Свет
Откриена опширна операција за шпионирање на Асанж во еквадорската амбасада
Главниот уредник на „Викиликс“, Кристин Храфнсон, тврди дека била спроведена голема шпионска операција против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, за време на неговиот престој во Еквадорската амбасада во Лондон, пренесува РТ.
На експлозивната прес-конференција, која сé уште е во тек, Храфнсон изјави дека операцијата за прислушување е дизајнирана да доведе до екстрадиција на Асанж. Храфсон вели дека се набљудуваат секој чекор на Асанж во амбасадата и средбите со неговите посетители.
„Знаеме дека имало барање да се предадат записите за посетители во амбасадата и видеоснимките од безбедносните камери во амбасадата “, рече Храфсон, тврдејќи дека информациите биле предадени на администрацијата на Трамп.
Тој додаде дека условите за престој на Асанж се влошиле откако претседателот Ленин Морено ја презеде функцијата во мај 2017 година и го обвини шефот на државата на Еквадор за нарушување на приватноста.
Храфсон додаде дека протерувањето на Асанж од амбасадата и последователното апсење се неизбежни.
„Единствената причина зошто ова беше спречено е фактот дека дознавме за тоа и ги објавивме тие информации. Тоа беше единствената причина зошто беше запрено протерувањето – веројатно само привремено”, рече тој.
Во понеделникот, „Викиликс“ објави видео на кое новинарката Касандра Фербенкс им се доближува на двајца луѓе во необележан автомобил пред Еквадроската амбасада. Фербенкс тврди дека тие „демначи“ на смени чекаат пред амбасадата за Асанаж да излезе во обид да го фатат.
Од „Викиликс“ тврдат дека им било кажано оти екстрадицијата на Асанж е неизбежна.
„Еквадор повеќе не го штити Џулијан”, изјави поранешниот конзул на Еквадор во Лондон, Фидел Нарваес на прес-конференцијата, додавајќи дека владата на Еквадор прави сé што е можно да го прекине доделениот азил.
Претседателот на Еквадор, Ленин Морено, постојано го обвинува Асанж за прекршување на условите на неговиот азил.
Асанж побара азил во амбасадата на Еквадор во Лондон во 2012 година, по објавувањето на Викиликс на чувствителни информации во врска со операциите на САД во Ирак и во Авганистан. Постојат стравувања дека Асанж ќе биде екстрадиран во САД каде што може да се соочи со смртната казна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.