Свет
Омбудсманот на Викторија: Карантинот во земјата беше незаконски и ги прекрши човековите права
Строгиот режим на ограничено движење наметнат во австралиската држава Викторија во текот на летото, во услови на епидемија на коронавирус, беше избрзан и ги лиши граѓаните од нивните права, заклучи Омбудсманот на државата во новиот извештај, пренењува РТ.
Соопштението издадено од Народниот правобранител на Викторија, Дебора Глас, покажа дека строгиот карантин спроведен во девет станбени блокови во јули ги прекршил граѓанските слободи и можеби бил незаконски. Со него жителите беа затворени во своите домови речиси една недела, оставајќи ги некои без храна и лекови.
„Брзата блокада не беше компатибилна со човековите права на жителите, вклучително и со нивното право на хуман третман кога се лишени од слобода“, напиша Глас, додавајќи дека дејството се чини спротивно на законот.
Истрагата идентификуваше неколку случаи кога исполнувањето на итните барања за лекови било одложено или занемарено од страна на властите кои ја спроведуваат блокадата. Жителите во некои случаи биле принудени да се потпрат на волонтери од семејството или заедницата за да соберат и достават неопходни намирници.
Глас, исто така, ги критикуваше мерките како резултат на лоши совети, имајќи предвид дека на вршителот на должноста здравствен шеф на државата му било дозволено само 15 минути да ги разгледа ограничувањата и нивните импликации врз човековите права. Таа истакна дека многу проблеми поврзани со режимот се припишуваа на избрзаноста на интервенцијата.
Понатаму, Глас рече дека државата ја спроведувала политиката користејќи голем број униформирани полицајци во Викторија, што е опишано како непотребно и нечувствително од страна на оние што живеат во станбените блокови.
„Овој аспект на карантинот не се покажа како предмет на забележителна меѓуагенциска дискусија или дебата“, продолжи таа, велејќи дека властите не размислиле за тоа како значителното распоредување на полицијата ќе биде перцепирано од жителите.
Одговарајќи на извештајот на Глас, владата на Викторија призна дека направила грешки, но и покрај тоа жестоко го бранеше карантинот, при што министерот за домување на Викторија, Ричард Вин, им рече на новинарите: „Не се извинуваме за спасување на животи на луѓе, нема извинување за спасување на животи“.
Во извештајот на народниот правобранител беа наведени голем број препораки до владата, повикувајќи ги официјалните лица да се извинат за штетата или вознемиреноста предизвикана од карантинот и да воведат поголеми заштитни мерки околу употребата на овластувањата за итен притвор. Сепак, не е јасно какви правни лекови може да имаат жителите во станбените кули. Иако Викторија имаше повеќе од 28.000 заразени со коронавирус, заклучно со четвртокот државата помина 48 дена без да има ниту еден нов случај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Индија почнаа изборите, кои ќе траат шест недели, а ќе гласаат речиси 970 милиони
Денеска, почнаа најобемните избори во светот, а речиси 970 милиони регистрирани гласачи во Индија учествуваат во овој огромен процес, кој ќе се одвива во седум фази и ќе трае дури шест недели.
Премиерот Нарендра Моди се надева дека ќе освои трет последователен мандат во земјата со 1,4 милијарда жители. Гласачите, всушност, не го избираат директно премиерот, туку 543-те пратеници на Лок Сабха, долниот дом на парламентот на најнаселената земја во светот, објави „Дојче веле“.
На натпреварот учествуваат шест национални партии, 57 партии од индиските сојузни држави и 2.597 помали партии. Сепак, главната трка ќе биде меѓу двете најголеми политички партии во Индија: владејачката Индиска народна партија (БЈП) и опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) или скратено Конгресната партија.
За да се спротивстави на владејачката БЈП и премиерот Моди, Конгресната партија формира сојуз од 28 партии, наречен Индиски национален развој – инклузивен сојуз.
Според анкетите, премиерот Моди и неговата хинду-националистичка БЈП се очекува да победат на изборите оваа година.
Моди е популарен лидер, делумно благодарение на агендата насочена кон хинду-мнозинството во Индија, кое сочинува 80 отсто од населението.
Свет
Русија повика на воздржаност помеѓу Израел и Иран
Русија повика на воздржаност по информациите за напад на Израел врз Иран.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска за новинарите дека Русија ги проучува деталите за нападот и дека ќе го коментира кога ќе се разјасни неговата природа.
„Во секој случај, без разлика на сѐ, продолжуваме да се залагаме за воздржаност од двете страни за да нема дејства што би предизвикале натамошна ескалација на тензиите во регионот“, рече Песков.
Русија и Иран имаат блиско партнерство. За време на инвазијата на Украина, Москва користи беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство.
Свет
(Видео) Туристи малтретирале мечиња за селфи, па ги фатила полиција во Северна Каролина
Во станбен комплекс во округот Бункомб, Северна Каролина, шест лица се снимени како влечат мали мечиња од гранките на дрвото за кои се држеле, а сè со цел да позираат за фотографија. Шестемина ги тегнеле двете мечиња, а едното дури им испаднало од рацете во текот на снимањето.
Кога снимките од инцидентот стигнале до експертите што се занимаваат со заштита на дивите животни, тие веднаш излегле на терен и повикале полиција. Меѓу нив бил и биологот Ешли Хобс, која за „Еј-би-си 13 њуз“ рекла дека кога пристигнала до дрвото каде што луѓето се фотографирале, пронашла само едно мече. Целото било влажно и смрзнато, па било дадено на човечка грижа и нега за да закрепне. Поради тоа, сосема е можно никогаш да не може да се вратат во дивината бидејќи мечките што растат со луѓе потоа не сакаат да ги напуштат. Неверојатно, но можно е некој да ѝ го уништил животот на мечката само за да добие убава фотографија за социјалните мрежи.
„Мечето преживеа големо трауматско искуство. На луѓето што го направија тоа им објаснивме колку е неодговорно и потенцијално смртоносно за мечето да се одвои од мајка си, а особено на овој начин да го влечат од дрвото“, рекла Хобс, пренесува „Унилад“.
По објавувањето на видеото, многумина се згрозиле од она што го направиле овие луѓе. За сето тоа морало да разговараат и со полицијата.