Свет
Пашинјан: Земјите од регионот посериозно да се справат со терористите во Нагорно-Карабах
Премиерот на Ерменија, Никол Пашинјан, смета дека земјите од регионот мора да заземат посериозен став кон терористички платеници во Нагорно-Карабах. Тој ја обвини Турција за трансфер на терористички платеници од Сирија во Нагорно-Карабах за да се борат за Азербејџан, пренесува ТАСС.
„Ова е меѓународно докажано“, изјави Пашинјан во интервју за „Иран дејли“.
Според него, ова претставува голема закана за регионот.
„За жал, земјите од регионот сè уште не реагираат доволно сериозно на оваа реалност. Несомнено е дека присуството на странски терористи ќе претставува закана за регионот во иднина. Земјите во регионот мора посериозно да се справат со ова прашање”, тврди Пашинјан.
Ерменските власти постојано повторуваат дека Турција е директно вклучена во конфликтот во Нагорно-Карабах. Ерменското раководство верува дека Анкара не само што го испраќа својот воен персонал да му помогне на Азербејџан, туку пренесува во зоната на конфликтот и платеници од терористичките групи што ги контролира во Сирија.
Тензиите околу Нагорно-Карабах се зголемија на 27 септември. Судирите меѓу ерменските и азербејџанските воени единици продолжуваат иако веќе беа склучени два договори за примирје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Свет
Столтенберг свика кризен состанок на Советот НАТО
На барање на Украина, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за овој петок закажа состанок на Советот НАТО-Украина.
Главна тема на вонредниот состанок ќе биде потребата на Украина од повеќе системи за противвоздушна одбрана и артилериски гранати, изјави Столтенберг во Брисел.
На состанокот треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, како и министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО. Дали средбата ќе биде организирана преку видео конференција или со физичко присуство, првично не се знае.