Свет
Пелоси предложи 3 илјади милијарди долари помош во борбата против коронавирусот
Претседателката на Претставничкиот дом на Конгресот, Ненси Пелоси, предложи неверојатна бројка од три илјади милијарди долари пакет-помош, што Демократската страна смета дека е потребно за соочување со лошиот вирус и со економскиот колапс.
„Американскиот народ тоа го заслужува“, рекла Пелоси.
Таа признала дека предлогот е почетна точка во преговорите со претседателот, Доналд Трамп, и републиканците, кои одлучно го отфрлиле нацрт-законот за олеснување за кој требало да се гласа утре.
„Ништо од тоа, тоа е мртвороденче“, рекол Трамп за време на настан во Белата куќа.
Претставникот на Федералните резерви, Џером Пауел, предупредил дека без интервенција, САД ризикуваат долготрајна рецесија. Претставниците на домовите би требало да се вратат утре во Вашингтон на гласање, но во Сенатот велат дека нема да разгледуваат уште еден пакет-помош до јуни.
Трамп инсистира на тоа секоја идна помош во врска со коронавирусот да мора да даде приоритет на здравјето на Американците и на економскиот просперитет на земјата, објави на „Твитер“ портпаролката на Белата куќа, Кејли Макенани. Таа го нарече предлогот на демократите несериозен.
Предлог-законот предвидува речиси една милијарда долари за спасување на отпуштените полицајци, пожарникари и други неопходни работници, обезбедува уште еден круг од 1.200 долари директни парични исплати на Американците, опфаќа надомест за невработени и отвори фонд за хипотеки. Исто така, предвидува и 75 милијарди долари за натамошно тестирање на вирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Емануел Макрон: Постои ризик Европа да умре
Францускиот претседател Емануел Макрон за време на говорот на Универзитетот „Сорбона“ во Париз изјави дека постои ризик Европа да умре.
Макрон истакна дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и ризикува да заостане зад светските ривали во наредната деценија, пренесува „Ројтерс“.
Европа, како што оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали.
Свет
Хамас: Ќе станеме политичка партија ако се формира палестинска држава
Заменик-претседателот на политбирото на Хамас за Газа, Калил ал-Хаја, рече дека палестинската милитантна група е подготвена да се договори за петгодишно примирје со Израел и да се претвори во политичка партија доколку се формира палестинска држава со границите од 1976 година.
Ал Хаја, претставник на Хамас во преговорите за прекин на огнот и враќање на заложниците, рече дека групата ќе прифати „целосно суверена палестинска држава на Западниот брег и Појасот Газа и враќање на палестинските бегалци во согласност со меѓународните резолуции“.
Во интервју за „Асошиетед прес“ тој додаде дека во тој случај военото крило на Хамас ќе биде распуштено.
„Сите искуства на луѓето што се бореле против окупаторите, кога се осамостоија и ги освоија своите права и својата земја, се претворија во политички партии, а нивните борбени сили се претворија во национална армија“, рече тој.
Тој оцени дека долго најавуваната израелска копнена офанзива во градот Рафа нема да го победи Хамас.
Свет
Погодена железница во Украина, оштетен и облакодер: Русите нападнаа со моќниот „Искандер“
Руски проектил оштети критична инфраструктура и повреди шест лица во регионот Черкаси во централна Украина, изјави регионалниот гувернер.
Во нападот беше погодена цивилната и железничката инфраструктура во градот Смила, изјави портпаролот на украинските воздухопловни сили, Илја Јевлаш, во телевизиски пренос. Според првичните информации, во нападот бил употребен проектил „Искандер-К“, додаде Јевлаш.
Оштетени се и 47 приватни станбени згради и искршени се прозорци во станбена висококатница, објави на „Телеграм“ гувернерот на Черкаси, Ихор Табурец. Украинската воздушна одбрана ја собори воздушната цел, рече тој, додавајќи дека службите за итни случаи се на терен.
Руските сили претходно ја оштетија железничката инфраструктура во нападот на реонот на Днепар на 19 април, како што објавија украинските железници „Укрзализница“ на „Телеграм“.