Свет
Отфрлени повиците на Ганц за единство против Нетанјаху
Повеќето израелски партии изјавија дека одбиваат да се обединат или спојат со алијансата Сино-бели (Кахол Лаван), со која претседава алтернативниот премиер и министер за одбрана, Бени Ганц, објавија локалните медиуми.
„Подготвен сум да жртвувам многу за Биби да си оди. Ако се ослободиме од егото, ќе се ослободиме од Биби. Не можеме да дозволиме Нетанјаху да нè разбие на мали партии“, рече Ганц на прес-конференцијата користејќи го прекарот на Бенјамин Нетанјаху.
Сепак, неговите повици не наидоа на одѕив бидејќи другите партии го гледаат Ганц како човек што ја распарчи својата партија со влегувањето во коалиција со Нетанјаху минатата година.
Неколку неодамнешни истражувања покажаа дека Ганц сега може да се надева на 4-5 места во Кнесетот; тој влезе во распуштениот Кнесет со 33 места. Некои набљудувачи изјавија дека Ганц е во опасност да падне под прагот од 3,25 отсто за влез во Кнесетот.
Според „Тајмс оф Израел“, лидерот на Јеш Атид, Јаир Лапид, изјавил: „Ние ќе вложиме максимални напори да формираме сојузи што ќе доведат до разумна, либерална влада, која ќе ја промени земјата“.
Но, извори во партијата изјавија за весникот дека Ганц не ги почитувал обврските и ветувањата што ги дал кога ѝ се приклучил на владата со Нетанјаху.
„Па, како може Лапид да го врати назад и да му верува сега?“, велат оттаму.
Од своја страна, шефот на Јизраел беитеину, Авигдор Либерман, му се обрати на Ганц велејќи:
„Имавте можност да се ослободите од Нетанјаху, но избравте да станете резервен премиер. Она што можете да го направите во корист на државата е да не излезете на следните избори“.
Тој го обвини Ганц за расипување на политичкиот систем во Израел; затоа тој треба да ја плати цената и да го напушти политичкиот живот.
Израел треба да ги одржи своите четврти избори во последните две години бидејќи неговата коалициска влада се распадна минатиот месец откога не можеше да се договори за буџетот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.