Свет
Пашињан: Непријателот изгуби многу луѓе, но исто и ние
Продолжуваат судирите помеѓу Ерменија и Азербејџан околу спорниот регион Нагорно-Карабах. Ноќта во зоната на судирите помина во релативно стабилна напнатост.
Завојуваните страни и натаму се обвинуваат за избивање на судирите, а примирјето е сè уште само на хартија, наспроти сите апели на светските сили да се стави крај на војната.
Непризнатата Република Нагорно-Карабах изгуби многу војници за време на борбите во регионот, изјави денеска ерменскиот премиер Никол Пашињан во обраќање до нацијата.
„За време на првата недела од воената акција, непријателот не успеа да постигне стратешки успех, дури и наспроти тоа што немаа проблеми со снабдување со оружје и луѓе, додека Арчак (Нагорно-Карабах) и Ерменија ефикасно делуваа за време на блокадите“, рекол тој, пренесе ТАСС.
Тој нагласил дека за време на овој период непријателот изгубил огромен број воени возила и луѓе, но некои од нив биле и платеници, терористи.
„За жал, и нашите загуби се огромни“, истакнал Пашињан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.