Свет
Опасен вирус се шири во Индија, а нема вакцини
Најмалку пет лица загинаа на југот од Индија од вирусот Нипах, додека околу 100 лица се наоѓаат во карантин, соопштија денеска локалните власти во Индија.
„Можеме да ја потврдиме смртта на пет лица од вирусот Нипах, додека 94 кои биле во контакт со починатите се наоѓаат во карантин“, наведоа санитарните власти во Керали, на југот од Индија.
Девет лица се хоспитализирани поради симптоми што потсетуваат на инфекцијата на вирусот. Нипах се пренесува најчесто преку лилјаци и може да биде смртоносен во 70 проценти од случаите. За првпат овој вирус бил идентификуван во 1998 дгоина во Малезија на поздрачјето Нипах.
СЗО соопшти дека претходно вирусот го пренесувале животни, но и луѓе. Симптомите се треска, главоболка и поспаност придружени со дезориентација и ментална конфузија. Засега не постои вакцина против овој вирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.