Свет
Остин: Премногу е рано истекувањето на гас да се нарече терористички чин
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин најави дека сè уште е рано да се шпекулира кој би можел да биде одговорен за инцидентите на гасоводот Северен тек.
„Што се однесува до нападот — или оштетувањето на гасоводот, мислам дека во овој момент има многу шпекулации. Но, искрено, додека не се спроведе целосна истрага, никој не може со сигурност да каже што се случило“, рече Остин на прес-конференција во четвртокот, пренесува „Ројтерс“.
Американскиот министер за одбрана додаде дека за инцидентот разговарал со својот дански колега во средата, кој му рекол „дека за неколку дена може да испрати соодветна екипа на локацијата, која најдобро ќе може да утврди што се случило“.
„Сè додека не добиеме дополнителни информации или не сме во можност да направиме дополнителна анализа, нема да шпекулираме кој може да биде одговорен“, рече Остин.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека „невидената саботажа“ на гасоводот Северен тек е „чин на меѓународен тероризам“, се вели во соопштението на Кремљ.
Европската Унија истражува големи истекувања во гасоводите Северен тек 1 и 2 под Балтичкото Море и соопшти дека се сомнева дека има саботажа, пренесува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.