Свет
Пенс нема да се повика на 25. амандман за отстранување на Трамп
Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека нема да попушти под притисокот од Претставничкиот дом управуван од демократите, да се повика на 25. амандман, тврдејќи дека тој не треба да служи како средство за казнување или за узурпација, пренесува РТ.
Бидејќи Претставничкиот дом беше среде гласање за резолуцијата со која се повикуваше да се искористи 25. амандман во вторникот вечерта, Пенс ја отфрли таквата можност, велејќи во писмото до спикерот Ненси Пелоси дека верува оти ваквата постапка не е во согласност со непосредните интереси на земјата.
As the House of Representatives begins voting on whether to endorse the use of the 25th Amendment to remove President Trump from office, @VP Mike Pence releases a letter informing @SpeakerPelosi that it's not going to happen. pic.twitter.com/okJIgc0vMP
— Sahil Kapur (@sahilkapur) January 13, 2021
„Не верувам дека ваквиот тек на дејствување е во најдобар интерес на нашата нација или дека е во согласност со нашиот Устав“, се вели во писмото.
Пенс направи паралела помеѓу напорот на демократите во последен миг да го принудат Трамп да се повлече од функцијата и барањата тој да го блокира заверувањето на изборната победа на Џо Бајден
„Минатата недела не подлегнав на притисокот да наметнам моќ надвор od моето уставно овластување да го утврдам резултатот од изборите и сега нема да попуштам на напорите на Претставничкиот дом да играм политички игри во едно толку сериозно време во животот на нашата нација“, рече тој.
Пенс ја цитираше Пелоси, која изјави дека подготвеноста на претседателот за функција мора да се утврдува според науката и фактите наместо да се заснова на коментари или однесување што не ни се допаѓа бидејќи тој тврди дека амандманот не бил смислен како средство за казнување или за узурпација.
Иако Пенс одби да ги искористи своите овластувања за да го отстрани Трамп, се очекува Претставничкиот дом да одобри написи за импичмент в среда, бидејќи за тоа е потребно само просто мнозинство во комората под контрола на демократите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Регион
Двајцата осомничени за убиството на малата Данка испратени во Специјалната затворска болница
Двајцата осомничени Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ денеска се испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, пишува „Телеграф“.
Во написот медиумот пишува дека осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) деталите за убиството на детето ги изнесе во Вишото јавно обвинителство во Заечар. Сепак, тој не сакаше да открие каде го оставил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не зборувал за делото.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар биле сослушани и родителите на Данка, Ивана и Милош, кои, како што се наведува, опишале како течел денот кога исчезнала ќерка им.
Додека давале исказ, во иста просторија седеле и осомничените за убиството на детето.
Пред рочиштето исказ за „Телеграф“ дал таткото на убиената Данка.
„Смртната казна не им е доволна, треба да бидат во затвор до крајот на животот. Тоа се чудовишта, она што постојано го доживуваме не се опишува. Тоа може да го разбере само родител. Неколкупати ни дојде полиција, ѝ зедоа разни работи на Данка, ништо не знаеме, ниту за крвта на патот ниту во автомоблилот, ништо. Не ни е јасно зошто не се јавиле во итната помош, зошто не помогнале, но го направиле ова што го направиле. Тоа што јас и Ивана постојано страдаме е страшно, разни луѓе ни се јавуваат, нѐ навредуваат, ни ја префрлаат вината. Морав да побарам да го сменам бројот, не можеме повеќе. Кога сѐ ќе заврши, ќе кажеме сѐ“, рече тој.
Свет
Израел ја бобмардира Рафа, најмалку пет лица загинаа, меѓу кои и две деца
Здравствените власти соопштија дека најмалку пет лица загинале во израелските воздушни напади врз јужниот град Рафа во Појасот Газа.
Две деца, идентификувани во болничката евиденција како Шам Наџар (6) и Џамал Набахан (8), се меѓу убиените во нападите извршени во текот на ноќта и денеска, објави АП.
Членовите на семејството за американската агенција изјавиле дека биле убиени додека се обидувале да се преселат во северниот дел на Газа и дека израелската армија ги спречува луѓето да се вратат во своите домови.