Контакт

Свет

(Од минута во минута) Тензично во Азовското Море, воена состојба во Украина, војската на готовс

Објавено пред

Ден по инцидентот меѓу Русија и Украина во Азовското Море, кога Русија заплени три украински брода со употреба на оружје, состојбата во теснецот е стабилна, но расне напнатоста на политички терен.

dobivaj vesti na viber

22:05 Трамп: Не ми се допаѓа ситуацијата помеѓу Москва и Киев

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека не му се допаѓа она што се случува помеѓу Русија и Украина, ден откако Русија заплени украински бродови во близина на Крим.

„Не ми се допаѓа ова што се сучува. Се надеваме дека тоа ќе биде решено“, изјави Трамп пред новинарите, пренесе „Ројтерс“.

21: 10 Парламентот го подджа Порошенко: Воена состојба од 30 дена во Украина

Украинскиот парламент ја поддржа одлуката на претседателот на земјата, Петро Порошенко за воена состојба во рок од 30 дена поради инцидентот во керчската теснина.

Седницата на која требаше да биде одобрен указот за прогласување на воената состојба претходно беше одложена и започна со доцнење поради барања на дел од пратениците за детална дискусија пред да се пристапи кон гласањето, јавија локалните медиуми.

21:00 Руската служба за безбедност: Бродовите делувале по наредба на Киев

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) објави вечерва преглед на настаните во керчската теснина, истакнувајќи дека трите бродови на Украина влегле во територијалните води на Русија, по директна наредба од страна на Киев.

ФСБ соопшти дека трите брода на украинската морнарица ги прекршиле членовите 19 и 21 од Конвенцијата на Обединетите Нации за поморски права, ја преминале границата на 25 ноември и влегле во привремено затворено подрачје на територијалните води на Русија. Тие се движеле од Црното море кон керчската теснина, се наведува во соопштението на ФСБ.

20:22 Сенатор побара дополнителна помош за Украина

Американскиот сенатор, Роберт Менендез апелираше од претседателот на САД, Доналд Трамп да пружи дополнителна помош за Украина како одговор на руската акцијаво близина на Крим.

20:03 Русите ги испитувале притворените украински морнари

Руската федерална безбдносна служба (ФСБ) соопшти дека ги испитала украинските морнари притворени по инцидентот во керчската теснина.

ФСБ објави видео од сослошувањето, пренесе руската новинска агенција „ТАСС“.

20.00 Одложена седницата за воената состојба во Украина

Украинскиот парламент ја одложи седницата на која треба да биде одобрен указот за предлогот за воената состојба во земјата, што го потпиша украинскиот претседател, Петро Порошенко.

Како што пренесуваат медиумите, членовите на неколку парламентарни партии на почетокот на едницата побарале детална дискусија за моменталната ситуација, по инцидентот во керчската теснина.

19:20 Советот за безбедност не го усвои предлогот на Русија

Седум членки на Советот за безбедност на Обединетите Нации гласаа против рускиот предлог да се свика итна седница посветена на инцидентите во керчската теснина.

Кина, Русија, Казахстан и Боливија го поддржаа рускиот предлог, а четири земји беа воздржани, пренесе руската новинска агенција „ТАСС“.

18: 51 Столтенберг ја повика Русија да ги ослободи морнарите и бродовите

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг ја повика Русија да ги ослободи украинските морнари и бродови, оценувајќи дека не постои оправдување за постапките на Москва.

„Она што го видовме вчера беше многу сериозно“, изјави Столтенберег на прес-конференција за новинарите по вонредниот состанок на Алијансата по барање на Украина.

18:43 Ники Хејли ја предупреди Русија за состојбите во Украина

Американската амбасадорка при Обединетите Нации, Ники Хејли ја предупреди Русија дека запленувањето на трите воени брода претставува срамно нарушување на суверенитетот на украинската територија и дека се работи за арогантен чин што меѓународната заедница мора да го осуди.

18:03 Порошенко ја намалува воената состојба на 30 дена

Претседателот на Украина, Петро Порошенко соопшти вечерва дека ќе предложи до парламентот во земјата, воената состојба да трае 30, наместо претходно најавените 60 дена, јави украинската амбасада во Белград.

16:20 Хан бара ослободување на украинските морнари

Европскиот комесар, Јоханес Хан, побара од Русија да ги ослободи морнарите и бродовите што вчера беа запленети во близина на теснината Керч.

15:55 Претставник на украинската амбасада повикан на разговор во руското МНР

Претставник на украинската амбасада повикан на разговор во руското МНРОбјавено пред 1 минута – 26 ноември, 2018Од Макфакс

Заменик-секретарот на украинската амбасада во Москва, Руслан Нимчиски, пристигна во руското Министерство за надворешни работи, само неколку часа откако Москва објави дека ќе ги покани претставниците на Украина да разговараат за инцидентот во Керч, пренесува ТАСС.

15.10 Воведена воена состојба во Украина

Указот за одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана за воведување на воена состојба во Украина, која денеска ја потпиша претседателот Петро Порошенко, ќе биде на сила се до 25 јануари 2019 година, беше објавено на веб-страницата на украинскиот претседател.

14.45 Климкин: Украина го задржува правото да се одбрани од Русија

Украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин изјави дека Украина го задржува правото да се одбрани од Русија. Тој не ја исклучува можноста дека Москва ќе продолжи со агресивни чекори и на копно и на море.

14.00 Европската комисија побара од Русија да ги ослободи украинските бродови

Европската комисија побара од Русија да ги ослободи трите украински брода што беа запленети во неделата во близина на полуостровот Крим, кој беше припоен кон Русија во 2014 година.„Ројтерс“ објави дека портпаролката на Европската комисија истакнала дека ЕУ не го признава руското припојување на Крим и изјавила дека Русија е должна итно да го одблокира теснецот Керч.

Денеска украинскиот парламент треба да го разгледа барањето на претседателот Петро Порошенко за воведување вонредна состојба.

Украинската морнарица изјави дека шест морнари биле повредени во неделата кога руската крајбрежна стража во близина на теснецот Керч отвори оган врз три украински брода, а потоа и ги заплени. Киев тврди дека украинските бродови ги почитувале правилата на меѓународниот поморски закон кога се упатиле кон Азовското Море.

13.30 Москва се закани: Киев ќе се соочи со последици по инцидентот кај Керч

Официјална Москва упати предупредување до Киев за можни последици со кои ќе се соочи по обидот за провоцирање конфликт, откако украински бродови нелегално влегоа во руските територијални води, пренесе „Раша тудеј“. Русија се закани дека силно ќе одговори со слични провокации.

12.45 Украинската амбасада во Скопје: Кремљ почна нова борба со Украина

По окупацијата на Крим и вооружената агресија на истокот на Украина, Кремљ почна нова фаза на борба со Украина – се спроведува економска блокада на украинските пристаништа во Азовското Море и на секој начин се комплицира морепловството во Црното Море, велат од Амбасадата на Украина во Скопје, еден ден по инцидентот кога Русија заплени три украински брода со употреба на оружје.

12.40 Украинскиот парламент ќе го разгледува барањето за воведување вонредна состојба

Украинскиот парламент денеска треба да го разгледа барањето на претседателот Петро Порошенко за воведување вонредна состојба.Претходно Министерството за одбрана на Украина соопшти дека војската е во состојба на највисока борбена готовност, по одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина за воведување воена состојба во земјата, пренесува „Спутник“.

Претседателот на Украина, од друга страна, пак, побара од Русија веднаш да ги ослободи украинските морнари и бродови што беа запленети во Црното Море.

Тензиите меѓу Русија и Украина се засилија по ситуацијата во Азовското Море. Бродови на руската крајбрежна стража запленија три воени украински брода во Црното Море кај Крим, кои се обиделе да преминат низ теснецот Керч. Руската страна употребила оружје за да ги принуди да запрат, а во инцидентот се ранети тројца украински војници, наведе Федералната служба за безбедност на Русија.

12.30 Лавров: Намерна провокација од Украина

Провокацијата во теснецот Керч очигледно е дека е изведена под директна наредба на украинските власти, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„Нема сомнежи дека е направено намерно и под директна наредба на раководството“, изјавил Лавров, коментирајќи го вчерашното впловување на украинските бродови во руските територијални води, пренесе ТАС. Тој истакнал дека украинската страна, кога ја планирала оваа провокација, сигурно пресметала дополнителна корист што сакала да ја извлече од оваа ситуација, очекувајќи САД и Европа слепо да ја поддржат, како и секогаш.

11.50 Ситуацијата кај Керч се смирува, Русија го отвори преминот

Русија го отвори теснецот Керч во близина на Крим, објави агенцијата „РИА Новости“. Теснецот е отворен откако руската крајбрежна стража заплени три украински брода во Црното Море во близина на Крим во неделата и употреби оружје за да ги принуди да запрат. Во овој момент ситуацијата е нормализирана, изјави генералниот директор на пристаништата на Крим, Алексеј Волков.

„Пловидбата низ каналот Керч е повторно воспоставена… нормално функционира”, рече Волков, јавува ТАС. Русија го блокираше теснецот Керч во неделата и притоа заплени три украински брода за кои изјави дека илегално влегле во територијалните води на Русија.

Воена состојба во Украина, војската на готовс

Министерството за одбрана на Украина соопшти дека војската е во состојба на највисока борбена готовност, по одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина за воведување воена состојба во земјата, пренесува „Спутник“.

„Засилени се контраразузнавачките мерки со цел да се спречат други провокации од разузнавачките служби на Русија на територија на Украина и дестабилизација на ситуацијата во земјата“, соопшти Министерството.

Тензиите меѓу Русија и Украина се засилија по ситуацијата во Азовското Море. Бродови на руската крајбрежна стража запленија три воени украински брода во Црното Море кај Крим, кои се обиделе да преминат низ теснецот Керч. Руската страна употребила оружје за да ги принуди да запрат, а во инцидентот се ранети тројца украински војници, наведе Федералната служба за безбедност на Русија.

Украинската воена морнарица соопшти претходно дека испратила два мали алртилериски брода и еден брод што се користи за влечење на други пловни објекти од Одеса кон Мариопуљ, за што е потребно да се помине низ Црното Море околу Крим низ теснецот Керч во Азовското Море. Москва соопшти и дека над теснецот патролираат авиони Су-25. Поради ваквата состојба, Русија закажа вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации за 11 часот по локално време.

11. 30 Порошенко бара ослободување на украинските морнари

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, побара од Русија веднаш да ги ослободи украинските морнари и бродови кои беа запленети во Црното Море.Порошенко на состанокот на Националниот совет за безбедност побара и смирување на кризата поврзана со Крим.

Денеска украинскиот парламент треба да го разгледа и барањето на Порошенко за воведување вонредна состојба.Украинската морнарица изјави дека шест морнари биле повредени во неделата кога руската крајбрежна стража во близина на теснецот Керч отвори оган врз три украински брода, а потоа и ги заплени.Киев тврди дека украинските бродови ги почитувале правилата на меѓународниот поморски закон кога се упатиле кон Азовското Море.

11.00 Драма пред рускиот конзулат во Харков 

Пред рускиот конзулат во Харков група демонстранти запалила факели, а како што може да се види на фотографиите и снимките на местото на настанот, во дворот на конзулатот се случил и мал пожар.

10.53 Украинскиот вршител на должноста повикан во Министерството за надворешни работи на Русија 

Вршителот на должноста во Амбасадата на Украина во Москва, Руслам Нимчински, е повикан во Министерството за надворешни работи на Русија во врска со „провокативните акции на Киев во Азовското Море”, изјави портпаролката на Министерството, Марија Захарова.

10.30 Турција загрижена,  Полска со осуда до Русија

Турција утрово соопшти дека е загрижена поради последните случувања меѓу Русија и Украина, додека Полска го осуди „агресивното однесување на Русија”, објави „Ројтерс“. Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека не треба да има сообраќајна опструкција во теснецот Керч, што го поврзува Црното Море со Азовското Море.

10.00 НАТО ја следи ситуацијата  

НАТО преку социјалната мрежа „Твитер“ објави дека постојано го следи развојот на ситуацијата во Азовското Море и теснецот Керч и дека е во контакт со властите на Украина, чијшто територијален интегритет го поддржува.Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, на својот „Твитер“ додаде дека алијансата повикува на воздржаност и деескалација на конфликтот.

9.00 Протести пред руската амбасада во Киев

Неколку стотици демонстранти се собраа синоќа пред зградата на руската амбасада во Киев.Тие пред зградата на руската амбасада, како што објави Би-би-си, оставиле бротчиња направени од хартија. Според руските медиуми, тие пред оградата исто така поставиле гуми што се обиделе да ги запалат, но полицијата реагирала и ги спречила да го сторат тоа.

10.00 – Берлин повикува на смирување на ситуацијата

Заменикот на германскиот министер за надворешни работи, Михаел Рот, ги повика Русија и Украина да ги смират тензиите по инцидентот на Црното Море. Рот рече дека ова прашање е многу сериозно и дека ескалацијата на односите меѓу Русија и Украина е последна работа што ни е потребна.

9.57 Запален руски дипломатски автомобил во Киев

Во близина на Амбасадата на Русија во Киев, пред која синоќа беа палени факели и димни бомби, изгоре автомобил со руски дипломатски таблички. Најверојатно станува збор за руско дипломатско возило.

 

25. 11. 2018 Воени бродови предизвикаа тензии меѓу Русија и Украина, интервенираше и руската гранична служба

Уште два украински воени брода се упатија од Бердјанск кон областа во која претходно три украински бродови веќе влегоа во руски територијални води, а пограничната стража на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) презема чекори со цел да се спречи нова провокација, соопшти прес-службата на ФСБ.

Граничната служба на руската ФСБ претпладне по локално време увидела дека уште два оклопни артилериски брода го напуштиле пристаништето во Бердјанск и потоа со максимална брзина се упатиле кон теснецот Керч, односно кон зоната на провокацијата што Украина ја извела претходно денеска.

Претходно, граничната служба на руската ФСБ во Крим објави дека три украински воени брода илегално ја минале границата на руската држава и влегле во нејзини територијални води, притоа изведувајќи опасни маневри.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина

Објавено пред

Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија  неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.

dobivaj vesti na viber

Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.

Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.

Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот

Објавено пред

Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.

dobivaj vesti na viber

Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.

Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.

Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.

Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.

Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.

Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.

Прикажи повеќе...

Свет

Уапсен заменикот на Сергеј Шојгу, осомничен е за примање мито

Објавено пред

Рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов е приведен под сомнение дека примил поткуп, соопштиРускиот истражен комитет.

dobivaj vesti na viber

„Заменик-министерот за одбрана на Русија, Тимур Владимирович Иванов, е приведен поради сомнение дека сторил кривично дело примање поткуп“, се наведува во соопштението објавено на каналот Телеграм на Истражниот комитет, пренесува РИА.

Во 2012 година, Иванов беше вицепремиер на Московскиот регион.

Од 2013 до 2016 година, тој беше генерален директор на АД Оборонстрој.

Во мај 2016 година со претседателски указ е назначен за заменик министер за одбрана.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија12 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија14 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија16 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија18 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија19 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет19 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија19 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет20 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија20 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет20 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија1 ден

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија1 ден

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија1 ден

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија2 дена

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија2 дена

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија2 дена

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија2 дена

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија2 дена

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија2 дена

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...