Свет
Откриена тајна воена база на САД во близина на руската граница
Додека присуството на контингент на НАТО во Естонија, балтичка држава на северозападната граница на Русија, никогаш не било тајна, присуството на американски трупи во наводна тајна база очигледно било добро чувана тајна, пишува „Спутник“.
Тајноста на местото беше уништена од локалниот радиодифузер ЕРР кога еден нејзин новинар ги проучил јавните записи на Министерството за одбрана на САД.
Иако во документите бил прикрен фактот дека Вашингтон има воена база таму, нарекувајќи го неодреден објект за тренинг-операции, не ја скриле земјата во која базата се наоѓаше. А новинарот ненамерно ја уништил тајноста на локацијата бидејќи САД никогаш не потврдиле дека имаат воени објекти во Естонија, каде што официјално се распоредени само трупите на НАТО од Велика Британија во базата „Тапа“.
Според документите на американското министерство, 15,7 милиони американски долари наменети за развој на естонската воена база ќе бидат искористени за изградба на голем број објекти вклучувајќи касарна, магацини за оружје и област за чистење оружје.
По шестмесечна истрага, новинарите од ЕРР успеале да се најдат на територијата на тајната база, во која наводно бил сместен полк на американските специјални сили. Според Кевин Стрингер, полковник на американската армија, базата е основана во 2014 година кога односите меѓу Русија и Западот тргнаа по надолна линија.
Ова не е првпат тајните американски воени бази да бидат изложени по грешка или поради недоволен надзор. Во ноември 2017 година, популарната апликација за следење на фитнесот за паметни телефони, „Страва“, ја објави глобалната мапа со најактивните корисници на апликацијата. На изненадување на многу корисници, некои од жариштата се наоѓаа не во градовите или спортските центри, туку во некоја недојдија.
Бидејќи некои од овие места се совпаднаа со воените бази што им припаѓаат на САД, неколку медиуми објавија дека апликацијата ја користеле војници на своите тренинзи. Така, преостанатите непознати жаришта би можеле да се во тајните американски бази.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак
Проиранската милиција ПМФ (Сили за народна мобилизација) објави дека во текот на ноќта се случила голема експлозија во нивната воена база Калсо на околу 50 километри јужно од Багдад, Ирак, а два безбедносни извори тврдат дека станува збор за воздушен напад, пренесува Ројтерс.
Еден војник на ПМФ е убиен, а шестмина се ранети, соопштија два извори од болницата во блискиот град Хила.
Од експлозијата е причинета материјална штета, а има и повредени“, се вели во соопштението на ПМФ и се додава дека истрагата е во тек.
Два безбедносни извори изјавија дека се уште не знаат кој е одговорен за воздушниот напад. Американски официјален претставник изјави дека немало американска воена активност во Ирак.
Израел вчера изврши напад на иранска територија, неколку дена откако Иран го нападна Израел со беспилотни летала и проектили кои главно беа пресретнати и уништени.
Фракциите во рамките на ПМФ учествуваа во неколкумесечни ракетни и беспилотни напади врз американските сили во Ирак среде кампањата на Израел во Газа, но ги прекинаа нападите од почетокот на февруари.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.