Контакт

Свет

(Од минута на минута) Прекината спасувачката акција, уште четири деца и тренерот останаа заробени во пештерата

Објавено пред

Акцијата за спасување на младите тајландски фудбалери и на нивниот тренер од поплавената пештера на северот на земјата за денеска е завршена. Во текот на денот извлечени се четири момчиња, односно вкупно осум во изминативе два дена, додека во пештерата останаа уште четири момчиња и нивниот тренер.

dobivaj vesti na viber

Денеска е 16-ти ден како групата е заробена во пештера, која во најголем дел е поплавена. Момчињата се оддалечени речиси четири километри од излезот, а повеќето од нив не знаат да пливаат. Во акцијата за спасување учествуваат нуркачи од различни делови на светот, како и тајландската војска и специјални единици. Акцијата ја отежнува силниот дожд кој од вчера почна да врне.

15:12 ч. – Не се знае кој се е извлечен од пештерата

Член на семејствата на момчињата за Си-ен-ен изјави дека родителите не знаат кое од момчињата е извлечено од пештерата, а кои се останати внатре. Нивните имиња не се објавуваат од почит кон семејствата на децата кои сè уште не се спасени.

14.40 ч. – Поддршка од целиот свет

Приказната за спасување на момчињата од поплавената пештера ја следат медиумите ширум светот. Поддршка за заробените момчиња стигнува од сите страни. Една таква порака е забележана и на лондонското метро.

14.31 ч. – Амбулантните возила ги носат шестото и седмото момче

Две амбулатни возила се видени како се удалечуваат од влезот на пештерата Туам Луанг. Како што пишува „Гардијан“, најверојатно во нив се шестото и седмото момче кои веднаш се пренесени во болница.

14.19 ч.– Прекината е потрагата

Четири момчиња и тренерот кои што останаа во пештерата ќе бидат извлечени во текот на утрешниот ден.

Вчера во осумчасовна спасувачка акција беа извлечени првите четири деца. Денеска беа извлечени уште четири. Властите соопштија дека паузите се прават со цел да се исконтролира намаленото ниво на кислород во пештерата.

 

Претходно беше објавено дека во рамките на денешната спасувачка акција е извлечено едно момче, а набргу потоа стигна и веста за шестиот извлечен млад фудбалер. Сега, според неофицијалните информации што ги обелодени Си-ен-ен, од поплавената пештера извлечени се уште две деца.

Агенцијата АП информира дека тајландските спасувачки служби се таинствени и не соопштуваат детали за тоа како се одвива спасувачката операција. Оттаму не прецизирале кој бил во амбулантното возило што претходно денеска беше видено како го напушта теренот околу пештерата.

Спасувачите на децата од Тајланд во текот на операцијата премостуваат неверојатни пречки

Спасувачите што вршат евакуација на младите фудбалери заробени во пештера на Тајланд се соочуваат со големи предизвици – тесни и мрачни тунели низ кои мора да се пробијат само за да дојдат до момчињата заробени внатре. Враќањето назад е уште потешко бидејќи со нив носат неискусни нуркачи на возраст од 11 до 16 години.

Ова видео најдобро покажува колку е опасно и комплицирано минувањето низ тесните пештерски предели.

Дванаесет деца на возраст од 11 до 16 години, членови на јуниорски фудбалски тим, заедно со нивниот тренер, беа заглавени во пештерата од 23 јуни. Врз основа на денешните објави може да се заклучи дека во моментот заробени остануваат уште четири деца заедно со 25-годишниот тренер. Децата спасени денеска се пренесени во болницата во Чијанг Рај, каде што се наоѓаат и нивните пријатели и соиграчи од фудбалскиот тим кои беа извлечени во текот на вчерашниот ден.

12.25 ч – Тајландската државна телевизија објави видео од хеликоптер и од амбуланта за кои се верува дека го транспортирале петтото спасено дете.

12.10 чИзвлечено уште едно дете од пештерата на Тајланд, тврдат очевидци

Си-ен-ен објави дека е извлечено уште едно, петто дете, од пештерата на Тајланд. Телевизијата објави дека член на спасувачкиот тим рекол дека едно момче било видено на носилка пред влезот на пештерата во 16.27 часот по локално време. Оваа информација не е потврдена.

10.50 ч – Уште едно момче ќе биде извлечено за четири часа

Нуркачите влегоа во пештерата, а се очекува следното момче да го извлечат за четири часа. Запрашан за тоа кои момчиња ќе бидат извлечени најпрвин, предводникот на акцијата соопштил дека првин се извлекуваат тие што се најподготвени за тоа.

10.10 ч – „Условите за спасување се исти како вчера… Спасувачкиот тим е ист како вчера со некои измени“, рече водачот на спасувачите, Наронгсак Осатанакорн. Тој додаде дека нивото на водата во пештерата не е загрижувачко и дека вчерашните врнежи од дожд не влијаеле на нивото на водата внатре во пештерата.

9.30 ч – (Видео) Милијардерот Маск на Тајланд испрати мини подморница за спасување

Претприемачот од технолошката индустрија и милијардер, Илон Маск, тестира детска подморница за која тврди дека може да послужи за спасување на момчињата заробени во поплавената пештера на Тајланд.

 

9 ч – Осум момчиња и нивниот тренер по фудбал сè уште се заглавени во пештерата на Тајланд. Во спасувачката мисија, која траеше осум часа, вчера беа спасени четири деца. Репортерот на „Гардијан“ јавува дека денеска има многу малку официјални информации и засега не се знае кога ќе продолжи операцијата.

Сомбун Сомпингаи (38), татко на едно од спасените деца, изјавил за „Ројтерс“ дека спасувачите вчера им рекле дека најсилните деца ќе бидат први извлечени. „Не ни беше кажано кое дете прво ќе биде извлечено… Не можеме да ги посетиме децата во болница затоа што треба да бидат под мониторинг 48 часа“, рекол тој.

Што се случуваше вчера?

19.20 ч – Сe израдував кога го слушнав неговото име, вели мајката на едно од момчињата од пештерата

Мајката на Монгкол Бунпијам, едно од четирите момчиња што беа ослободени од пештерата на Тајланд, вели дека е пресреќна што нејзиниот 14-годишен син најпосле ја здогледал светлината на денот. Таа, како и поголем дел од родителите, ја минала ноќта пред пештерата чекајќи ја радосната вест, пишува „Гардијан“.

„Само го слушнав неговото име, Монгкол, и многу се израдував. Не знам што да му кажам. Чекајте првин да го видам“, раскажува мајката на момчето.

17.02 ч – Почна да врне силен дожд

Репортерот на „Гардијан“ од Тајланд, Џејкоб Голдберг, рече дека неколку минути по прес-конференцијата на спасувачкиот тим, почнало да врне силен дожд.

15.55 ч – Спасувачката акција ќе продолжи утре

На прес-конференцијата, гувернерот на провинцијата Чијанг Рај, Наронгсак Осатанакорн, истакна дека спасувачката акција ќе продолжи утре. Тој истакна дека здравјето на децата е добро и денешната акција ја оцени како успешна. Потврди дека досега се извлечени четири момчиња. Според неговите зборови, акцијата ќе продолжи за 10 до 12 часа.

RKS@kchelvi575

I know this rescue ops is going to be intense as hell but I dint expect it to be this scary ?. These guys deserve Medal of Honour ?

15.45 ч – Момчињата се хоспитализирани

Четирите момчиња што беа извлечени набргу беа однесени во болница и се наоѓаат на прегледи. Како што пренесуваат локалните медиуми, здравствената состојба на едно од момчињата внимателно се набљудува.

15.39 ч – Се огласи и Трамп

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ напиша дека САД одблиску соработуваат со тајландската влада во акцијата за спасување на момчињата од пештерата.

Donald J. Trump

@realDonaldTrump

The U.S. is working very closely with the Government of Thailand to help get all of the children out of the cave and to safety. Very brave and talented people!

15.16 ч – Тајландските „фоки“: Спасени се четири момчиња

Елитната тајландска единица „Фоки“ објави на „Фејсбук“ дека четири момчиња се извлечени од пештерата во која беа заробени 15 дена. Тие се пренесени во болница во Чијанг Раи.

15.03 ч – Семејство се моли за спасување на своето дете

Семејството на 14-годишниот Нутавута Такумсонха се моли за негово спасување и безбедно враќање. Тие најавуваат дека кога ќе се врати, ќе го прослават тоа како негов втор роденден. Неговата баба Ванкаев Пакхума вели дека ѝ олеснило оти децата се пронајдени, но и понатаму е многу загрижена за нивната судбина.

View image on TwitterView image on Twitter

Parthiban@itsparthiban

The family of 14-year-old Nuttawut Takumsonh r praying 4 their boy’s safe return, & say they first thing they’ll do when he’s out is throw a birthday party 4 him. His grandmother has been praying at a shrine in their home, waiting for him to come back safely.

14.55 ч „Ројтерс“: Шест деца се извлечени од пештерата

„Ројтерс“, повикувајќи се на неиуменуван член на медицинскиот тим, пренесе дека од пештерата излегле шест момчиња. Информацијата подоцна беше демантирана.

14.20 ч – Прв од пештерата е извлечен Адул

Детето што прво беше извлечено од пештерата се вика Адул, пресуваат тајландските медиуми.

View image on TwitterView image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter

Helier Cheung@HelierCheung

Ambulance just left with sirens

14.06 ч – Две момчиња спасени од пештерата на Тајланд

Спасувачите извлекоа две момчиња од пештерата на Тајланд, јавија локалните медиуми. Ваквата информација ја потврдиле локалните власти за „Ројтерс“.

„Две деца се надвор. Тие се на пат кон болница“, рекол Тосатеп Бунтонг, шеф на институтот за здравје во Чијанг Раи и дел од спасувачкиот тим. Агенцијата „Франс прес“, пак, јави дека набргу се очекува да излезат уште четири момчиња. Тие моментно се наоѓаат во базата на нуркачите внатре во пештерата и се очекува пеш да го продолжат патот до излезот.

12.52 ч – Опасен пат до површината

Талјандската новинска агенција објави нов графички приказ на акцијата за спасување на кој јасно се гледа како децата ќе бидат извлечени на површината. Патот е тежок и опасен.

12.25 ч – Сè зависи од времето

Рафаел Ароуш, израелски нуркач што живее на Тајланд и кој е вклучен во акцијата за спасување, вели дека времето е јак фактор и дека е навистина страшно. Според неговите зборови, во пештерата има многу јаки водни струи, водата се влева од сите можни страни, а временските услови може да ја уништат целата акција.

– Брзината е многу, многу важна – вели тој.

12.02 ч – Првата група деца тргна кон излезот

Првата група момчиња тргна кон излезот, пишува „Гардијан“. Хеликоптерите, кои би требало да ги однесат до најблиската болница во регионот, оддалечена речиси 100 километри, стигнаа на самото место.

11.35 ч – Тренерот напиша порака со извинување

Тренерот што ги одведе децата во пештерата на родителите им испрати пишана порака со извинување.

– Драги родители, сите деца се добри, спасувачкиот тим внимава на нас. Ветувам дека ќе се грижам за сите деца. Им благодарам на сите што помагаат – напиша тој.

10.58 ч – Детали за спасувачката акција – децата ќе бидат влечени со јаже

Тајландската влада го објави планот за спасување на заробените деца во пештерата. Според него, двајца нуркачи ќе придружуваат по едно момче, а низ пештерата ќе ги влечат со јаже.

Кога ќе наидат на тесен премин, нуркачите ќе ги отстрануваат боците со кислород од грбот и ќе ги тркалаат низ премините.

10.30 ч – Почна акцијата за спасување на заробените деца во пештерата

Акцијата за спасување на 12-те деца и нивниот фудбалски тренер од пештерата на Тајланд почна околу 10 часот по локално време.

Спасувачите влегле во пештерата, а претходно на новинарските екипи и на другите присутни им било кажано да ја напуштат околината. Во близина на пештерата останале само спасувачите, лекарите и обезбедувањето. Пристигнати се неколку амбулантни возила и хеликоптери за децата бргу да бидат пренесени во болница.

Свет

САД: Ќе го блокираме полноправното членство на Палестина во ОН, тие треба да преговараат со Израел

Објавено пред

САД ќе гласаат против палестинската кандидатура за полноправно членство во Обединетите нации и ќе ја блокираат светската организација да признае палестинска држава.

dobivaj vesti na viber

„САД продолжуваат да тврдат дека најбрзиот пат до државност за палестинскиот народ е преку директни преговори со Израел и палестинската управа со поддршка на САД и други партнери“, рече американскиот претставник.

Планирано е 15-члениот совет да гласа за нацрт-резолуцијата со која се препорачува на Генералното собрание на ОН од 193 држави „Државата Палестина да биде примена во членство во ОН“.

За да усвои резолуцијата, потребни се најмалку девет гласа и никакво вето од САД, Велика Британија, Франција, Русија или Кина. Дипломатите проценуваат дека резолуцијата би можела да собере 13 гласа, што би ги принудило САД да стават вето.

„Одамна јасно ставивме до знаење дека предвремените акции во Њујорк, дури и ако се во најдобар интерес, нема да резултираат со државност за палестинскиот народ“, рече американскиот функционер. Палестинците во моментов имаат статус на набљудувач не-членка, што е де факто признавање на државноста доделена од Генералното собрание на ОН во 2012 година.

Меѓутоа, барањето за полноправно членство мора да биде одобрено од Советот за безбедност, а потоа од најмалку две третини од членовите на Генералното собрание. Засилените напори на Палестина за полноправно членство дојдоа шест месеци по масакрот на Хамас во јужен Израел и војната во Појасот Газа по започнувањето на израелската офанзива и проширувањето на еврејските населби на Западниот Брег.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, смета дека „повеќе од кога било, неопходно е да се поддржат напорите со добра волја за воспоставување траен мир меѓу Израел и независна, одржлива и суверена палестинска држава“.

Прикажи повеќе...

Регион

Земјотрес во Србија

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.

dobivaj vesti na viber

Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.

Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.

Прикажи повеќе...

Европа

Уапсен Полјак: „Планирал убиство на Зеленски“

Објавено пред

Маж од Полска е уапсен под обвинение дека бил подготвен да шпионира за руското воено разузнавање и да и помогне да го испланира убиството на украинскиот претседател Володимир Зеленски, соопштија полските обвинители, а пренесе Асошиетед прес.

dobivaj vesti na viber

Полското национално обвинителство соопшти дека мажот, идентификуван само како Павел К., бил обвинет дека сакал да ги пренесе безбедносните информации на аеродромот на руски агенти и бил уапсен вчера во Полска.

Човекот побарал контакт со Руси директно вклучени во војната во Украина и се очекувало да пренесе детални информации за аеродромот Жешов-Јасионка во југоисточна Полска, во близина на границата со Украина, кој е портата за меѓународни воени и хуманитарни снабдувања за Украина. Аеродромот е под контрола на американски војници.

Доколку биде прогласен за виновен, тој може да добие и до осум години затвор, се вели во соопштението за печатот.

Обвинителите рекоа дека апсењето е резултат на блиска соработка со обвинителите и безбедносните служби на Украина, кои обезбедија клучни докази. Членката на ЕУ, Полска е цврст поддржувач на соседна Украина и Зеленски во одбрана од руската агресија повеќе од две години.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија6 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија6 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија8 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија11 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија16 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија16 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија16 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија19 часа

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет20 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет20 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија1 ден

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ2 дена

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија2 дена

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ2 дена

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија2 дена

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија2 дена

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија2 дена

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија2 дена

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион2 дена

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...