна за да не може да ги блокира одлуките за сопствената агресија.

19:00 Летонија и Естонија ги затворија руските конзулати: „Персоналот мора да ја напушти земјата“

Летонија и Естонија поединечно наредија затворање на два руски конзулата и наредија конзуларниот персонал да ја напушти земјата, соопштија денеска нивните министерства за надворешни работи.

18:00 Путин предупредува за недостиг на храна: „Ќе внимаваме колку извезуваме во непријателските земји“

Владата треба да регулира одредени залихи, вклучително и семиња и гориво, предупреди рускиот претседател Владимир Путин во телевизиско обраќање.

За тоа го обвини глобалниот недостиг на храна, а не западните санкции кон Русија.

„Јасно е дека оваа година, во услови на глобален недостиг на храна, ќе треба да бидеме повнимателни во снабдувањето со храна за странство, односно внимателно да ги следиме параметрите на таквиот извоз во земјите кои се јасно непријателски настроени кон нас“, изјави тој.

17:45 (Вознемирувачко видео) Зеленски во ОН објави снимка од руски воени злосторства во Украина

На почетокот украинскиот претседател рече дека се обраќа во ОН во ​​име на жртвите на Русија.

„Убивале и силувале жени пред очите на нивните деца. Тоа го правеле руските војници“, рече Зеленски. „Светот допрва треба да види што направија во другите окупирани области на нашата земја“, додаде тој.

16:20 Блинкен: Буча прикажува намерна кампања на убиства, мачење, силување, злосторства

„Она што го видовме во Буча не е случаен чин на одметничка единица. Тоа е намерна кампања на убивање, мачење, силување, извршување злосторства. Извештаите се повеќе од веродостојни. Доказите се таму за светот да ги види. Тоа ја зајакнува нашата решеност и определбата на земјите ширум светот да се погрижат на еден или друг начин, еден или друг ден, да има одговорност за оние кои ги извршиле овие дела“, рече тој.

15:50 Столтенберг: Почнува клучна фаза од војната

Ова е опасност за сите нас. Започнува клучната фаза од војната, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој зборуваше на прес-конференција во Брисел.

„Она што сега го гледаме е бруталност од размери што не сме го виделе во Европа од Втората светска војна“, рече тој, оценувајќи ја состојбата како исклучително сериозна.

15:43 Повеќе од 7 милиони луѓе се раселени во Украина, соопштија ОН

Бројот на внатрешно раселените лица во Украина се искачи на повеќе од 7,1 милион, според Меѓународната организација за миграција.

„Луѓето сè уште ги напуштаат своите домови поради војната, а хуманитарните потреби на теренот продолжуваат да растат“, рече генералниот директор на организацијата, Антонио Виторино.

15:39 ЕУ воведува нови санкции за Русија, тензии меѓу членките

Фон дер Лајен на Твитер објави список со санкции што ЕУ ќе ги воведе кон Русија

15:00 Франција почна истрага за воени злосторства во Украина против француски државјани

Француските антитерористички обвинители денеска почнаа три истраги за можни воени злосторства поврзани со дела против француски државјани извршени во Украина од руската инвазија.

Во соопштението се наведува дека тие истражуваат можни злосторства извршени во украинските градови Мариупол, Гостомел и Чернихив меѓу 24 февруари и 16 март, пишува Блумберг.

14:10 Кремљ го предупреди Западот: Размислувајте со своја глава, ова е монструозно

Кремљ соопшти дека вчерашните изјави на американскиот претседател Џо Бајден во кој се повикува Владимир Путин да му се суди за воени злосторства се „неприфатливи и недостојни за еден американски лидер“.

14:00 Борел: Ситуацијата во Буча не е геноцид

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, денеска го коментираше настанот во украинскиот град Буча и рече дека нема да го нарече геноцид.

„Зборот геноцид би го употребил за многу пострашни работи“, изјави Борел во интервју за радиостаницата COPE, пренесува РИА Новости.

13:50 Повеќе од 120 руски дипломати протерани од ЕУ за два дена

Италија, Данска и Шведска им се придружија на сојузниците од ЕУ кои протераа руски дипломати поради војната во Украина, протерувајќи повеќе од 120 луѓе во изминатите 48 часа.

12:58 Данска и Италија протераа руски дипломати поради Буча, Москва се закани дека ќе возврати

Данска и Италија најавија протерување на голем број руски дипломати, по извештајот за масакрот во Буча во близина на Киев, објавен во текот на викендот. Данска соопшти дека ќе протера 15 руски дипломати, во согласност со чекорите преземени од другите земји од Европската Унија, по извештаите за пронајдени масовни гробници и убиства на цивили во украинскиот град Буча.

12:40 Медведев: Ќе изградиме отворена Евроазија – од Лисабон до Владивосток

Еден од најблиските сојузници на Владимир Путин, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, на Телеграм објави која е крајната цел на Москва, пренесуваат медиумите.

Во изјавата за Телеграм, Медведев ги повтори отфрлените тврдења на Кремљ за „нацистички симпатизери во Украина“, велејќи дека дел од Украинците се молат за Третиот рајх во последните 30 години.

12:35 Шефицата на Европскиот парламент: Несомнено, Путин треба да биде обвинет за воени злосторства

Мецола не се сомнева дека во Буча имало воени злосторства и истакнува дека снимката од Буча не е лажна. Тој смета дека одговорните треба да одговараат за она што се случило таму.

12:14 Зеленски: Средба со Путин е малку веројатна

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е малку веројатна средба лице в лице меѓу него и Владимир Путин.

12:09 Британците објавија нов разузнавачки извештај, ова се трите клучни точки

Британското Министерство за одбрана на Твитер ги објави најновите дневни разузнавачки информации за ситуацијата во Украина. Во нив има три главни точки.

11:30 Германија ја заплени филијалата на руската компанија „Гаспром“

Германија ја презеде сопственоста на германската филијала на рускиот државен енергетски гигант „Гаспром“.

Берлинскиот енергетски регулатор привремено ќе ја контролира компанијата и покрај претходното инсистирање на Москва дека таквиот потег би бил незаконски, пишува „Раша тудеј“.

11:21 Абрамовиќ е во криза: Ги моли пријателите во Холивуд да му позајмат по милион долари

Рускиот олигарх Роман Абрамовиќ ги моли своите пријатели од Холивуд и американските моќници да му позајмат по милион долари.

Тој се најде во безизлезна ситуација откако беше цел на западни санкции, а целиот имот му беше замрзнат поради рускиот напад на Украина.

11:20 Кличко: На секое евро од Русија има украинска крв

Градоначалникот на главниот град на Украина, Киев, Виталиј Кличко, побара од европските политичари да ги прекинат сите комерцијални врски со Москва, велејќи дека плаќањата кон Русија се покриени со „крв“ и помагаат во финансирањето на нејзината армија.

10:20 На владина седница ќе се разговара за згрижувањето на бегалците од Украина

На денешната седница ќе се разгледува Информација за усвојување на план-протокол за прифаќање, згрижување и сместување, како и регулирање на статусот на лица кои од Украина ќе допатуваат во Република Северна Македонија како последица на воените дејствија.

9:51 Небензја: Снимката од телата во Буча е од 3 април, по заминувањето на руските сили од градот

Амбасадорот на Русија во Советот за безбедност на ОН, Василиј Небензја, рече дека приказната дека Русија е одговорна за масакрот во Буча е голема лага.

„Сакам да ви презентирам вистински докази за Буча. Додека градот беше под контрола на руската армија, ниту еден жител не беше жртва на насилство. За тоа време жителите се движеа слободно. Тие користеа мобилни телефони за да можат да објавуваат каква било слика или видео од некакво теоретско насилство што беше случај. Но, тоа не се случи“, рече Небензија.

9:39 „Њујорк тајмс“: Овие сателитски снимки докажуваат дека телата во Буча лежеле со недели улица

Мртвите тела на цивили во Буча лежеле на улиците со недели, и покрај руските тврдења дека убиствата се случиле откако војниците си заминале, пренесува „Њујорк тајмс“.

Кремљ беше обвинет за масакр, Киев исто така го обвини за геноцид, но Русија негираше дека нејзините војници убиле цивили и тврди дека сето тоа било лага и измама. Сега, анализата на сателитските снимки пред и потоа направени од „Њујорк тајмс“ покажа дека многу цивили биле убиени пред повеќе од три недели – додека руските сили го контролирале и градот и тој дел од регионот на Киев.

9:10 Убиените во Буча биле со врзани раце, умреле клекнати, застрелани во задниот дел од главата, велат сведоци

Носејќи ракавици и маска за лице, Сергеј Матујк доживеа неописив хорор во последниот месец. Како што пишува „Скај њуз“, неговата работа е да ги закопува телата во украинскиот град Буча, каде што се појавија докази за можни воени злосторства од страна на руските сили.

„Тие се курви“, изјави тој за „Скај њуз“, стоејќи покрај големо бело комбе, чекајќи уште пет мажи да ги натоварат телата во задниот дел.

8:52 (Видео) Зеленски: Во Буча биле мачени и убиени повеќе од 300 цивили, започната е истрага

Во синоќешниот говор претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека повеќе од 300 цивили биле мачени до смрт во Буча и најави дека денеска ќе се обрати во ОН.

„Само што започнавме истрага за сè што направиле окупаторите. Во моментов има информации за повеќе од триста убиени и мачени само во Буча. Списокот на жртви веројатно ќе биде многу поголем кога ќе се провери целиот град. И ова е само еден град“, рече Зеленски, кој исто така рече дека бројот на жртви може да биде значително поголем во Бороѓанка и некои други ослободени градови.

8:43 Москва предупреди на пропорционален одговор на протерувањето на дипломатите

Русија пропорционално ќе одговори на протерувањето на нејзините дипломати од голем број западни земји, изјави поранешниот руски претседател и заменик-претседател на Советот за безбедност Дмитриј Медведев, пренесува „Ројтерс“.

Сите го знаат одговорот: тоа ќе биде симетрично и деструктивно за билатералните односи. Кого казнија? Пред сè себеси“, рече Медведве.

Регион

ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати

Објавено пред

Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.

ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.

Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Три сантиметри снег на Копаоник

Објавено пред

На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.

dobivaj vesti na viber

Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.

Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.

Прикажи повеќе...

Свет

Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО

Објавено пред

На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.

dobivaj vesti na viber

Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.

На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ14 часа

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија15 часа

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ16 часа

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија17 часа

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија18 часа

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија19 часа

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија20 часа

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион22 часа

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...

Свет22 часа

ОН се обидуваат да го спречат гладот ​​во Газа: „Постојано некои нови проблеми“

Обединетите нации(ОН) се уште се борат да се обидат да го спречат гладот ​​во Појасот Газа. Иако има одредено подобрување...

Македонија22 часа

Мицкоски: 13-ти ден од кампањата, а Пендаровски не кажа ни збор за криминалите на ДУИ, за „Соравија“, за грабежот – тоа значи дека го прифаќа

Најголемата трагедија е што овие години полека, но сигурно системот е срушен. Системот кој е создаден да служи на народот,...

Свет22 часа

Израел го остава Иран во неизвесност во врска со нивниот одговор за нападот: „Нека бидат нервозни“

Ставот на израелскиот воен кабинет е дека Иран треба да продолжи да погодува каков ќе биде одговорот на Израел на...

Македонија22 часа

Пендаровски: Tие што беа против преспанскиот договор сега се фалат со НАТО-членството

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вчера вечер во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант...

Македонија2 дена

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија2 дена

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија2 дена

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија2 дена

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет2 дена

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет2 дена

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија2 дена

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, не се задоволни од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...