Свет
Памела Андерсон бара помош од Путин за заштита на китовите
Холивудската актерка Памела Андерсон до рускиот претседател, Владимир Путин, испрати писмо во коe бара ослободување на китовите орки и белуги заробени во близина на местото Нахотка во регионот Приморски Крај.
Андерсон, којa исто така е член на Советодавниот одбор на Меѓународниот фонд за благосостојба на животните (IFAW), писмото го објави и на официјалната интернет-страница на фондацијата со свое име, пренесе агенцијата „Тасс“.
Во писмото таа го замолува Путин да нареди ослободување на големите морски цицачи.
„Ви пишувам во врска со 11 орка и 87 белуга китови, кои во моментот се заробени во близина на Нахотка. Сакам да ѝ се заблагодарам на руската влада што презема важни чекори во спречувањето на меѓународна продажба на овие китови. Разбирам дека владата презела иницијатива да ги ослободи овие величествени суштества и да ги врати во нивната природна животна средина, во водите на рускиот далечен исток“, пишува Андерсон.
Таа исто така изразува надеж дека руската влада, во соработка со екологистите и меѓународните експерти, ќе развие професионален план за враќање на орките и белугите во нивното природно живеалиште.
Претходно, беше објавено дека 11 орки биле запленети поради незаконска продажба во Кина и се чувани во посебен центар во Нахотка заедно со речиси 90 белуга китови.
Како што се наведува, во случајот е поведена кривина пријава за нелегален лов, а пред три дена Путин им наредил на надлежните министерства да одлучат за судбината на китовите до 1 март.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.