Свет
ОН бара помош од меѓународните експерти во истрагата за убиството на Кашоги
Високата комесарка на Обединетите нации (ОН) за човекови права, Мишел Башеле, ги повика меѓународните експерти да се вклучат во независната истрага за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги.
„За истрагата да биде спроведена без мешање на политиката, би било пожелно да учествуваат меѓународни експерти кои би имале целосен пристап до доказите и сведоците“, наведе Башеле.
Таа упати повик и до Саудиска Арабија да открие каде се наоѓа телото на Кашоги порачувајќи дека мора да биде обезбедена правдата за такво шокантно злосторство против новинар и владин критичар.
Новинарот и соработник за „Вашингтон пост“, Џамал Кашоги, беше убиен по влезот во саудискиот конзулат во Истанбул на 2 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.