Свет
Палестина ќе го гони амбасадорот на САД во Израел за признавање на проектот за населби
Палестинската Самоуправа (ПА) во вторникот вети дека законски ќе го гони американскиот амбасадор во Израел, Дејвид Фридман, откако во Ерусалим го призна проектот за населување, наречен „Градот на Давид“, објави новинската агенција „Вафа“.
Во изјавата на Министерството за надворешни работи и иселеници ПА рече дека целиот источен Ерусалим е палестинска територија окупирана од 1967 година. Во изјавата се повторува: „источен Ерусалим е вечна престолнина на државата Палестина и покрај Фридман и неговата администрација во заминување, која ги прекрши сите законски, дипломатски и етички норми“.
Во изјавата се додава дека фанатичните изјави на Фридман се флагрантно кршење на меѓународното право, меѓународните резолуции и на меѓународните дипломатски традиции.
Министерството истакна дека ќе преземе одговорност да го следи ова прашање со правни експерти и со надлежните власти за да се разговара за можноста Фридман да биде повикан на одговорност пред меѓународните и специјализираните судови.
Во изјавата ПА го осуди признавањето на Фридман за проектот за населување „Градот на Давид“, што се случи два дена пред крајот на неговите должности како американски амбасадор во Израел. Фридман во изјавата рече дека Амбасадата на САД го признава „Градот на Давид“ како доказ за американското јудеохристијанско наследство и принципите на основање.
„Признавањето на Фридман е незаконско, неважечко и ги рефлектира неговите намери и неговата мрачна идеологија што тој се обидува да им ги припише не само на својата земја туку и на американскиот Устав и принципи и да ги примени во корист на израелскиот наратив за Ерусалим“, се вели во изјавата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.