Свет
Ослободена христијанката од Пакистан која го навреди исламот, се очекуваат нови судири
Пакистанскиот врховен суд ја отфрли жалбата за ослободителната пресуда изречена на христијанката што беше осудена на смртна казна поради богохулење.
Тричлениот суд во Исламабад ја потврди ослободителната пресуда, а поради страв од насилни протести на исламистички собири, зголемена е безбедноста околу институциите, но и во делови на земјата. Засега нема информации за протести.
Врховниот суд во Пакистан ја ослободи христијанската Асија Биби кон крајот на октомври, која беше осудена на смрт поради богохулење во 2010 година, чиј случај предизвика лутина и насилство во земјата, но и во странство. Биби помина осум години во затвор.
Пресудата предизвика гнев кај фундаменталистичките верски кругови, кои од неодамна бараат нејзина егзекуција.
Асија Биби, која е мајка на пет деца и работела на фарма, била осудена на смртна казна по караница со еден муслиман за чаша вода. Таа негативно зборувала за исламот кога други работници ѝ пререкле дека пие од нивната чаша, а не е муслиманка, пишува „Ројтерс“.
Нејзиниот случај имаше меѓународен интерес и им го привлече вниманието на папата Бенедикт Шестанесетти и на папата Франциско.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Макрон и градоначалничката на Париз најавија дека ќе пливаат во Сена: Сакаат да го докажат добриот квалитет на водата за Олимписките игри
Градоначалничката на Париз, Ан Идалго изјави дека ќе плива во Сена со францускиот претседател Емануел Макрон за да докаже дека квалитетот на водата на реката ќе биде на нивото потребно за претстојните Олимписки игри.
Идалго потврди дека ги поканила организаторите на Олимпијадата и високите француски функционери да пливаат во Сена на настан кон крајот на јуни или почетокот на јули оваа година, вклучувајќи го и Макрон, кој претходно ветил дека ќе плива во реката, пренесува АП.
„Ќе нуркаме во Сена и многу волонтери се појавија да нуркаат со мене и многу спортисти ќе бидат таму. Ќе биде безбедно да се плива во Сена“, изјави Идалго.
Претходно, француската невладина организација „Suffrider Foundation“ предупреди дека квалитетот на водата во Сена не е доволно добар за пливање за време на Олимпијадата, врз основа на шестмесечни мерења на квалитетот.
За чистење на оваа река ќе бидат инвестирани 1,4 милијарди евра, а од 1 јуни ќе почнат новите рутински мерења.
Организаторите на ОИ претходно најавија дека е можно да се одложат одредени настани во случај на голема загаденост на Сена, а во најлош случај ќе биде откажан пливачкиот дел од планираните триатлони.
Исто така, беше најавено дека пливањето во делови на Сена ќе биде дозволено за јавноста, за прв пат од 1923 година.
Свет
Јужнокореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази откако му го изгребале автомобилот
Маж од Јужна Кореја е осуден на 14 месеци затвор за убиство на 76 мачки во еден од најлошите случаи на суровост кон животните во Јужна Кореја во последните години.
Човекот, кој има 20 години, беше осуден за кршење на јужнокорејскиот закон за благосостојба на животните минатата недела, соопшти Окружниот суд Чангвон во југоисточна Јужна Кореја. Судот не го објави името на човекот.
Човекот убивал мачки од декември 2022 година до септември 2023 година поради омразата кон животното која ја развил откако други мачки му го изгребале автомобилот, се наведува во образложението на пресудата.
Тој фатил мачки скитници и посвоил други од интернет-страниците пред да ги задави некои до смрт, а други да ги убие со ножици, смета судот.
Со автомобил прегазил една мачка.
Судот процени дека затворската казна е неизбежна затоа што тој постојано правел „неописливо сурови“ злосторства со предумисла.
Нагласено е дека изречената казна сепак го одразува фактот дека мажот немал криминално досие и се кае за сторените кривични дела, додавајќи дека е утврдено дека неутврденото психичко здравје на мажот било мотив за делата.
Човекот ја обжали пресудата.
„Овој случај на суровост, исто така, ја истакнува важноста од измена на Граѓанскиот законик за правно признавање на животните како живи суштества и дополнително зајакнување на нивната правна заштита“, рече Борами Сео, директор на јужнокорејската канцеларија на Humane Society International.
Свет
Убиен рапер, пронајден во хотелска гаража откако бил застрелан: Џастин Бибер јавно се прости од него
Раперот Крис Кинг почина во саботата во Нешвил, Тенеси.
Крис бил ранет околу 2 часот и 30 минути кога бил со пријателите во уличка, соопшти полицијата, пренесува „Пипл“.
Како што се наведува понатаму, тројца мажи им пришле и се обиделе да ги ограбат, а Кинг и уште еден маж биле ранети. Напаѓачите побегнале, а раперот бил пронајден во гаража на хотел.
View this post on Instagram
Веднаш бил пренесен во болница, но таму починал.
32-годишниот рапер беше близок пријател со пејачот Џастин Бибер, кој јавно се прости од него.
“Те сакам брат. Ова боли“, напиша Џастин Бибер, пренесува гореспоменатиот медиум.