Свет
Омикрон стана доминантен во САД, првиот случај откриен пред три недели
Сојот омикрон сега е доминантен во САД и претставува повеќе од 73 % од новите случаи на зараза, соопшти во понеделникот американскиот Центар за контрола и превенција на болестите (ЦДЦ).
Поминаа само дваесет дена откако САД го забележаа првиот случај на омикрон. Но, до 18 декември омикрон сочинуваше 73,2 % од случаите, а делта 26,6 %.
Експертот за заразни болести, Ентони Фаучи, во неделата за Си-ен-ен изјави дека омикрон наскоро ќе го преземе теренот поради неговата многу заразна природа. Светската здравствена организација (СЗО) наведува дека случаите на омикрон се удвојуваат на секои 1,5-3 дена.
Во понеделникот во Соединетите Американски Држави беше потврден првиот смртен случај по зараза со омикрон. Станува збор за маж на возраст од 50 години, кој не бил вакциниран, имал здравствени проблеми и претходно бил болен од Ковид-19.
Научниците сè уште не знаат точно колку е сериозна оваа варијанта во споредба со другите видови. Но, сметаат дека постои реална опасност од оптоварување на здравствениот систем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Повеќе од половина Србија обоена во жолто: Итно предупредување поради можно невреме
Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем, Белград, Западна Србија, Поморавље и Шумадија, со цел да се предупреди за можна појава на грмежи.
Се очекува слаб до умерен дожд во областа Бачка.
Во Бачка во следните два часа на места ќе има врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
Инаку, жолтиот метео аларм се „вклучува“ кога времето може да биде потенцијално опасно, поточно кога се предвидуваат опасни временски појави.
„Тие се со таков интензитет што можат да предизвикаат материјална штета и да бидат опасни за луѓето и животните. Треба да бидете многу внимателни, свесни за ризиците и редовно информирани за деталите за очекуваните метеоролошки услови“ велат од надлежните државни служби.
Свет
Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван
Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од 95 милијарди долари.
За усвојување на законот кој го изгласа Конгресот по неколкумесечно одложување гласаа 79 сенатори, а против 18, што е многу повеќе од потребното мнозинство во Сенатот од 100 членови за законот да биде усвоен.
За да стапи на сила законот, треба да го потпише американскиот претседател Џозеф Бајден.
Пакетот за помош предвидува 61 милијарда долари за Украина, 26 милијарди за Израел и околу 8,12 милијарди за „контра комунистичка Кина“ во Индо-пацификот, додека четвртиот дел од пакетот е наменет за мерки што ќе доведат до потенцијална забрана на апликацијата TikTok во САД, мерките според кои замрзнатите руски средства ќе бидат префрлени во Украина и ќе бидат воведени нови санкции кон Иран, пренесува Ројтерс.
„Ќе го потпишам овој предлог-закон веднаш штом ќе пристигне на моето биро утре и ќе им помогнам на Американците за да започнеме со испраќање оружје и опрема во Украина оваа недела. Потребата е итна: за Украина, која се соочува со немилосрдно бомбардирање од Русија, за Израел, кој штотуку се соочи со невиден напад од Иран, за бегалците и оние кои се погодени од конфликти и природни катастрофи низ светот, вклучително и во Газа, Судан, Хаити. “, рече Бајден.
Свет
Пентагон испраќа милијарда долари воена помош за Украина
Пентагон е подготвен брзо да испрати пакет воена помош од милијарда долари за Украина, изјавија неколку американски претставници, додека горниот дом на американскиот Конгрес ја започнува расправата за долгоочекуваниот нацрт-закон за финансирање на Украина и другите сојузници на САД, којa веќе го помина долниот дом.
Членовите на Конгресот беа длабоко поделени околу средствата, поради што претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, формираше сојуз од двете водечки партии за усвојување на законот.
Пакетот за странска помош од 95 милијарди долари беше усвоен од Претставничкиот дом во саботата, а денеска или утре се очекува одобрување од Сенатот.
Од вкупниот пакет помош околу 61 милијарда долари се наменети за Украина.