Свет
Олимпискиот пламен далеку од очите на јавноста, не се знае кога повторно ќе се појави
Олимпискиот пламен за игрите во Токио денеска беше повлечен од јавноста во Јапонија, поради пандемијата со коронавирус.
Пламенот пристигна во Јапонија на 26 март од Грција, а откако Олимписките игри во Токио беа одложени за следната година поради пандемијата, организаторите го изложија во Фукушима, каде требаше да биде до крајот на месецов.
Но, по воведувањето на вонредна состојба во Јапонија, пламенот беше повлечен од јавноста и не е познато дали повторно ќе бидe изложен и во какви околности.
„Пламенот ќе се чува на непозната локација за да се спречи луѓето да се собираат“, се вели во изјавата на организаторот на Олимписките игри.
Пламенот накратко требаше да биде и во Токио, а потоа се очекува да биде преземен од Меѓународниот олимписки комитет (МОК), како симбол на борбата против пандемијата.
„Идејата е пламенот да се задржи да гори и да му го покажеме на светот. Тоа ќе биде голема инспирација и светлина во овие тешки моменти“, рече поранешниот директор за маркетинг на МОК, Мајкл Пејн.
Пламенот се очекува да се врати во Јапонија следната година со олимписка штафета.
Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23 јули до 8 август 2021 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.