Свет
Папата Франциск ќе оди во Бахреин за да ги зајакне врските со исламот
Папата Франциск ќе го посети Бахреин, со надеж дека патувањето ќе ги зајакне врските со исламот. Тој е првиот поглавар на Католичката црква кој ја посетил оваа азиска земја.
Посетата на папата Франциск на Бахреин ќе трае од четврток до петок. Некои групи за човекови права се надеваат дека поглаварот на Католичката црква ќе изврши притисок врз сунитскиот лидер на Бахреин, кралот Хамад бин Иса Ал-Калифа, да стави крај на репресијата врз шиитските муслимани во земјата.
Прашањето за човековите права во соседен Катар привлече поголемо внимание во последните месеци пред почетокот на Светското првенство во фудбал.
За време на својот понтификат папата Франциско на листата на приоритети ги стави контактите со муслиманите.
Тој го посети Египет во 2017 година и Ирак минатата година, ветувајќи меѓуверски дијалог со водечките муслимански свештеници.
Во петок, тој планира да се сретне во Бахреин со највисокиот авторитет на сунитскиот ислам, шеикот Ахмед ал Тајеб, големиот имам на престижната џамија Ал-Азхар во Каиро, која е еден од најважните центри за изучување на исламот, пренесува Хина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.