Контакт

Свет

(Од минута на минута) Драмата во Тајланд заврши со среќен крај, спасени сите деца и тренерот

Објавено пред

Акцијата за спасување на младите тајландски фудбалери и нивниот тренер од поплавената пештера на северот на земјата заврши со среќен крај. Денеска беа извлечени последните четири деца и нивниот тренер. Спасувачката мисија траеше три дена.

dobivaj vesti na viber

16:35 Излегоа и спасувачите и лекарот

Последните тројца тајландски спасувачи, како и австралискиот доктор, Ричард Харис, кој е и експерт во нуркање, излегоа од пештерата, со што успешно е завршена тродневната и екстремно тешка спасувачка операција.

15: 30 Момчињата пристигнуваат на лекарски прегледи

Додека волонтерите слават, момчињата и тренерот кои беа извлечени во последната фаза од акцијата, полека пристигнуваат во болница на прегледи.

15: 24 ч – Англискиот фудбалски великан, „Манчестер Јунајтед“ ги повика младите фудбалери годинава да дојдат на нивниот стадион.

– Ни олесна кога слушнавме дека 12-те фудбалери и нивниот тренер кои беа заробени во пештера во Тајланд сега се наоѓаат на безбедно. Би ни било чест да ја поздравиме екипата на фудбалскиот клуб „Диви свињи“ и нивните спасувачи во престојната сезона, објави клубот.

15: 11 ч – Честитки од светските лидери по успешната мисија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, германската канцеларка Ангела Меркел и британската премиерка Тереза Меј се меѓу долгата листа на светски лидери кои упатија честитки по успешната спасувачка мисија на 12-те момчиња и нивниот тренер, кои од 23. јуни беа заглавени во пештера во Тајланд.

14:43 ч – Се делат бесплатни јаболка за новинарите

14:28 ч –  Ракоплескање и славење пред пештерата во Тајланд

Со ракоплескање и овации собраните пред пештерата во Тајланд го прославија крајот на успешната мисија за спасување на 12-те момчиња и нивниот тренер кои од 23 јуни беа заглавени во пештерата во Тајланд.

Тројца нуркачи и лекарот се уште се во пештерата

Тајландската морнарица потврди дека во пештерата по спасувањето на 12-те деца и нивниот тренер и понатаму се наоѓаат тројца нуркачи и лекарот кој се грижеше за младите фудбалери во текот на претходните денови.


14: 00 – Сите 12 деца и нивниот тренер спасени од пештерата во Тајланд

Сите 12 деца се извлечени од пештерата во Тајланд, објавија светските медиуми. Според информациите на „Ројтерс“, последен бил извлечен нивниот тренер.

13:43 „Ал Џезира“: Последното дете и тренерот го поминаа најтешкиот дел од патот

На спасувачката акција и се наѕира крајот. Репортерот на „Ал Џезира“ јавува дека последното момче и тренерот стигнале до пештерата број три, што значи дека го минале најтешкиот дел од патот. „Ал Џезира“ очекува наскоро да се појави вест дека и тие се безбедно извлечени од пештерата.

13:29 ч – Деветтото момче на пат кон болницата

Деветтото од момчињата кои беа извлечени од пештерата, најпрво било прегледано во теренската болница во близина на пештерата, а потоа со амбулантно возило е префрлено до хеликоптер кој ќе го однесе во најголемата регионална болница, каде во моментов се наоѓаат и другите момчиња.

13:07 Преимиерот на Тајланд: Децата не биле дрогирани, дадени им се лекови против анксиозност за да го издржат патот низ пештерата

Премиерот на Тајланд, Прајут Чан-оча изјави дека на момчињата им биле дадени лекови против анксиозност за да ја издржат мисијата, пренесе „Гардијан“, споеделувајќи пост на социјалната мрежа „Твитер“.

Претходно, во јавноста се појавија шпекулации дека децата биле дрогирани. Премиерот вели дека не се работи за дрога, туку за лек што ќе ги намали стресот и паниката.

13:00 ч Единаесеттото момче извлечено од пештерата било најмалото во групата

Тајландската телевизија пренесе дека претпоследното, единаесетто момче кое беше извлечено од пештерата е 11-годишниот Чанин Вибунрунгруенг. Тој е најмалиот меѓу неговите пријатели од јуниорскиот фудбалски тим, кои беа заглавени во пештерата од 23 јуни. Засега, нема официјална потврда за оваа информација.

12:40 ч: Спасено единаесеттото момче од пештерата, остана уште едно и тренерот

Спасено е единаесеттото момче од пештерата во Тајланд, потврди „Гардијан“. Тоа значи дека во пештерата останаа заробени само уште едно од децата и нивниот тренер.

Претходно денеска, светските медиуми јавија за спасувањето на две деца.

11: 53 ч: Спасено и десеттото момче

Репортерот на Ројтерс јави дека е спасено и десетто момче од пештерата во Тајланд. Веста ја потврди и „Гардијан“. Сведокот кој разговарал со новинарите на агенцијата „Ројтерс“, раскажал дека видел како спасувачкиот тим извадил две лица, на носилки, надвор од пештерата.

11:30 ч:  Ројтерс: Извлечено деветтото момче

Агенцијата „Ројтерс“ и „Си-Ен-Ен“ пишуваат дека од пештерата било извлечено деветтото момче.

11: 30: Премиерот на Тајланд се фотографираше со роднините на децата

Премиерот на Тајланд, Прајут Чан-оча се фотографираше со роднините на момчињата кои се заглавени во пештерата.

11:26 Холивуд подготвува филм за спасувачката акција, продуцентите пристигнаа во Тајланд

Мајкл Скот и Адам Смит пристигнаа на Тајланд, каде во тек е спасувачката акција на децата кои со недели беа заглавени во пештера.

Би-Би-Си пренесе дека продуцентите веќе разговараат за можен филмски проект. Тие очекуваат дека на местото на настанот ќе пристигнат и други продукции, па велат дека мора да бидат брзи.

11:09 – Се подготвува храна за спасувачите

11.03 ч Итната помош е на пат

Возило на итната помош само што се оддалечи од влезот во пештерата. Нема потврда дали е извлечено деветтото момче, пишува „Гардијан“.

10.50 ч – Пораки за тренерот на социјалните мрежи – некои го осудуваат, други го бранат

Акапол Чантавонг, 25-годишниот фудбалски тренер, кој ги поведе 12-те момчиња во пештерата, за некои е главниот виновник за оваа несреќа, меѓутоа на социјалните мрежи многумина од Тајланд и другите делови од светот застанаа во негова одбрана.

Тие му даваат заслуга за тоа што момчињата се добро и по 15 дена поминати во пештерата.

„Со 25 години овој тренер и самиот сè уште е дете. Очигледно е дека бил голема инспирација за момчињата чиј морал не падна и покрај сè она низ што поминаа. Голема почит за тренерот“, напиша еден од корисниците на социјалната мрежа.

10.43 ч – Дождот ја отежнува акцијата

Дождот паѓаше во текот на целата вечер поради што се стравува дека одредени делови од пештерата се наполнети со вода.

9.55 ч – Илон Маск ја донесе подморницата – „Би можела да послужи во иднина“

Just got back from Cave 3

A post shared by Elon Musk (@elonmusk) on

Американскиот претприемач Илон Маск преку социјалната мрежа „Твитер“ соопшти дека се наоѓа на Тајланд со прототипот на мини подморницата, која, ако не сега, би можела да послужи во иднина.

„Само што се вратив од пештерата Три. Мини подморницата е подготвена доколку има потреба. Направена е од ракетни делови и е наречена „Дива свиња“ по името на фудбалскиот клуб за кој тренираат децата. Ја оставам во случај да биде од корист во иднина“, напиша Маск, кој објави и видеоснимка од симулацијата на движењето на подморницата низ пештерата.

Претходно, шефот на спасувачката мисија ја одби помошта на американскиот претприемач.

9.51 ч – Момчињата не смее никој да ги гушка и допира додека се во болница

По спасувањето, момчињата мора да подлежат на прегледи пред да се прегрнат со своите семејства.

„Нема прегратки и допири сè додека не се направи крвна слика која ќе покаже дали децата имаат некоја инфекција или не. Особено неопходно е да се испита дали добиле бактерии, кои може да се пренесат преку земја или вода. Постои ризик децата да добијат треска и инфекција на белите дробови“, изјави тајландскиот службеник за здравство, пренесе „Гардијан“.

9.38 ч Спасените момчиња се добро, две од нив имаат проблем со белите дробови

Осумте момчиња што беа спасени од пештерата на Тајланд се во добра ментална и физичка здравствена состојба, соопштија владини претставници. Тие биле подложени на медицински прегледи и две момчиња се лекувани поради проблеми со белите дробови. Според информациите, момчињата ќе бидат набљудувани во болница наредните седум дена.

epa

9.33 ч – Ни недостига домот, велат децата извлечени од пештерата на Тајланд

Осумте момчиња што беа спасени од пештерата на северот на Тајланд меѓу првите нешта што ги кажаа во болницата беше дека им недостига нивниот дом.

„Ни недостига домот“, рекоа момчињата, кои истакнаа дека се среќни, пренесе Би-би-си.

8.40 ч – Родителите ги виделе спасените деца

Секретарот на Министерството за здравство на Тајланд, Џедсад Чокдумронгсук, изјави дека родителите ги виделе децата низ заштитното стакло бидејќи сè уште се на прегледи за да се утврди дали некое од нив има инфекции.

„Децата се фудбалери, имаат силен имунитет. Сите се весели и среќни што ќе излезат, но секако мора да ги провери доктор“, рече секретарот додавајќи дека во болница ќе останат и до седум дена.

8.10 ч – Шефот на спасувачката мисија ја отфрли помошта на Илон Маск

Шефот на спасувачката мисија ја одби помошта на американскиот милионер, Илон Маск, кој пред неколку дена дизајнира мала подморница, со чија помош децата би тебало да се спасат лесно и бргу.

„Иако неговата технологија е добра, тоа не е добро за оваа мисија“, рече Наронгсак Осатанакорн, кој моментно ја координира мисијата.

7.20 ч – Деветнаесет члена на спасувачката екипа влегоа во пештерата

Шефот на спасувачката мисија изјави дека 19 члена на спасувачкиот тим влегле во пештерата.

Тој изрази надеж дека дека денешната спасувачка акција ќе помине бргу. Истовремено, објавено е дека резултатите од медицинските прегледи на досега извлечените момчиња ќе бидат познати за 24 до 48 часа.

7.19 ч – Почна третата фаза од спасувачката акција

Почна третата фаза од операцијата за спасување на четирите момчиња и нивниот тренер од пештерата на северот на Тајланд. Официјалните лица наведоа дека сите ќе бидат извлечени во текот на денот.

Што се случуваше вчера?

15.12 ч – Не се знае кој сè е извлечен од пештерата

Член на семејствата на момчињата за Си-ен-ен изјави дека родителите не знаат кое од момчињата е извлечено од пештерата, а кои се останати внатре. Нивните имиња не се објавуваат од почит кон семејствата на децата што сè уште не се спасени.

14.40 ч – Поддршка од целиот свет

Приказната за спасување на момчињата од поплавената пештера ја следат медиумите од целиот свет. Поддршка за заробените момчиња стигнува од сите страни. Една таква порака е забележана и на лондонското метро.

14.31 ч – Амбулантните возила ги носат шестото и седмото момче

Две амбулатни возила се видени како се оддалечуваат од влезот на пештерата Туам Луанг. Како што пишува „Гардијан“, најверојатно во нив се шестото и седмото момче, кои веднаш се пренесени во болница.

14.19 ч – Потрагата е прекината

Четири момчиња и тренерот, што останаа во пештерата, ќе бидат извлечени во текот на утрешниот ден.

Вчера во осумчасовна спасувачка акција беа извлечени првите четири деца. Денеска беа извлечени уште четири. Властите соопштија дека паузите се прават со цел да се контролира намаленото ниво на кислород во пештерата.

 

Претходно беше објавено дека во рамките на денешната спасувачка акција е извлечено едно момче, а набргу потоа стигна и веста за шестиот извлечен млад фудбалер. Сега, според неофицијалните информации што ги обелодени Си-ен-ен, од поплавената пештера извлечени се уште две деца.

Агенцијата АП информира дека тајландските спасувачки служби се таинствени и не соопштуваат детали за тоа како се одвива спасувачката операција. Оттаму не прецизирале кој бил во амбулантното возило кое претходно денеска беше видено како го напушта теренот околу пештерата.

Спасувачите на децата од Тајланд во текот на операцијата премостуваат неверојатни пречки

Спасувачите што вршат евакуација на младите фудбалери заробени во пештерата на Тајланд се соочуваат со големи предизвици – тесни и мрачни тунели низ кои мора да се пробијат само за да дојдат до момчињата заробени внатре. Враќањето назад е уште потешко бидејќи со нив носат неискусни нуркачи на возраст од 11 до 16 години.

Ова видео најдобро покажува колку е опасно и комплицирано минувањето низ тесните пештерски предели.

Дванаесет деца на возраст од 11 до 16 години, членови на јуниорски фудбалски тим, заедно со нивниот тренер, беа заглавени во пештерата од 23 јуни. Врз основа на денешните објави може да се заклучи дека во моментот заробени остануваат уште четири деца заедно со 25-годишниот тренер. Децата спасени денеска се пренесени во болницата во Чијанг Рај, каде што се наоѓаат и нивните пријатели и соиграчи од фудбалскиот тим, кои беа извлечени во текот на вчерашниот ден.

12.25 ч – Тајландската државна телевизија објави видео од хеликоптер и од амбулантно возило за кои се верува дека го транспортирале петтото спасено дете.

12.10 чИзвлечено уште едно дете од пештерата на Тајланд, тврдат очевидци

Си-ен-ен објави дека е извлечено уште едно, петто дете, од пештерата на Тајланд. Телевизијата објави дека член на спасувачкиот тим рекол дека едно момче било видено на носилка пред влезот на пештерата во 16.27 часот по локално време. Оваа информација не е потврдена.

10.50 ч – Уште едно момче ќе биде извлечено за четири часа

Нуркачите влегоа во пештерата, а се очекува следното момче да го извлечат за четири часа. Запрашан за тоа кои момчиња ќе бидат извлечени најпрвин, предводникот на акцијата соопштил дека првин се извлекуваат тие што се најподготвени за тоа.

10.10 ч – „Условите за спасување се исти како вчера… Спасувачкиот тим е ист како вчера со некои измени“, рече водачот на спасувачите, Наронгсак Осатанакорн. Тој додаде дека нивото на водата во пештерата не е загрижувачко и дека вчерашните врнежи од дожд не влијаеле на нивото на водата внатре во пештерата.

9.30 ч – (Видео) Милијардерот Маск на Тајланд испрати мини подморница за спасување

Претприемачот од технолошката индустрија и милијардер, Илон Маск, тестира детска подморница за која тврди дека може да послужи за спасување на момчињата заробени во поплавената пештера на Тајланд.

 

9 ч – Осум момчиња и нивниот тренер по фудбал сè уште се заглавени во пештерата на Тајланд. Во спасувачката мисија, која траеше осум часа, вчера беа спасени четири деца. Репортерот на „Гардијан“ јавува дека денеска има многу малку официјални информации и засега не се знае кога ќе продолжи операцијата.

Сомбун Сомпингаи (38), татко на едно од спасените деца, изјавил за „Ројтерс“ дека спасувачите вчера им рекле дека најсилните деца ќе бидат први извлечени. „Не ни беше кажано кое дете прво ќе биде извлечено… Не можеме да ги посетиме децата во болница затоа што треба да бидат под мониторинг 48 часа“, рекол тој.

Што се случуваше завчера?

19.20 ч – Сe израдував кога го слушнав неговото име, вели мајката на едно од момчињата од пештерата

Мајката на Монгкол Бунпијам, едно од четирите момчиња што беа ослободени од пештерата на Тајланд, вели дека е пресреќна што нејзиниот 14-годишен син најпосле ја здогледал светлината на денот. Таа, како и поголем дел од родителите, ја минала ноќта пред пештерата чекајќи ја радосната вест, пишува „Гардијан“.

„Само го слушнав неговото име, Монгкол, и многу се израдував. Не знам што да му кажам. Чекајте првин да го видам“, раскажува мајката на момчето.

17.02 ч – Почна да врне силен дожд

Репортерот на „Гардијан“ од Тајланд, Џејкоб Голдберг, рече дека неколку минути по прес-конференцијата на спасувачкиот тим, почнало да врне силен дожд.

15.55 ч – Спасувачката акција ќе продолжи утре

На прес-конференцијата, гувернерот на провинцијата Чијанг Рај, Наронгсак Осатанакорн, истакна дека спасувачката акција ќе продолжи утре. Тој истакна дека здравјето на децата е добро и денешната акција ја оцени како успешна. Потврди дека досега се извлечени четири момчиња. Според неговите зборови, акцијата ќе продолжи за 10 до 12 часа.

RKS@kchelvi575

I know this rescue ops is going to be intense as hell but I dint expect it to be this scary ?. These guys deserve Medal of Honour ?

15.45 ч – Момчињата се хоспитализирани

Четирите момчиња што беа извлечени набргу беа однесени во болница и се наоѓаат на прегледи. Како што пренесуваат локалните медиуми, здравствената состојба на едно од момчињата внимателно се набљудува.

15.39 ч – Се огласи и Трамп

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на „Твитер“ напиша дека САД одблиску соработуваат со тајландската влада во акцијата за спасување на момчињата од пештерата.

Donald J. Trump

@realDonaldTrump

The U.S. is working very closely with the Government of Thailand to help get all of the children out of the cave and to safety. Very brave and talented people!

15.16 ч – Тајландските „фоки“: Спасени се четири момчиња

Елитната тајландска единица „Фоки“ објави на „Фејсбук“ дека четири момчиња се извлечени од пештерата во која беа заробени 15 дена. Тие се пренесени во болница во Чијанг Раи.

15.03 ч – Семејство се моли за спасување на своето дете

Семејството на 14-годишниот Нутавута Такумсонха се моли за негово спасување и безбедно враќање. Тие најавуваат дека кога ќе се врати, ќе го прослават тоа како негов втор роденден. Неговата баба Ванкаев Пакхума вели дека ѝ олеснило оти децата се пронајдени, но и понатаму е многу загрижена за нивната судбина.

View image on TwitterView image on Twitter

Parthiban@itsparthiban

The family of 14-year-old Nuttawut Takumsonh r praying 4 their boy’s safe return, & say they first thing they’ll do when he’s out is throw a birthday party 4 him. His grandmother has been praying at a shrine in their home, waiting for him to come back safely.

14.55 ч „Ројтерс“: Шест деца се извлечени од пештерата

„Ројтерс“, повикувајќи се на неиуменуван член на медицинскиот тим, пренесе дека од пештерата излегле шест момчиња. Информацијата подоцна беше демантирана.

14.20 ч – Прв од пештерата е извлечен Адул

Детето што прво беше извлечено од пештерата се вика Адул, пресуваат тајландските медиуми.

View image on TwitterView image on TwitterView image on TwitterView image on Twitter

Helier Cheung@HelierCheung

Ambulance just left with sirens

14.06 ч – Две момчиња спасени од пештерата на Тајланд

Спасувачите извлекоа две момчиња од пештерата на Тајланд, јавија локалните медиуми. Ваквата информација ја потврдиле локалните власти за „Ројтерс“.

„Две деца се надвор. Тие се на пат кон болница“, рекол Тосатеп Бунтонг, шеф на институтот за здравје во Чијанг Раи и дел од спасувачкиот тим. Агенцијата „Франс прес“, пак, јави дека набргу се очекува да излезат уште четири момчиња. Тие моментно се наоѓаат во базата на нуркачите внатре во пештерата и се очекува пеш да го продолжат патот до излезот.

12.52 ч – Опасен пат до површината

Талјандската новинска агенција објави нов графички приказ на акцијата за спасување на кој јасно се гледа како децата ќе бидат извлечени на површината. Патот е тежок и опасен.

12.25 ч – Сè зависи од времето

Рафаел Ароуш, израелски нуркач што живее на Тајланд и кој е вклучен во акцијата за спасување, вели дека времето е јак фактор и дека е навистина страшно. Според неговите зборови, во пештерата има многу јаки водни струи, водата се влева од сите можни страни, а временските услови може да ја уништат целата акција.

– Брзината е многу, многу важна – вели тој.

12.02 ч – Првата група деца тргна кон излезот

Првата група момчиња тргна кон излезот, пишува „Гардијан“. Хеликоптерите, кои би требало да ги однесат до најблиската болница во регионот, оддалечена речиси 100 километри, стигнаа на самото место.

11.35 ч – Тренерот напиша порака со извинување

Тренерот што ги одведе децата во пештерата на родителите им испрати пишана порака со извинување.

– Драги родители, сите деца се добри, спасувачкиот тим внимава на нас. Ветувам дека ќе се грижам за сите деца. Им благодарам на сите што помагаат – напиша тој.

10.58 ч – Детали за спасувачката акција – децата ќе бидат влечени со јаже

Тајландската влада го објави планот за спасување на заробените деца во пештерата. Според него, двајца нуркачи ќе придружуваат по едно момче, а низ пештерата ќе ги влечат со јаже.

Кога ќе наидат на тесен премин, нуркачите ќе ги отстрануваат боците со кислород од грбот и ќе ги тркалаат низ премините.

10.30 ч – Почна акцијата за спасување на заробените деца во пештерата

Акцијата за спасување на 12-те деца и нивниот фудбалски тренер од пештерата на Тајланд почна околу 10 часот по локално време.

Спасувачите влегле во пештерата, а претходно на новинарските екипи и на другите присутни им било кажано да ја напуштат околината. Во близина на пештерата останале само спасувачите, лекарите и обезбедувањето. Пристигнати се неколку амбулантни возила и хеликоптери за децата бргу да бидат пренесени во болница.

Свет

Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки

Објавено пред

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.

dobivaj vesti na viber

Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.

„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.

Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.

Прикажи повеќе...

Европа

Лавров: Москва се уште инсистира на вистинска руска Украина

Објавено пред

По повеќе од две години интензивна војна во Украина, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска го потврди тврдењето на Москва дека полага право да владее над соседната земја.

dobivaj vesti na viber

„Во најдобар случај, иднината на западна Украина е непозната“, рече Лавров во интервјуто во Москва за неколку руски телевизиски станици.

„Во спротивно ќе има само Украина која е навистина руска, која сака да биде дел од рускиот свет, која сака да зборува руски и да ги образува своите деца“, рече тој.

Не станува збор за каква било алтернатива, смета Лавров, кој е министер за надворешни работи од 2004 година и е лојален поддржувач и доверлив човек на претседателот Владимир Путин.

Русија не сака да ги напаѓа земјите на НАТО, како што се тврди на Запад за да ги исплаши гласачите, рече Лавров. „Но, ако сакаат да го донесат НАТО до нашите граници, тогаш секако дека ќе знаеме како да го спречиме тоа во Украина“, рече тој.

Како и другите високи членови на руското раководство, Лавров рече дека Русија е подготвена за преговори со Украина, но само под посебни услови.

Нема да има прекин на огнот за време на можните преговори, разговорите со украинскиот претседател Володимир Зеленски се бесмислени, а Киев мора да се откаже од својата формула за мир, рече тој.

Во есента 2022 година, Зеленски презентираше десет точки за мир, меѓу кои се издвојуваат повлекувањето на руската армија, реконструкцијата и компензацијата и гонењето на воените злосторници.

Прикажи повеќе...

Европа

Генералниот секретар на НАТО и вети на Украина дополнителни системи за воздушна одбрана

Објавено пред

Сојузниците на НАТО се согласија да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана во Киев, изјави шефот на НАТО Јенс Столтенберг по специјалната средба на министрите за одбрана на сојузниците со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

dobivaj vesti na viber

„Покрај „Патриот“, има и други оружја што сојузниците можат да ги обезбедат, вклучувајќи го и SAMP/T (францускиот систем), а многу други кои немаат достапни системи ветија дека ќе обезбедат финансиска поддршка за нивните набавки за Украина“, изјави Столтенберг за новинарите во Брисел.

Зеленски го побара состанокот бидејќи неговата земја се соочува со недостиг на муниција и задржување на клучните американски финансирања, што со месеци е блокирано од републиканците во Конгресот, додека ЕУ не успева да испорача муниција навреме.

Тој во петокот им рече на членките на НАТО дека на Украина и се потребни најмалку седум системи за воздушна одбрана „Патриот“ или други напредни системи за воздушна одбрана за да се спротивстави на руските воздушни напади, повикувајќи ги да ја засилат воената помош за Киев.

Во емотивниот говор преку видео врска, украинскиот лидер го опиша сегашното ниво на странска помош како „многу ограничено“ и рече дека Израел не бил оставен на себе за време на масовниот ирански воздушен напад во саботата.

„(Рускиот претседател Владимир) Путин мора да биде симнат на земјата, а нашето небо мора повторно да стане безбедно… И тоа целосно зависи од вашиот избор… (од) изборот дали сме навистина сојузници“, рече Зеленски во неговиот говор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија5 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија5 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија6 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија9 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија10 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет11 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет11 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија12 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија12 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет12 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет12 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет12 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија22 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија22 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија22 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија1 ден

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија1 ден

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија1 ден

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...