Контакт

Свет

(Од минута во минута) Германија и Франција протераа руски дипломати, Лавров: Имаме документи за вистината во Буча

Објавено пред

Од минута во минута го следиме новиот ден на руската инвазија на Украина. Денеска е 40-ти ден.

dobivaj vesti na viber

Клучни податоци:

Бајден: На Путин да му се суди за воени злосторства

  • Зеленски одржа говор на  наградите „Греми“
  • АП пишува дека украинската градоначалничка на град во близина на Киев и нејзиното семејство биле егзекутирани и фрлени во јама
  • Украина: 7 мртви и 34 ранети во нов руски напад врз Харков, 3 мртви во напад кај Харков, 6 мртви во Доњецк, уште еден загинат во напад на исток
  • Павло Кириленко, лидер на регионот Доњецк, ги предупреди жителите да ја напуштат областа бидејќи се заканува воена ескалација
  • Францускиот претседател Емануел Макрон реагираше на масакрот во Буча повикувајќи на забрана за увоз на руски јаглен и нафта, пренесува „Киев Индипендент“
  • Борел: Итно мора да се донесат нови санкции поради злосторствата во Буча

Од минута во минута:

22:12 Лавров: Имаме документи кои ќе ја покажат вистината за масакрот во Буча

Русија ќе претстави документи кои сведочат за вистинската природа на настанот во украинскиот град Буча, каде московските сили се обвинети за масакрирање цивили, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

„ Денеска преку нашиот постојан претставник (во ОН) ќе организираме прес-конференција на која ќе презентираме документи за вистинската природа на настанот“, изјави тој.

21.07 Франција протерува 35 руски дипломати

Франција има намера да протера 35 руски дипломати чии активности се спротивни на нејзините интереси, изјави извор близок до француското Министерство за надворешни работи.

„Потегот е дел од европскиот пристап“, се вели во соопштението на Министерството истакнувајќи го бројот на руски дипломати што треба да бидат протерани од земјата.

21:03 (Видео) Пленковиќ го осуди военото злосторство во Буча

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го осуди военото злосторство во Буча, каде што беа пронајдени стотици убиени цивили уште еднаш изразувајќи поддршка и солидарност со Украина.

„Го осудивме военото злосторство во Буча кај Киев, каде што гледаме егзекуција на цивили на брутален начин, што најостро го осудуваме и уште еднаш изразуваме поддршка и солидарност со Украина“, изјави премиерот.

20:33 (Видео) Мецола: Треба да ѝ воведеме ембарго на Русија и да престанеме да ги финансираме бомбите

Европската Унија треба да воведе ембарго кон Русија и да ја намали нејзината енергетска зависност за да престане со индиректно финансирање на бомбите, изјави претседателот на Европскиот парламент, Роберта Мецола, на пленарната седница во Стразбур, повикувајќи на построги санкции.

„Треба да ја зајакнеме нашата стратегија за да ја претвориме оваа нелегална инвазија во најскапата грешка што Москва некогаш ја направила. Навистина треба да одговориме на овие невидени злосторства на кои сме сведоци“, рече Мецола во говорот на отворањето на пленарната седница.

20:03 Шефот на кинеската дипломатија: Веруваме дека Украина ќе донесе правилна одлука

Кина верува дека Украина има доволно мудрост да избере што ќе биде во интерес на нејзиниот народ и европската безбедност, рече кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји.

„ Војната сигурно ќе заврши, а потоа најважното прашање ќе биде како да се помогне да се надмине болното искуство и да се обезбеди долгорочна безбедност во Европа“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи на својата веб-страница, цитирајќи го она што Ји го кажал во телефонскиот разговор со неговиот украински колега Дмитриј Кулеба, пренесува ТАС С.

19:51 Германија протера 40 руски дипломати

Германското Министерство за надворешни работи одлучи 40 вработени во руската амбасада да ги прогласи за персона нон грата, објави германскиот неделник „Шпигел“.

Оваа информација ја потврди и министерката за надворешни работи, Аналена Бербок, без да го наведе бројот на руски дипломати што ќе бидат протерани, пренесе „Интерфакс“.

18:32 Бугарија доби официјално барање од Русија

Бугарија добила официјално писмо од „Гаспром“ во кое бара рускиот гас да се плаќа во рубли, пишува „Новините“.

Како што се наведува, тоа го потврдил и министерот за енергетика на Бугарија Александар Николов. Известувањето е добиено во петокот вечерта, а во него се наведува дека руската компанија очекува во иднина плаќање на гас исклучиво во рубли.

18:24 Британската министерка Трас: Русија да биде суспендирана од Советот за човекови права на ОН

„Со оглед на веродостојните докази за воени злосторства, вклучително и извештаите за масовни гробници во Буча, Русија не може да остане членка во Советот за човекови права на ОН“ , напиша на „Твитер“ британската министерка.

18:17 Австрија и Германија против воведување ембарго на увозот на рускиот гас

Официјална Виена се противи на воведување ембарго за увоз на рускиот гас, а министерот за финансии на Австрија, Магнус Брунер, денеска, пред состанокот на еврогрупата во Луксембург, изјави дека Австрија целосно се согласува со Германија и го отфрла ембаргото за рускиот гас.

Претходно, германскиот министер за економија, Роберт Хабек, се изјасни против итно воведување ембарго за увоз на енергенти од Русија.

„Санкциите се корисни само доколку не го погодат оној што ги воведува“, рече Брунер.

18:04 Бајден: На Путин да му се суди за воени злосторства

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека е потребно да се соберат докази за да му се суди на рускиот претседател Владимир Путин за воени злосторства.

„Тој е воен злосторник“, рече Бајден за Путин по извештаите за масовни убиства на цивили од страна на руските трупи во градот Буча, северозападно од главниот град на Украина, Киев.

16:20 Литванија го протера рускиот амбасадор

Литванската влада одлучи да го намали нивото на дипломатски претставништва меѓу Литванија и Русија и му нареди на рускиот амбасадор да ја напушти земјата.

Според Lritas.lt, ова го соопшти министерот за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис.

15:06 Путин воведе санкции за непријателските земји

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за воведување визни ограничувања за граѓаните на земјите кои Русија ги смета за непријателски, како одговор на санкциите пoради Украина.

14:55 Телата на жртвите од Буча ќе бидат ексхумирани

Високата комесарка на ОН за човекови права, Мишел Башелет, рече дека сите тела мора да бидат ексхумирани и идентификувани во украинскиот град Буча за да се обезбеди истрага за можни воени злосторства, пренесува АФП.

Башелет во изјавата рече дека е згрозена од сликите на цивили кои лежат мртви на улиците на украинскиот град Буча:

„Извештаите од оваа и од други области покренуваат сериозни и вознемирувачки прашања за можни воени злосторства, тешки прекршувања на меѓународното хуманитарно право и тешки прекршувања на меѓународното право за човекови права“, рече таа.

14:50 Зеленски вели дека поради Меркел не влегле во НАТО, таа порача: „Останувам на својот став“

Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, порача дека стои зад одлуката на НАТО од 2008 година да не ја прифати Украина како членка на алијансата, одговарајќи на критиките за политиката кон Русија за време на нејзините 16 години на власт.

13:55 Зеленски ја посети Буча

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја посети Буча. Тој го прегледал патот на кој руската колона била нападната од заседа и разговарал со мештаните. Уште еднаш повторил и дека Русија извршила воени злосторства и геноцид во Украина.

13:45 САД ќе бараат суспензија на Русија од Советот за човекови права на ОН

САД ќе побараат од Генералното собрание на ОН да ја суспендира Русија од Советот за човекови права, изјави американската амбасадорка во ОН.

Двотретинско мнозинство од 193-членото собрание во Њујорк може да ја суспендира државата од Советот поради упорно извршување на груби и систематски прекршувања на човековите права за време на нејзиното членство.

13:30 Лавров: Украинските провокации во Буча се закана за меѓународната безбедност

Рускиот министер за надворешни работи изјави дека украинските провокации во Буча се закана за меѓународната безбедност. Сергеј Лавров го повтори ставот на неговата земја дека Украина организирала нешто што изгледа како масакр на цивили,  нарекувајќи го лажен напад.

12:51 Макрон бара забрана за увоз на руски јаглен и нафта

Францускиот претседател Емануел Макрон реагираше на масакрот во Буча повикувајќи на забрана за увоз на руски јаглен и нафта, пренесува „Киев Индипендент“.

„Постојат многу јасни индиции за воени злосторства“, додаде тој.

Францускиот претседател вели дека поддржува дополнителни санкции против Москва поради убиство на стотици украински цивили во Буча, во близина на Киев.

epa09343723 French President Emmanuel Macron attends the annual Bastille Day military parade on the Champs-Elysees avenue in Paris, France, 14 July 2021. France is celebrating its national holiday with thousands of troops marching in a Paris parade and traditional parties around the country, after last year’s events were scaled back because of coronavirus fears. EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

12:10 Милановиќ: Ни Русија ни Украина не се демократски држави

Хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ рече дека Русија не е демократска држава, а не е ниту Украина.

Милановиќ порача: Во војна во која не учествувате, тргнете се настрана и почекајте.

11.40 Борел: Итно мора да се донесат нови санкции поради злосторствата во Буча

Европската Унија ги осуди злосторствата извршени од руските вооружени сили во многу окупирани украински градови, вклучително и масакрот во Буча, наведувајќи дека итно се потребни нови санкции против Русија.

11:35 ЕУ: Руската влада е одговорна за масакрите во Украина

„Сторителите на воени злосторства и други сериозни прекршувања, како и одговорните владини претставници и воените лидери ќе одговараат. Руските власти се одговорни за овие злосторства, извршени додека имаа целосна контрола врз областите. Европската Унија ги поддржува сите мерки за да се обезбеди одговорност на руските вооружени сили за кршење на човековите права и меѓународното хуманитарно право во Украина“, се вели во писмената изјава објавена од високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

11:30 Полскиот премиер: Германија е главната пречка за заострување на санкциите кон Русија

Германија е голема пречка на патот кон воведување построги санкции кон Русија, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки на прес-конференција, додавајќи дека Унгарија истите не ги блокира.

11:30 Затвор до пет години за одобрување на воeните злосторства во Украина на „Фејсбук“

„Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи интензивно ги следат сите изјави и коментари на социјалните медиуми поврзани со случувањата во Украина и согласно своите законски надлежности ќе преземат кривичен прогон против сите сторители кои со своите објави и јавно изнесени ставови ќе го сторат наведеното кривично дело“, велат од Обвинителството.

11:10 Украински функционер: Во текот на ноќта повторно било пукано во Одеса

Јужниот пристанишен град Одеса беше погоден во текот на ноќта во воздушен напад, изјави претставник на воената управа на Одеса.

„Неколку проектили погодија еден од окрузите на Одеса, еден објект е погоден“, изјави портпаролот на оперативниот штаб на воената управа на Одеса, Серхи Брачук, пренесува Си-ен-ен.

11:05 Британско Министерство за одбрана: Руски платеници пристигнаа во Донбас

Руски војници и платеници од групата „Вагнер“се префрлаат во регионот Донбас во источна Украина, соопшти британското Министерство за одбрана.

10:28 Огромна масовна гробница се гледа на сателитски снимки од Буча

Сателитски снимки направени во четвртокот покажуваат делумно ископана масовна гробница пред црквата во Буча, во близина на украинскиот главен град Киев.

Фотографиите, направени од компанијата „Максар технолоџис“ на 31 март, покажуваат ров долг 14 метри југозападно од црквата и официјални лица кои ги отстрануваат телата на украинските цивили.

09:30 Украина соопшти дека досега се убиени околу 400 цивили во околината на Киев

Телата на цивилите во регионот на Киев продолжуваат да се откриваат по заминувањето на руските сили, а досега се пронајдени најмалку 400, соопштија украинските власти, повикувајќи се на прелиминарни информации.

9:00 Захарова: Снимките од Буча се нарачка од САД и НАТО

Руското Министерство за надворешни работи обвини дека снимките од загинатите цивили во Буча биле нарачани од САД како дел од заговорот да се обвини Русија, јавува „Скај њуз“.

8:40 ОН: Забележани се над 1.400 загинати цивили

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации соопшти дека од почетокот на војната во Украина имало 3.455 цивилни жртви.

Ова вклучува повеќе од 1.400 смртни случаи и повеќе од 2.000 повредени.

8:30 Зеленски на наградите „Греми“: Што е спротивно на музиката? Молкот на убиените луѓе

„Пополнете ја тишината со вашата музика. Пополнете ја денес, за да ја раскажете нашата приказна. Поддржете нè на кој било начин. Секаква, но не и тишина“, рече Зеленски.

8:20 Украина: 7 мртви и 34 ранети во нов руски напад на Харков

Седум лица ги загубија животите, а 34 се повредени во руски напад во неделата во станбена област во Харков, голем град во североисточна Украина, соопшти државното правобранителство.

8:10 Украина тврди: Русите прават голема и тајна мобилизација

Русија почна тајна мобилизација на резервистите, тврди украинската армија во најновиот извештај, а пренесува Би-би-си.

8:00 АП: Украинска градоначалничка убиена и фрлена во јама

Градоначалничката на Мотижин, лоциран на 50 километри од Киев, била убиена во класична егзекуција, заедно со нејзиниот сопруг и синот, изјави жителка за Асошиетед прес.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

„Фокс њуз открива“: САД потрошиле најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина

Објавено пред

Американската влада потрошила најмалку 113 милијарди долари за војната во Украина, но таа сума може да се смета за многу поголема поради трошоците за замена на оружјето и муницијата испратени во Киев, процени Пентагон, дознава „Фокс њуз“.

dobivaj vesti na viber

„Фокс њуз“ во септември објави дека САД потрошиле вкупно 101 милијарда долари за војната во Украина.

Според документите од Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа испратени до сенаторот Џ. Според Д. Венс од американската сојузна држава Охајо, до која имал пристап „Фокс њуз“, САД потрошиле најмалку дополнителни 13 милијарди долари од септември за војната во Украина.

Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг, во писмо до Венс рече дека американскиот Конгрес обезбедил 111 милијарди долари дополнителни средства како одговор на војната во Украина, вклучувајќи безбедносна, економска и хуманитарна помош.

Јанг истакна дека вкупните средства вклучуваат и средства „кои не отишле директно во Украина“, туку се користат за поддршка на таа земја, поради што понекогаш се појавуваат различни бројки за американската помош за Киев.

Прикажи повеќе...

Регион

Завршено вештачењето на мобилниот телефон на мајката на Данка, биле бришени пораки и повици, објавија српските медиуми

Објавено пред

Мобилниот телефон на мајката на Данка Илиќ бил испратен на вештачење откако девојчето исчезнало. Неофицијалните податоци говорат дека мајката избришала многу пораки и повици ден пред и на денот на исчезнувањето на Данка, објави српски Блиц.

dobivaj vesti na viber

Според неофицијални сознанија од истрагата, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало дека се избришани многу пораки и податоци за повици, пишува српски Информер.

– На ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на Данка Илиќ, многу пораки и повици се избришани од телефонот. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но да останат во базата на податоци – рекол изворот.

Како што се дознава, пред исчезнувањето на Данка Илиќ, мајката три пати го фотографирала детето од различни агли.

Да потсетиме, мајката на Данка Илиќ, Ивана, денеска повторно е во полициската станица во Бор, каде е на распит за околностите на нејзината исчезната ќерка. Таткото помина на полиграфското тестирање.

Прикажи повеќе...

Регион

„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка

Објавено пред

Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два часа. Познато е дека кога ќе исчезне дете, веднаш се пријавува за да се реагира бргу, изјави Марко Ницовиќ, поранешен началник на белградската полиција, за „Телеграф.рс“.

dobivaj vesti na viber

Според Ницовиќ, полицијата оди во добра насока бидејќи ја проверува секоја педа од земјата, но се надеваат и дека темелно се проверуваат граничните премини бидејќи не ја исклучуваат можноста за киднапирање.

„Би можело да биде сè, не е исклучена никаква можност. Ако мајката рече дека го оставила девојчето на минута, го поставуваме прашањето каде би можело да оди двегодишното дете? Колку далеку, без мајка му да го најде? Второ, зошто чекаа два часа? Има простор и за киднапирање, а знаеме дека границата е блиску, но и за многу повеќе. Отворени се многу прашања и останува да се почека истражните органи да си ја завршат работата“, вели Ницовиќ за српски „Телеграф“.

Да потсетиме, потрагата по двегодишната Данка Илиќ влезе во четвртиот ден. Во потрагата од утрово се вклучени уште 18 пожарникари и кучето Зиги.

Багери вчера цел ден копаа и вадеа ѓубре и шут од куќата, а пред куќата каде што последен пат беше видена исчезнатата Данка по која трага цела Србија, пристигна тешка механизација, која ќе продолжи да работи денес за да се расчисти теренот.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион33 минути

„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка

Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два...

Топ48 минути

Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја...

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот промени за стабилна и силна Македонија

Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја...

Топ3 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија3 часа

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки,...

Македонија5 часа

Притвор од 48 часа за две лица задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион5 часа

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион6 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа6 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет6 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа6 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија18 часа

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија19 часа

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија21 час

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија22 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија23 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија1 ден

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ1 ден

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија1 ден

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија1 ден

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...