Свет
Патнички авион за малку избегнал да биде соборен во Сирија, слетал во руската воена база
Воздушната одбрана на Сирија, реагирајќи на израелскиот воздушен напад, за малку ќе го погодела патничкиот авион „ербас 320“ со 172 патници, кој итно слетал во руската воена база Хмеимим во Сирија, јави руската новинска агенција РИА повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.
Сириската воздушна одбрана се обидела да го одбие нападот на Израел во близина на Дамаск, објави „Ројтерс“.
Портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, изјави дека четири израелски борбени авиони испукале осум ракети во предградијата на Дамаск, но не влегле во воздушниот простор на Сирија.
Авионот летал од Техеран кон Дамаск и се подготвувал за слетување. Израелските авиони лансирале осум ракети „воздух-земја“, пренесува ТАСС.
„Тој за малку ја избегна смртоносната зона на артилериски оган. Само благодарение на брзото дејство на контролорот на аеродромот во Дамаск и ефикасното работење на автоматизираниот систем за контрола на летот, “ербас-320“ беше испратен од опасната зона и му се помогна успешно да слета на аеродромот во руската база Хмеимим“, рече Конашенков.
Според него, израелските воени воздушни операции со употреба на патнички авиони за прикривање или блокирање на одговорот на сирискиот ракетен систем стануваат типична одлика на израелските воздушни сили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Апсења во Пакистан по снимка во која брат ја убива сестрата, таткото гледал сè
Пакистанската полиција уапси татко и брат откога видеото од провинцијата Пенџаб, на кое брат ја дави својата сестра додека таткото гледа, стана вирална, соопштија официјални лица.
Настанот предизвика шок и бес во нацијата, која се бори со бранот насилство врз жените. 22-годишна девојка била убиена од својот брат додека таткото гледал, а непознато трето лице го снимило злосторството, изјави за ДПА претставникот на локалната полиција, Рана Акмал.
Инцидентот се случил во градот Тоба Тек Синг минатата недела. Семејството ја закопало жената тврдејќи дека умрела од колера.
И таткото и братот ѝ кажале на полицијата дека со години ја силувале жената и ја убиле за да го скријат своето злосторство, изјави полицискиот службеник Мохамед Имран.
Се спроведуваат рации за апсење на лицето, кое наводно го снимило злосторството.
Регион
Родителите на двегодишната Данка во полиција во Бор: мајката одбила полиграф
Родителите на исчезнатата двегодишна Данка Илиќ се донесени во полициската станица во Бор, објави „Телеграф.рс“.
Тие не се осомничени, но со нив се врши информативен разговор.
Ивана и Милош вчера дадоа исказ во присуство на Центарот за социјална работа.
Како што објави српски „Телеграф“, мајката го одбила полиграфскиот тест бидејќи е бремена.
„Девојчето Данка Илиќ сè уште не е пронајдено. Апелираме до сите луѓе да не објавуваат информации што не се проверени. Со тоа се нарушува и се загрозува истрагата, во која е инволвиран и Одделот за криминалистичка полиција“, изјавиле за „Телеграф.рс“ од српската полиција.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.