Свет
Пекинг масовно го тестира населението на Ковид-19
Сè поголеми редици за тестирање на коронавирус во Пекинг откога властите ги зголемија плановите за масовно тестирање на жителите на кинеската престолнина во уште десет градски области, кои сега ќе опфатат околу 20 милиони луѓе.
Многу жители на Пекинг побрзаа во супермаркетите за да складираат храна и други резерви пред можни локални блокади во споредба со Шангај, каде што беа пријавени повеќе од 1.000 случаи во март, пред да бидат воведени строги карантински ограничувања за 26 милиони луѓе, пренесе „Ројтерс“.
Властите денеска одлучија да затворат некои спортски сали, театри и туристички локации еден ден по почнувањето на тестирањето во најголемиот кварт во Пекинг, Чаојанг, дом на 3,5 милиони луѓе, и ќе се спроведе во три фази.
Жителите и оние што работат во Чаојанг беа тестирани во понеделникот, потоа повторно во средата и во петокот, а Пекинг најави дека до сабота ќе спроведе тестови во 10 други области и една развиена економска зона, пренесува „Ројтерс“.
Кинеската престолнина во понеделникот пријави 33 нови случаи на локално пренесување на Ковид-19, соопштија денеска градските здравствени власти, од кои 32 биле симптоматски и еден асимптоматски, што е нешто повеќе од 19 инфекции пријавени претходниот ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Шолц: Војната во Украина може да трае уште неколку години
Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека верува оти војната во Украина може да се пролонгира уште неколку години.
„Никој не може да каже дали оваа војна ќе трае можеби пет години“, рече Шолц вечерва во источниот германски град Кемниц.
Тој ја бранеше германската воена помош за Украина и додаде дека заедно со неа мора да се негува и дипломатијата.
„Меѓутоа, од почетокот на војната, рускиот претседател Владимир Путин не покажа знаци на движење напред“, рече тој.
„Диктиран мир е неприфатлив. Не смее да се дозволи да се извлече со ова“, додаде германскиот канцелар.
Свет
Шефот на НАТО: Никој нема корист од војната на Блискиот Исток
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази загриженост за ситуацијата на Блискиот Исток по израелскиот напад врз Иран.
„Клучно е конфликтот да не излезе од контрола и затоа ги повикуваме сите страни на воздржаност“, изјави Столтенберг денеска во Брисел. „Никој нема корист од војната на Блискиот Исток“, рече тој.
Израел го нападна иранскиот Исфахан
Според извештаите на медиумите, Израел ја нападнал иранската провинција Исфахан рано во петокот како одговор на големиот ирански напад со беспилотни летала и ракети минатиот викенд.
Според израелскиот весник Jerusalem Post, нападот бил насочен кон воздушна база во Исфахан, недалеку од иранските нуклеарни постројки. Сепак, според Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), нуклеарните капацитети не биле погодени.
Свет
Шефот на МААЕ: Не ги напаѓајте иранските нуклеарни постројки
Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, ги предупреди земјите да не ги напаѓаат иранските нуклеарни постројки.
Во Исфахан, каде што беше извршен нападот, има неколку нуклеарни постројки во земјата. Гроси за програмата на Би-би-си Радио 4 изјави дека му олеснало кога слушнал дека ниту една нуклеарна постројка не била погодена во нападот.
„Нападот врз иранските нуклеарни постројки би бил страшна работа“, вели Гроси.
Тој смета дека во светот деновиве се појавува прашањето за таргетирање на нуклеарни постројки и дека МААЕ го смета за жално.