Свет
ОН тврдат дека многуте нелегални мигранти со бродови не се закана за Британија
Рекордниот број нелегални имигранти шот го преминале Ла Манш – речиси 7.000 или повеќе од тројно од 2019 година, не претставува закана за Велика Британија, па дури може да биде и благодат за даночните обврзници, тврдат Обединетите нации (ОН).
Зборувајќи пред Комитетот за внатрешни работи на британскиот Парламент во средата, претставници од меѓународното тело тврдеа дека Велика Британија треба да отвори нови канали што ќе им дозволат на многу повеќе нискоквалификувани и неквалификувани мигранти од третиот свет легално да влезат во земјата за да ги спречат поединците да плаќаат за трговија со луѓе.
Претставничката на УНХЦР во Велика Британија, Росела Паључи-Лор, им рече на пратениците дека илјадниците луѓе што влегле во Велика Британија во последните месеци не се проблем. Таа тврди дека единствените опасности од ситуацијата се ризиците за животот на мигрантите што патуваат преку каналот во гумени чамци заедно со уште еден друг вид ризик, а тоа е критичкото известување за феноменот во медиумите.
„Луѓето што ќе ги најдете во чамците се речиси истите што во спротивно би ги нашле во некој камион. Нема вистинска разлика – главниот ризик е за нив во однос на опасноста од самиот премин“, вели таа.
Паључи-Лор исто така ја отфрли идејата дека чамците може да се вратат назад во Франција нагласувајќи дека обидите да се направи ова може да ги доведе во опасност животите на мигрантите и затоа не треба да бидат опција за Велика Британија.
Пагључи-Лор и Винсент Кочетел, специјален пратеник на УНХЦР за нелегална имиграција во Европа преку медитеранската рута, изјавија дека Велика Британија е популарна дестинација за мигрантите поради нејзината репутација на шампион во мултикултурализмот и ја повикаа владата да создаде безбедни, легални патишта за миграција.
„Во моментот правилата за повторно обединување на семејството во Велика Британија се прилично ограничувачки. ОН се залага за малку пошироко дефинирање на семејството“, се пожали Паљчи-Лор објаснувајќи дека владата ги ограничува барањата на членовите од потесното семејство, како што се родителите и децата.
Таа тврди дека огромното ширење на миграцискиот синџир нема да претставува огромен товар за Велика Британија и нејзиниот систем на социјална помош и јавните служби.
Како одговор на прашањето дали би било поекономично за Велика Британија да им помага на бегалците во конфликтните области отколку да ги преселува тука, Паључи-Лор посочи дека видела студија која покажува дека мигрантите придонеле повеќе во британската каса отколку што чинат во услугите.
Всушност, промиграциските истражувачи од Универзитетскиот колеџ во Лондон, спонзорирани од ЕУ, откриле дека миграцијата од надвор од Европа ги чинела британските даночни обврзници 118 милијарди фунти помеѓу 1995 и 2011 година.
Студии во цела Европа дошле до слични заклучоци откривајќи дека мигрантите од третиот свет и нивните потомци се значително поверојатно да бидат невработени или со ниско платена работа отколку домородното население.
Повикот на ОН за Велика Британија да ги прошири можностите за миграција доаѓа неколку дена откако невладините организации, заедно со повеќе од 70 инфлуенсери, упатија слични барања до владата за значително зајакнување на имиграцијата од најсиромашните земји во светот преку обединување на семејството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.